Калемар (албум)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Калемар“ - албум на македонската група „Баклава“ од 2008 година, издание на „SJF Records“.

Песни[уреди | уреди извор]

Албумот содржи 14 песни (13 и бонус):[1]

  1. Твојте очи Лено
  2. Змеј Горјанин
  3. Глас
  4. Ден
  5. Душа
  6. Пилето
  7. Облаче
  8. Псалм
  9. Чекор
  10. Севда
  11. Јаворе
  12. Ѕвезда спуштена
  13. Извор
  14. Ој девојче (бонус)

Информации за албумот[уреди | уреди извор]

Автори на сите песни се Елена Христова и Дејан Сибиновски, освен: „Твојте очи Лено“, „Јаворе“ и „Ој девочје“ (народни), „Ѕвезда спуштена“ (Владимир Мартиновски), „Псалм“ и „Чекор“ (Христова/Мартиновски), и „Севда“ (Сибиновски/Христова/народна). Албумот е продуциран и аранжиран од „Баклава“, а извршен продуцент бил Оливер Белопета. На снимањето на албумот учествувале и следниве музичари: Дејан Теодосиевски (виолончело), Ерхан Шукри (виолина), Александар Стаматов (тамбура) и гудачкиот квартет „Quartet“. Албумот е снимен и измиксиран во студиото „Кларион“ во Скопје, во јуни 2008 година, а снимател бил Дејан Ангелевски, со исклучок на „Ој девојче“ која била снимена во студиото „Профундус“ во декември 2004 година од страна на снимателот Филип Јаневски. Дизајнот на албумот е дело на „Работилница“, а фотографиите ги направиле Сашо Целески и Маја Аргакијева. Албумот бил снимен со поддршка на Министерството за финансии на Република Македонија.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Baklava, Kalemar, SJF Records 124, 2008.
  2. Baklava, Kalemar, SJF Records 124, 2008.