Калифорнија (Сао Паоло)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зграда и галерија Калифорнија
Edifício e Galeria Califórnia
Edifício e Galeria Califórnia
Edifício Califórnia 01.JPG
Фасада на Зградата Калифорнија
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 502: Unable to find the specified location map definition. Neither "Модул:Location map/data/Бразил Сао Паоло" nor "Шаблон:Location map Бразил Сао Паоло" exists
Општи податоци
Стилмодерна
АдресаУлица Дом Хозе де Барос 67, Република, Сао Паоло
Темелот удрен1951
Отворена1955
Технички податоци
Катови13
Лифтови4
Проектирање и изградба
АрхитектОскар Нимаер, Карлос Лемос

Зграда и галерија Калифорнија (португалски: Edifício e Galeria Califórnia) — зграда за комбинирана употреба во Сао Паоло.

Проектирана е од архитектот Оскар Нимаер (1907–2012) во соработка со Карлос Лемос (роден 1925). Зградата била градена од 1951 до 1955 година.

Зградата Калифорнија во приземјето е галерија, а во горните катови - станбен објект.[1].

Опис[уреди | уреди извор]

Зградата има десет ката, со уште три ката поставени подземја, вкупно тринаесет спрата. На котата на Руа Дом Хозе де Барос, на долниот дел од галеријата (горниот дел е 8,4 метри во висина) и поради разликите во нивоата меѓу двете улици, зградата сега има осум ката по трасата попреку. Со оваа конфигурација, со внатрешниот двор, севкупната волуминозност на објектот е тринаесет ката низ целата зграда.[2].

Стилски карактеристики[уреди | уреди извор]

Оскар Нимаер е еден од најзначајните архитекти на дваесеттиот век. Ова е едно од делата во кој авторот направил баланс помеѓу своите стилски претензии (особено во ентериерот) и побарувањата на инвеститорот. Во својот уметнички израз Нимаер комбинирал бетон, стакло и челик. Тоа е израз кој ќе биде суштинска визура во модернистичката архитектура со планетрана распространетост. Како еден од главните творци на овој архитектонски израз со смелоста, фантазијата, концизноста, органичноста и синтезата, Нимаер го развива до совршенство меѓународниот архитектонски модернистички стил. Неговиот архитектонски израз не само што ќе изврши големо влијание на генерации светски архитекти, туку и во голема мера ќе придонесе за новата архитектонска визура во светски рамки.[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]