Кала
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Calla palustris - Украсна кала | |
|---|---|
| Научна класификација | |
| Царство: | Plantae |
| Нерангирано: | Скриеносемени |
| Нерангирано: | Монокотиледони |
| Ред: | Alismatales |
| Семејство: | Araceae |
| Потсемејство: | Calloideae |
| Род: | Calla |
| Вид: | C. palustris |
| Научен назив | |
| Calla palustris Л. | |
Кала (украсна кала, мочуришна кала) е род на цветни растенија во фамилијата Araceae кој содржи само еден вид - Calla palustris. Тоа природно расте во ладните умерени региони во северната полутопка, во централните, источните и северните делови од Европа (Франција и Норвешка, и на исток од нив), северна Азија и северните делови од Северна Америка (Алјаска, Канада, североисточните делови од САД).


Калата е ризоматично тревесто повеќегодишно растение кое расте по блата и бари. Листовите се кружни до срцевидни, 6–12 cm долги и се наоѓаат на лисна дршка широка 4–12 cm. Зеленкасто-жолтото соцветие се издигнува на спадикс долг околу 4–6 cm, затворен со бела спата. Плодот е грозд составен од црвени бобинки, од кои секоја содржи по неколку семиња.
Растението е многу отровно кога е во свежа состојба како резултат на присуството на оксална киселина, но ризомот, како тој на каладиумот, колоказијата и арумот, е јадлив по негово соодветно сушење, лупење и варење.
Овој род порано вклучувал и неколку други видови, кои сега се префрлени во одделниот род Zantedeschia. Овие растенија се од тропска Африка и сѐ уште се именуваат како "кала лилјани", но тие не треба да се помешаат со C. palustris.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Бланхан, Нелтје (2002). Диви цвеќиња: Помош во запознавањето на нашите диви цвеќиња и нивните инсектски опрашувачи. Project Gutenberg Literary Archive Foundation.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Кала“ на Ризницата ? |