Каменогорск

Од Википедија — слободната енциклопедија
Каменогорск во 2014 година

Каменогорск (руски: Каменного́рск), до 1948 година Антреја (руски: Антреа) е град во северозападниот дел на Европска Русија. Сместен е во северозападниот дел на Ленинградската област, во областа на Виброшкиот реон .

Според проценките на Националната статистичка служба за 2015 година во градот живееле 6 781 жител.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот Каменогорск се наоѓа на левиот брег на реката Вуокса, на север од Карелискиот теснец и административно припаѓа на Виборгшкиот реон во Ленинградската област. Сместен е на околу 170 километри северозападно од Санкт Петербург, или околу 44 километри североисточно од реонското седиште, градот Виборг . Центарот на градот лежи на надморска височина од 20 m. Територијата на градот се протега во тесен појас долж левиот брег на реката Вуокса, со должина од скоро 10 километри, а единствениот дел од градот што е физички одделен од остатокот од населбата е населбата Гранитни, која се наоѓа на мал полуостров опкружен од три страни со реката Вуокса.

Историја[уреди | уреди извор]

Во пишани извори, денешниот Каменогорск за првпат се споменува во 1597 година како мала населба во лутеранската црковна општина Свети Андреја која била под покровителство на шведската црква. Во врска со тоа, самата населба првично била наречена Свети Андреј ( шведски: Saint-Andre)

По завршувањето на Финската војна (1808–1809) помеѓу Шведска и Русија, Шведска ја загубила Финска, а со тоа и населбата Свети Андреј станува дел од Руската Империја. Од тој момент, населбата започнала да го носи финското име Антреа.

Во 1948 година во согласност со законот за русификација на топонимијата на подрачјето на поранешниот фински Карелиски теснец, градот Антре најпрвин е преименуван во Гранитни, потоа во Првомајск и на крајот во Каменогорск.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според податоците од пописот во 2010 година, во градот живееле 6 739 жители, додека според проценките на Националната статистичка служба за 2015 година, градот имал 6 781 жител.

Движење на бројот на жителите
1939 година 1959 година 1970 година 1979 година 1989 година 2002 година 2010 година 2015 година

---[уреди | уреди извор]

3 025 3 745 4 054 5 694 6 084 6 739 6 781

Партнерски градови[уреди | уреди извор]

Градот Каменогорск има потпишано договори за партнерство и соработка со следниве градови:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]