Калап (обувки)
Изглед
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Калап е направа која го имитира обликот на стапало и се става во обувка за зачувување на нејзиниот облик, а со тоа и нејзината трајност. Поквалитетните калапи се прават од полно дрво, обично кедар, кој спречува мириси и впива влага. Поевтините калапи се направени од пластика, со прачка со намотана метална пружина, но тие не впиваат влага и не спречуваат мириси. Бидејќи пластичните калапи се полесни, тие се сметаат за позгодни за на пат.
| „Калап (обувки)“ на Ризницата ? |