Камелот

Камелот (англиски: Camelot) — легендарен замок и двор поврзан со кралот Артур. Во раниот артуријански материјал, Камелот првпат се појавил во француските романи од XII век, а од циклусот „Ланселот-Грал“ наваму, на крајот бил опишан како фантастичен главен град на Артуровото царство и симбол на артуријанскиот свет.[1][2]
Средновековните текстови го сместуваат некаде во Велика Британија и понекогаш го поврзуваат со вистински градови, иако почесто неговата точна местоположба не е откриена. Повеќето научници го сметаат за целосно измислен, а неговата неодредена географија била совршена за авторите на витешки романи. Како и да е, расправиите за местоположбата на „вистинскиот Камелот“ се појавуваат уште од XV век и продолжуваат и денес во популарните дела и за туристички цели.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Разни автори во различни времиња го сместувале Камелот на различни места. Сер Томас Мелори во романот „Смртта на Артур“ (XV век) го сместил замокот во Винчестер. Џефри Монмут во својата „Историја на кралевите на Британија“ (околу 1136 г.) го поврзувал Камелот со замокот Карлеон во Велс. Градот Кримих исто така упатува на велшка земја; се претпоставува дека неговите урнатини, проголтани од Ирското Море, се наоѓаат на брегот на Кримихската Земја.
Друга можна местоположба може да биде античкиот Камулодун. Во денешно време, на тоа место се наоѓа градот Колчестер.
Според истражувањата на британскиот историчар Кристофер Гидлоу, тој можел да се наоѓа во амфитеатарот на градот Честер во грофовијата Чешир на западот на Англија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Lacy, Norris J.; Ashe, Geoffrey (1991). „Camelot“. Во Lacy, Norris J. (уред.). The New Arthurian Encyclopedia. Garland Reference Library of the Humanities. 931. New York & London: Garland Publishing, Inc. стр. 66–67. ISBN 0-8240-4377-4.
- ↑ Wolfgang, Lenora D., "Chretien's Lancelot: Love and Philology Архивирано на 6 декември 2020 г.", Reading Medieval Studies, 17 (1991), стр. 3-17 (стр. 11-12), ISBN 978-0704904415.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Камелот“ на Ризницата ? |
- Camelot на The Camelot Project