Калегаро
45°22′22″N 11°44′08″E / 45.3728676° СГШ; 11.735417° ИГД45°22′22″N 11°44′08″E / 45.3728676° СГШ; 11.735417° ИГД
Вид | Приватна |
---|---|
Дејност | Изработка на предмети од сребро |
Основано | 1921 |
Седиште | Теоло , Италија |
Производи | Сребрен прибор, накит, внатрешен дизајн |
Мреж. место | calegaro.it |
Калегаро е италијанска компанија за сребро и накит основана во Падова, Италија во 1921 година.
Историја
[уреди | уреди извор]Лујџи Калегаро отворил лабораторија во 1921 година во Виа дел Санто, во центарот на Падова, и бил еден од први изработувачи на накит и сребро со белег 4PD.[1] Бизнисот брзо се развил и во 1968 година била избрана нова локација за производство во Теоло, областа Коли Еуганеи во околината на Падова. Токму под водство на синот на Лујџи, Франческо Калегаро, компанијата постојано растела пробивајќи го своето име на пазарот. Во моментов, објектот располага со производствен комплекс од 12.000 м2 на вкупна површина од 40.000 м2.[2] Освен неговата широка колекција од сребро и злато, Калегаро е партнер како продавач на луксузни големи брендови кои ги произведуваат нивните ексклузивни дизајни.
Во 2010 година, некои од овие продукции биле прикажани во Британскиот музеј во Лондон.[3]
Проширување
[уреди | уреди извор]Во 2012 година Калегаро го отворил својот втор бутик во Техеран, Иран.
Во 2016 година била претставена првата колекција за внатрешен дизајн со мебел од најфино дрво и сребро.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ B, Giorgio. „ITALIAN SILVERSMITHS - ARGENTIERI ITALIANI: PD MARK“. www.silvercollection.it. Посетено на 2016-05-11.
- ↑ „Villa Emo Calegaro a Bresseo | Thermae Abano Montegrotto“. Thermae Abano Montegrotto (италијански). 2015-09-24. Посетено на 2016-05-11.
- ↑ „Collection online: ladle“. www.britishmuseum.org. The British Museum. Посетено на 10 May 2016.