Каменоломен плускавец
| Каменоломен плускавец | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Царство: | Растенија |
| клад: | Скриеносеменици |
| клад: | Евдикоти |
| Ред: | Каранфиловидни |
| Семејство: | Каранфили |
| Род: | Плускавец |
| Вид: | Каменоломен плускавец |
| Научен назив | |
| Silene saxifraga L. | |
Каменоломен плускавец (науч. Silene saxifraga) е вид цветно растение од семејството каранфили, од родот плускавец, Silene.
Опис
[уреди | уреди извор]Многугодишно тревесто растение, силно разгрането од основата. Стебленцата се во голем број, високи 10-12 см, во долниот дел со густи, куси и свртени надолу четинести влакненца, а во горниот дел голи и лепливи. Цветните гранчиња се неразгранети, со еден цвет или поретко со два цвета. Листовите се линејни до линејно ланцетни, долги до 25 мм, на врвот зашилени. Цветовите се на долги дршки. Венечните листови на горната страна се белузлави или зеленикави, на долната страна се црвеникави или жолтеникаво зелени.[1]
Подвидови
[уреди | уреди извор]Прифатени се следниве подвидови:
- S. s. lojaconoi
- S. s. rupicola
- S. s. saxifraga
Во Македонија
[уреди | уреди извор]Во Македонија расте по варовнички карпи и камењари од низините до алпскиот појас. Се посочува за повеќе места во Македонија, [1]
Галерија
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]
„Silene saxifraga“ на Ризницата ?
- 1 2 Мицевски, Кирил (1993). Флора на Република Македонија. Том I, св. 2. Скопје: МАНУ. стр. 327.
|