Камен на красноречието

Камен на красноречието (ирски: Cloch na Blarnan, англиски: Blarney Stone) — камен вграден во ѕидот на замокот Бларни (грофовија Корк во Ирска). Според легендата, тој е дел од Скунскиот камен, кој на оној што ќе го бакне му го дава дарот на красноречието.
Во 1314 г., предокот на Дермот Макарти, Кормак — градителот на замокот Бларни — испратил неколку стотици свои поданици од Манстер како помош за Роберт Брус во Битката кај Банокберн, каде што се борел против англискиот крал Едвард II.[1] Брус извојувал победа и, како знак на благодарност, наводно му подарил на Кормак половина од Скунскиот камен, на кој во минатото биле крунисувани кралевите на Шкотска.[2] Всушност, до тоа време, Скунскиот камен веќе се наоѓал во Англија, во Вестминстерската опатија.
Според ритуалот, за да се бакне каменот, потребно е на конкретен начин, со помош на помошник, да се се висне од парапетот. На тој начин, бакнежот се претвора во реален ризик по животот и здравјето. Сепак, многу луѓе го изведуваат овој ритуал.
Во 1888 г., Вилијам Хенри Херлберт напишал дека традицијата изгледала релативно нова, стара помалку од еден век, и дека потекнува некаде од крајот на XVIII век. Легендата за каменот била опишана во делото „Класичен речник на вулгарниот јазик“ (англ. A classical dictionary of the vulgar tongue), отпечатено во 1785 г.
Во 2009 г., порталот Tripadvisor го прогласил Каменот на красноречието за најнехигиенска туристичка знаменитост во светот.
Според традициите на Тексашкиот технолошки универзитет, од 1939 г. еден од камењата што се чуваат кај нив се претставува како исчезнатиот фрагмент од Каменот на красноречието; како дошло до тоа — останува непознато.
Ритуал
[уреди | уреди извор]Според сопствениците на замокот, ритуалот на бакнување на Каменот на красноречието го извршиле „милиони луѓе“, вклучувајќи „светски државници, книжевни великани и легенди на филмското платно“. Меѓутоа, до бакнежот не се доаѓа едноставно. За да го допре каменот со усните, посетителот мора да се искачи до самиот врв на замокот, а потоа да се наведне наназад преку работ на парапетот. Ова традиционално се изведува со помош на помошник. Иако парапетот денес е обезбеден со заштитни шипки од ковано железо и сигурносни пречки, ритуалот сѐ уште може да предизвика напади на акрофобија (страв од висина). Пред да бидат поставени заштитните мерки, бакнувањето се изведувало со вистински ризик по животот и телото, бидејќи учесниците биле држени само за глуждовите додека со целото тело виселе од големата висина.
Вилијам Хенри Херлберт во 1888 г. напишал дека легендата за каменот во тоа време изгледала стара помалку од сто години, сугерирајќи дека традицијата започнала кон крајот на XVIII век. Легендата за Каменот на красноречието била опишана во „Класичен речник на вулгарниот јазик“ од Френсис Гроуз, отпечатен во 1785 г.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „MacCarthy, Lords of Muskry“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2011-02-18. Посетено на 2011-01-08. Занемарен непознатиот параметар
|description=(help) - ↑ „The Blarney Stone“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2011-02-18. Посетено на 2011-01-08. Занемарен непознатиот параметар
|description=(help) - ↑ Grose, Francis (1785). A Classical Dictionary of the Vulgar Tongue. Лондон: S. Hooper. стр. 29.