Калиманци (археолошки наоѓалишта)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
  • Велогат — населба од доцноантичкото време. Во непосредната близина на маалото Игнатевци, во нивите на М. Митев се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал, а се забележуваат и темели од објекти.
  • Виничка Скала — населба од доцноантичкото време. На 500‡600 м северозападно од наоѓалиштето Остовец се констатирани остатоци од објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал.
  • Горица — некропола од римското време.
  • Манастириште - Студењак — населба од римското време. На 3 км северно од стариот пат Кочани-Делчево, во нивите на семејствата Зоеви и Илкови се наоѓаат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. На почетокот на педесеттите години биле откриени две женски статуи — каријатиди од крупнозрнест мермер кои се чуваат во Заводот и музеј во Штип.
  • Остовец — средновековна црква. Недалеку од Калиманци, на левата страна од стариот пат Кочани-Делчево, на зарамнето плато пошумено со багремови дрвја се наоѓаат остатоци од ѕидови на црква со мали димензии.
  • Русалски Гробишта — некропола и тумул од железното време. На 500 м јужно од училиштето во правецот на Јуручко маало, на терасесто плато се гледаат конструкции од дваесетина гроба распоредени во круг кој формира основа од тумул со пречник од околу 5 м и височина од 0,80 м. Гробовите се градени од камени плочи и се поставени во правците исток-запад и северозапад-југоисток
  • Студењак — населба од доцноантичкото време.
  • Царевец — населба и некропола од римското време. На ниските тераси околу плодното и не многу големо Калиманско Поле, во месностите Кунец, Поревица и Вртен Даб се среќаваат остатоци од градби, а по површината многубројни фрагменти од керамички садови со сива боја. Северозападно од месноста Кунец, на малата височинка Горица е констатирана некропола.
  • Цинцов Рид — населба од римското време. Се наоѓа во Паднато Маало што лежи меѓу наоѓалиштето Манастириште и патот Кочани-Делчево. Во нивите се среќаваат фрагменти од атипична керамика и од тули со римска форма.