Калено стакло

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вандализирана телефонска кабина со калено стакло
Скршено калено стакло

Калено стакло – вид сигурносно стакло обработено со контролирана топлински или хемиски постапки за да се зголеми неговата јачина во споредба со обичното стакло. Калењето ги става надворешните површини во збиеност (компресија), а внатрешните во напнатост (тензија). Ваквите напрегања предизвикуваат стаклото, кога е скршено, да се распаѓа во мали зрнести парчиња наместо да се распаѓа во големи парчиња како стаклена чаша. Веројатноста да предизвикаат повреда е помала кај зрнестите парчиња.

Како резултат на неговата безбедност и јачина, каленото стакло наоѓа најразлични примени како, прозорци за патнички возила, врати за туширање, стаклени врати и маси, полици за фрижидери, заштитници за екраните за мобилните телефони, како компонента за блиндирано стакло, за маски за нуркање и разни видови садови и прибор за готвење.

Особини[уреди | уреди извор]

Каленото стакло е четири пати појако од обичното.[1][2]

Какво било сечење или брусење мора да се направи пред калењето. Сечењето, брусењето и остриот удар по калењето ќе предизвикаат кршење на стаклото.

Образецот на напрегањата како резултат на калење може да се набљудува со гледање преку оптички поларизатор, како што се пар поларизирачки очила за сонце.

Употреба[уреди | уреди извор]

Каленото стакло се користи кога силата, топлинската отпорност и безбедноста се важни аспекти. Патничките возила на пример, ги имаат сите три барања. Бидејќи се чуваат на отворено, тие подлежат на постојано загревање и ладење, како и драматични температурни промени во текот на целата година. Покрај тоа, тие мора да издржат мали влијанија од остатоци од патишта, како што се камчиња, како и од сообраќајни несреќи. Бидејќи големите, остри стаклени парчиња би претставувале дополнителна и неприфатлива опасност за патниците, се користи калено стакло така што ако се скрши, парчињата се тапи и претежно безопасни. За постигнување уште поголема безбедност шофершајбните се изработуваат од повеќеслојно стакло кое не се распаѓа на парчиња кога ќе се скрши, додека страничните прозорци и задниот ветробран се изработуваат од обично стакло.

Други типични примени на каленото стакло се[3]

  • Стаклени огради
  • Целосно стаклени врати
  • Преградни ѕидови
  • Базени
  • Фасади
  • Туш-кабини
  • Различен мебел

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ford, Mark (22 January 2001). „How is tempered glass made?“. Scientific American. Springer Nature America, LLC. Посетено на 12 June 2020.
  2. Block, Valerie, уред. (2002). The use of glass in buildings. West Conshohocken, PA: ASTM International. ISBN 978-0-8031-3458-4. Посетено на 12 June 2020.
  3. Калено стакло