Калистен

Од Википедија — слободната енциклопедија

Калистен од Олинт (околу 360 п.н.е.328 п.н.е.) е старогрчки историчар кој го придружува Александар Македонски во текот на неговиот поход во Азија.

Калистен бил внук на Аристотел и преку него тој е назначен за официјален историчар кој ќе го придружува Александар во неговиот поход во Азија. На почетокот од походот, Калистен зборува пофално, но со подлабокото навлегување во Азија неговиот тон почнува да се менува. Почнува остро да го критикува прифаќањето на ориенталните обичаи од страна на Александар, при што покажува особена одбивност кон сè поизразената желба на Александар оние што се среќаваат со него да ја извршат сервилната церемонија на проскинеза (практика според која, во зависност од општествениот статус на поединецот, тој би легнувал пред него, би клекнувал, би се поклонувал или би го бакнувал). Бидејќи поради ова негово противење македонскиот крал бил навреден, Калистен бил обвинет дека е вмешан во заговорнички активности против Александар и е фрлен во затвор, каде умира поради измачување или болест.

Калистен напишал запис за походот на Александар што го опфаќал периодот до неговото егзекутирање, историја на Грција од Мирот на Анталцидас (387 п.н.е.) до Фоциската војна (357 п.н.е.), историја на Фоциската војна и други дела, но сите тие исчезнале. Сепак, неговиот запис за походот на Александар опстојал доволно долго време за да биде искористен како директен или индиректен извор за други записи за Александар кој останаа зачувани.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]