Мингуо-календар

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Календар Мингуо)
Календарот кој ја одбележува првата година од републиката и изборот на Sun Yat-sen за вршител на должноста претседател.

Календар на Република Кина (трад. кин.: 民國紀元; упр. кин.: 民国纪元; пинјин: Mínguó Jìyuán; Вејд-Џајлс: Min2-kuo2 Chi4-yüan2) — метод за одбројување на годините кои се користи во Тајван и останатите острови под контрола на Република Кина. Се користел во копнена Кина од 1912 до создавањето на Народна Република Кина во 1949 г.

Следејќи ја традицијата на употреба на името на владетелот за име на ерата и годината на владеење, официјалните документи на РК го користат системот (трад. кин.: 民國; упр. кин.: 民国; пинјин: Mínguó; Вејд-Џајлс: Min-kuo; букв.: "The Country of the People")за одбројување на годините, календар во кој првата година била 1912, годината кога се создала Република Кина. На пример, 2014 е „103-та година на Републиката“. Месеците и деновите се бројат според Грегоријанскиот календар.

За да се одреди годината во календарот на РК се одзема 1911 од Грегоријанскиот календар. На пример: 2024 - 1911 = 113-та година на Републиката.

Особености на календарот[уреди | уреди извор]

Грегоријанскиот календар бил прифатен од Република Кина на 1 јануари 1912 година за официјалните работи, но општата јавност и понатаму продолжила да го користи традиционалниот кинески календар. Статусот на Грегоријанскиот календар биа нејасен меѓу 1916 и 1921 година кога Кина била контролирана од неколку сопернички воени водачи секој поддржан од странски колонијални држави. Од 1921 па сè до 1928 борвите продолжиле за влијанието во северна Кина, но Kuomintang или националистичката влада ја контролира јужна Кина и го користи Грегоријанскиот календар. Откако Kuomintang ја пресоздава Република Кина на 10 октомври 1928 година, се прифаќа Грегоријанскиот календар како официјален, и започнува да се користи од 1 јануари 1929 г. Во Народна Република Кина почнува да се употребува Грегоријанскиот календар од 1949 година.

Покрај прифаќањето на Грегоријанскиот календар, одбројувањето на годините сè уште било проблем. Кинеската царска традиција била да се користи името на царот како ера и годината на владеењето. Еден приод кон ова прашање било да се користи на историко-митолошкиот Жолт цар од третиот милениум пред нашата ера за да се одбројуваат годините. Во почетокот на XX век, некои од кинеските републиканци барале систем во кој годините се постојано одбројувани, на тој начин броењето би било независно од името на царот.(Обид да се намали влијанието на Qing Dynasty.)

Кога Sun Yat-sen станува преоден претседател на Република Кина, тој испратил телеграми до водачите на провинциите и објавил дека тринаесеттиот ден од единаесеттиот месец на 4609 година од владеењето на Жолтиот цар ќе биде 1 јануари 1912 година и истата ќе биде првата година од постоењето ан Република Кина. Првичнарта причина за Мингуо- календарот била да се следи царската традиција за именување на годините според бројот на години во кои владеел царот, што претставувало препознатлив настан во Кина. Со создавањето на републиката, а со тоа и отсуството на цар, се одлучило да се користи годината на воспоставување на моменталниот режим. На овој начин се решил проблемот на честото менување на календарот, бидејќи ниеден император не владеел подолго од 61 година низ кинеската историја Kangxi Emperor е најдолго владеачкиот цар кој владеел од 1662–1722 (Kangxi 61). (Qianlong Emperor се повлекол од престолот во 1795, т.е. Qianlong 60, но владетелското име на Qianlong is still продолжило да се користи сè до неговата смрт во 1799 т.е. Qianlong 64.)

Традиционално името на ерите се запишувало со два знаци, 民國 (Мингуо, „Република“) и се користи како кратенката 中華民國 (Zhōnghuá Mínguó, „Република Кина“). Првата година, 1912, е наречена 民國元年 (Mínguó Yuánnián) и 2010,„99-та година од Републиката“ е 民國九十九年, 民國99年, или само 99.

Според основниот кинески национален стандард КНС 7648: датите и променливите облици на информации и различните прикази за дати и време, (сличен на ISO 8601), броењето на годините го користи AD системот како и РК ерата. На пример, 3 мај 2004 може да се запише и како 2004-05-03 или РК 93-05-03.

РК ерата е ист налин на броење како и броењето на годините кое се користи во Џуче календар на Северна Кореја, бидрејќи нејзиниот основач, Ким Ил Сунг, е роден во 1912 година. Годините во јапонскиот Таишо период (30 јули 1912 до 25 декември 1926) се во случајна подреденост со РК ерата.

Покрај РК Мингуо-календар, Тајванците продолжиле да го користат месечево-сончевиот кинески календар за одредени функции како што се датите на многу празници, одредувањето на староста на луѓето, и религиозните обреди.

Аргументи за и против[уреди | уреди извор]

Употребата на РК ерата се проширила и надвор од официјалните документи. На пример при означувањето на датата на изминување на рокот на производите за извоз, истите можат да бидат збунувачки бидејќи датата ќе наликува како да истекла 11 години пред навистина да истече рокот.[1] Недоразбирањата се почести кога недостасува записот за (РК или 民國).

Постојат обиди за воведување на легислатива од партиите за независност на Тајван како што е демократската народна партија за укинување на републиканскиот календар и да се воведе Грегоријанскиот календар.[2]

Поврзаност со Грегоријанскиот календар[уреди | уреди извор]

Општо, РК ерата се добива со одземање на бројот 1911 од Грегоријанскиот календар.

РК ера 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10
НЕ 1912 1913 1914 1915 1916 1917 1918 1919 1920 1921
РК ера 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
НЕ 1922 1923 1924 1925 1926 1927 1928 1929 1930 1931
РК ера 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30
НЕ 1932 1933 1934 1935 1936 1937 1938 1939 1940 1941
РК ера 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40
НЕ 1942 1943 1944 1945 1946 1947 1948 1949 1950 1951
РК ера 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50
НЕ 1952 1953 1954 1955 1956 1957 1958 1959 1960 1961
РК ера 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60
НЕ 1962 1963 1964 1965 1966 1967 1968 1969 1970 1971
РК ера 61 62 63 64 65 66 67 68 69 70
НЕ 1972 1973 1974 1975 1976 1977 1978 1979 1980 1981
РК ера 71 72 73 74 75 76 77 78 79 80
НЕ 1982 1983 1984 1985 1986 1987 1988 1989 1990 1991
РК ера 81 82 83 84 85 86 87 88 89 90
НЕ 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999 2000 2001
РК ера 91 92 93 94 95 96 97 98 99 100
НЕ 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011
РК ера 101 102 103 104 105 106 107 108 109 110
НЕ 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021
РК ера 111 112 113 114 115 116 117 118 119 120
НЕ 2022 2023 2024 2025 2026 2027 2028 2029 2030 2031
РК ера 121 122 123 124 125 126 127 128 129 130
НЕ 2032 2033 2034 2035 2036 2037 2038 2039 2040 2041
РК ера 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140
НЕ 2042 2043 2044 2045 2046 2047 2048 2049 2050 2051
РК ера 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150
НЕ 2052 2053 2054 2055 2056 2057 2058 2059 2060 2061
РК ера 151 152 153 154 155 156 157 158 159 160
НЕ 2062 2063 2064 2065 2066 2067 2068 2069 2070 2071
РК ера 161 162 163 164 165 166 167 168 169 170
НЕ 2072 2073 2074 2075 2076 2077 2078 2079 2080 2081

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2014-08-31.
  2. Jimmy Chuang "Taiwan may drop idiosyncratic Republican calendar". Taipei Times. 25 February 2006. page 1. Accessed 20 July 2009.