Калашников (филм од 2020)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Калашников“филм на режисерот Константин Бустов 2020 година. Главните улоги ги играат: Јуриј Борисов, Олга Лерман, Сергеј Бодров.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Филм е посветен на пронаѓачот и конструкторот на оружје, Михаил Калашников. Во текот на Втората светска војна, Михаил сфаќа дека на советската војска ѝ е потребно подобро оружје. Одвоен од девојката која ја сака, во тешките воени услови, тој се снаоѓа на сите можни начини во работата на својот нов проект и полека ја стекнува довербата на своите претпоставени, кои му поставуваат многу строги услови за неговата пушка да влезе во употреба.

  1. РТС, Калашњиков (пристапено на 9.5.2022)