Калинолисна дива лобода
| Калинолисна дива лобода | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Калинолисна |
| Вид: | Калинолисна дива лобода |
| Научен назив | |
| Калинолисна дива лобода | |
Калинолисна дива лобода (лат: Chenopodium opulifolium), е вид на едногодишна билка од семејството Amaranthaceae (свински плевел). Тие имаат самоодржлива форма на растење. Поврзани се со слатководно живеалиште и имаат едноставни, широки лисја. Поедини растенија од видот можат да пораснат до 67см високи.[1][2][3]
Опис
[уреди | уреди извор]Едногодишно растение високо до 100 цм. Стеблото разгрането и со расперени гранчиња, вертикално, со тапи рабови и со надолжни зелени и бели линии. Долната страна на листовите, а поретко горната страна и цветовите, со брашнест налеп. Листовите последователни. Средните листови обично толку долги колку што се широки, широко троделни до ромбично-јајцевидни, слабо назабени, во основата клиновидни. Горните листови потесни, копјевидни или целокрајни. Лисните дршки долги скоро колку ламината. Цветовите хермафродитни и собрани во групи и образуваат посебни соцветија во пазувите на листовите и на врвот на стеблото, формирајќи една пирамидална ретка метличка. Листовите на перијантот 5, заострени или тапи, до половината сраснати помеѓу себе, со тесен ципест раб, со силно развиена широка грба на грбната страна, налегнуваат на плодот и целосно го покриваат. Прашниците 5. Плодникот со 2 жига. Перикарпот кожест и кафеав. Семките вертикално сплескани, црни, светликави, со заокруглени рабови и отпаѓаат заедно со перијантот.[4]
Распространетост во Македонија
[уреди | уреди извор]Chenopodium opulifolium расте по ѓубришта и места со отпадоци, покрај ѕидишта на куќи и урнатини.
Се посочува за Скопје, Гевгелија и Валандово - с. Марвинци, Штип и Злетово, Струмица - с. Василево и Бања Банско, Валандово - с. Собри, Гевгелија – с. Црничани и с. Стојаково.[4]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Расте диво во Австрија.
- Одблизу.
- Инфлоресценција.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Chenopodium opulifolium Schrader - Encyclopedia of Life“. eol.org. Посетено на 2022-02-04.
- ↑ „Chenopodium opulifolium Schrad. ex W.D.J.Koch & Ziz“. Plants of the World Online. The Trustees of the Royal Botanic Gardens, Kew. n.d. Посетено на April 17, 2025.
- ↑ „Chenopodium opulifolium Schrad. ex W.D.J.Koch & Ziz“. Catalogue of Life. Species 2000. n.d. Архивирано од изворникот на 2024-12-04. Посетено на April 17, 2025.
- 1 2 Мицевски, Кирил (2001). Флора на Република Македонија Том I, св. 3. Скопје: МАНУ. стр. 421–422.
|