КАМАЗ
Изглед
(Пренасочено од Камаз)
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Вид | Општествено (РТС-2:KMAZ) |
|---|---|
| ISIN | RU0008959580 |
| Дејност | Автомобилска |
| Основано | 1969 |
| Седиште | Набрежние Челни, Татарстан, Русија |
Клучни личности | Сергеј А. Когонин (ген. директор) num_employees = 52.000 |
| Производи | Камиони и автобуси |
| Доход | ▲ US$ 3 милијарди |
| Мреж. место | Kamaz.net |
КАМАЗ (рус. Камский автомобильный завод) е руска фабрика за камиони и автобуси, во Набережније Челни, Татарстан, Русија. КАМАЗ го составиле првиот модел на камион во февруари 1976 и денес КАМАЗ е еден од најголемите изработувачи на камиони во Азија и Европа. Камионите на КАМАЗ победиле на Релито Дакар, рекордни 14 пати. Денеска КАМАЗ е најголемиот произведувач на камиони во Русија, Блискиот Исток и Северна Африка. Фабриката произведува 93600 камиони годишно (260 камиони на ден). Повеќето КАМАЗ камиони имаат V8 мотор. Исто така и руската армија користи специјални варијанти на КАМАЗ.
Историја
[уреди | уреди извор]- Во 1969, Централниот Комитет на Комунистичката Партија на СССР одлучил да се отвори фабрика за произведување на камиони во Набережние Челни.
- Произведувањето започнало на 13 декември 1969, но првиот КАМАЗ бил изработен дури на 16 февруари 1976.
- Во 1987 г. линијата на произведување на VAZ-1111 Ока мини автомобилот
- На 14 април 1993 г. пожар ја уништил фабриката за произведување на мотори на Камаз.