Калтроп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Калтроп

Калтроп е оружје направено од четири (или повеќе) оштри клинови наредени така што еден клин секогаш гледа нагоре (на пример во форма на тетраедар). Ова оружје служи да го успори напредувањето не коњицот, воените слонови и човечките трупи. Калтроп бил посебно ефикасен против меките нозе на камилата.[1] Во денешното време калтроп може да биде ефикасен во борбата против возила кои имаат тркала. ВоЈапонија ова оружје е познато како макибиши (јап.: 撒菱 ).

Метален калтроп се користел во 331 п.н.е. во Битка кај Гавгамела, а го користеле и Римјаните на кои им бил познат како tribulus или Murex ferreus што значело челик со запци.[2]

Калтроп како оружје бил користен со голем успех во Шкотска при битката против Англија во битката кај Бенокберн, во 1314 година.

Наводи[уреди | уреди извор]