Калата

Координати: 41°59′6″N 22°35′25″E / 41.98500° СГШ; 22.59028° ИГД / 41.98500; 22.59028
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Калата (остров))
Калата
Поглед на Калата
Етимологијаод калај
Географија
Координати41°59′6″N 22°35′25″E / 41.98500° СГШ; 22.59028° ИГД / 41.98500; 22.59028
Соседни водни површиниКалиманско Езеро
Управување
РегионИсточен
ОпштинаМакедонска Каменица
Селски атарДулица
Демографија
Населениененаселен
План на наоѓалиштето Калата. Освен островот, прикажан е потопениот дел од крепоста.

Калатаостров (и повремен полуостров) во средиштето на Калиманското Езеро со површина од 1,59 хектари и место на древен утврден рударски град.[1] Сместен е во атарот на с. Дулица во Општина Македонска Каменица, на почетокот од заливот вовлечен кон градот Македонска Каменица. Ова е единствен остров во источна Македонија, иако повремено во истото езерото се појавува мало островче кај с. Тодоровци, со површина од 0,2 ха.

Историја[уреди | уреди извор]

На островот и неговата околина, меѓу реките Брегалница и Каменичка бил расположен утврден град уште од римско време, од кој денес само една петтина е над водата, и зафаќал површина од 5,3 ха и се води под археолошката целина „Луковица“.[2] Според една претпоставка, Калата е добиено од калајот кој се вадел од ова место, заедно со златната руда, но поверојатно е дека доаѓа од поимот „кале“. Остатоците кои се присутни денес се доцноантички, изградени со обнова на обѕидието на основа на римските градби. На јужното подножје на сегашниот остров е откриена ранохристијанска црква, а на само еден километар од неа и базилика — обете од V век.[3]

На просторот се среќаваат разни керамички садови, питоси и доста градежен материјал. На околу 500 м северно од островот се откриени и повеќе гробови.[4]

Физички особености[уреди | уреди извор]

Калата е долга 300 м во правец североисток-југозапад, со најголема ширина од 75 м и најголема висина од 15-25 м, зависно од нивото на водата. Бреговата линија е долга 550 м.[1]

Островот е оддалечен 100-150 м од копното. Лете водата се намалува и островот станува полуостров, поврзан со копното на североисток.

Растителен и животински свет[уреди | уреди извор]

Калата е покриена со дабова шума и бујна трева, и има разновиден животински свет од водоземци, влекачи и птици.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Група автори (2016). „Езерски острови“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 186. ISBN 978-9989-110-90-0.
  2. Микулчиќ, Иван (1996). „Општина Делчево“. Средновековни градови и тврдини во Македонија. МАНУ. ISBN 9989-756-06-6.
  3. Калиманци Архивирано на 25 февруари 2017 г. — Tourguide.mk
  4. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 126. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°59′6″N 22°35′25″E / 41.98500° СГШ; 22.59028° ИГД / 41.98500; 22.59028