Како знаеш (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Како знаеш“
200п
Филмски постер
Режисер Џејмс Л. Брукс
Продуцент Џули Енсел
Џејмс Л. Брукс
Пола Вајнштајн
Сценарист Џејмс Ел Брукс
Настапуваат Рис Витерспун
Пол Руд
Овен Вилсон
Џек Николсон
Музика Ханс Цимер
Кинематографија Јануш Камински
Монтажа Ричард Маркс
Студио „Gracie Films“
Дистрибутер „Columbia Pictures“
Премиера декември 17 2010 (2010-12-17)
Времетраење 116 минути
Држава Соединетите Американски Држави
Јазик англиски
Буџет 120 милиони американски долари
Бруто заработка 48 668 907 американски долари


Филмот „Како знаеш“ (од анг. „How do you know“) е романтична комедија од 2010 година, чијшто режисер, сценарист и продуцент е Џејмс Л. Брукс. Главните улоги ги играат Рис Витерспун, Пол Руд, Овен Вилсон и Џек Николсон.

Филмот се снимаше во Филаделфија и Вашингтон, а за прв пат се емитуваше 12 декември 2010 година. По филмот„Чудовишта против вонземјани“ (од анг. „Monsters vs. Aliens“) од 2009 година и филмот „Вечерна достава“ (од анг. „Overnight Delivery“ ) од 1998 година, ова е трет филм во којшто глумат Витерспун и Руд. Филмот доживеа финансиски загуби ширум светот и успеа да надомести само 40% од својот буџет од 120 милиони американски долари.


Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Лиза Џоргенсон (Рис Витерспун) е софтбол играч, којашто е избезумена откако ја исфрлаат од распоредот на Американскиот тим. Таа не знае што сака да прави понатаму и почнува да се гледа со Мети Рејнолдс, којшто е фрлач за бејзболскиот тим „Washington Nationals“. Младиот управник Џорџ Медисон, којшто се советува со една другарка на Лиза, ја бара по телефон. Тој ѝ се јавува од учтивост бидејќи сака да ѝ објасни дека неговата врска со девојка му станала сериозна. Но, еден ненадеен пресврт во неговиот живот ќе ги влоши работите, кога тој ќе дознае дека е мета на криминална истрага од Федералното истражно биро за злоупотреба на службена должност во компанијата, којашто ја води неговиот татко Чарлс Медисон (Џек Николсон). Џорџ е отпуштен од работа и ја напушта фирмата, со исклучок на неговиот татко и неговата бремена секретарка Ени (Кетрин Хан).

Џорџ е сѐ уште затетеравен од овој удар и оди кај својата девојка за да се сочувствува со него, кога одеднаш тој се стаписува кога му кажува дека му раскинува. Од ќеиф, ѝ се јавува на Лиза и ја кани на вечера, а таа прифаќа. Но вечерта помина катастрофално. Џорџ беше толку обземен од своите проблеми што Лиза му рече да вечераат во тишина и да се разделат без да очекуваат да се видат повторно. Потоа, Лиза се преселува кај Мети, којшто има луксузен апартман под покривот од зградата каде што живее татко му на Џорџ. Мети е богат, добронамерен и забавен, но истовремено е незрел и нечувствителен и продолжува да има повремени афери со други жени.

Џорџ е обвинет и му се заканува можноста од затвор. Ени му е толку лојална и однапред му ги дава информациите, но тој ја предупредува да не ја изгуби работата. Мети се обидува да ѝ се претстави на Лиза во подобро светло, ветувајќи дека ќе размисли да се гледа со помалку жени настрана. Тој ненамерно ја навредува и затоа Лиза се отселува од кај него и поминува една ноќ со Џорџ во неговиот нов, скромен апартман. Потоа, татко му на Џорџ уште еднаш го шокираше со тоа што тој го извршил илегалното дело за кое што Џорџ беше обвинет. Поради претходните пресуди, Чарлс доби казна од 25 години затвор – всушност треба да биде во затвор до крајот на својот живот, а Џорџ е осуден на најмногу три години.

Вечерта, кога се роди бебето на Ени и кога нејзиниот дечко ја запроси, Лиза почнува повторно да размислува за тоа дали сака да се смират. Очигледно е дека Џорџ е маѓепсан од неа, но Мети ја моли за втора шанса и таа прифаќа. Џорџ му дава предлог на татко му и му вели дека тој уште еднаш ќе се обиде да ја убеди Лиза да биде со него. Ако прифати Чарлс ќе мора да оди во затвор, а ако го одбие Џорџ ќе ја преземе вината на татко му. На роденденската забава којашто Мети ја подготвил за Лиза, Џорџ ѝ ги искажува своите чувства и излегува надвор, оставајќи ѝ време да размисли, а Чарлс ги гледа одозгора. Потоа, Лиза му вели збогум на Мети и оди надвор кај Џорџ. На крајот од филмот, заедно заминуваат со автобус.


Актерска екипа[уреди | уреди извор]

• Рис Витерспун во улога на Лиза Џоргенсон

• Пол Руд во улога на Џорџ Медисон

• Овен Вилсон во улога на Мети Рејнолдс

• Џек Николсон во улога на Чарлс Медисон

• Дин Норис во улога на Том

• Кетрин Хан во улога на Ени

• Јуки Матсузуки во улога на Тори

• Ендру Вилсон во улога на соиграч на Мети

• Шелеј Кон во улога на Тери

• Тони Шелхуб во улога на психијатар

• Доменик Ломбардоци во улога на фрлач во бејзбол

• Рон Мекларти во улога на адвокатот на Џорџ

• Лени Венито во улога на Ал

• Марк Лин-Бејкер во улога на Рон

• Моли Прајс во улога на тренерот Сели


Продукција[уреди | уреди извор]

Брукс започна да работи на филмот во 2005 година, сакајќи да создаде филм за млада атлетичарка. Додека поминувал стотици саати, интервјуирајќи многу жени во своето истражување за филмот, тој се заинтересирал и за „дилемите на современите бизнисмени, коишто понекогаш се сметаат за одговорни пред Законот за корпоративно однесување за што можеби и самите не се свесни.“ За оваа идеја, тој ги создал ликовите на Пол Руд и Џек Николсон. Снимањето заврши во ноември 2009 година, но Брукс подоцна ги преснимувал почетокот и крајот на филмот. Улогата на Николсон требало да ја глуми Бил Муреј.

Вкупниот трошок за филмот е 120 милиони американски долари, со нето - износ од околу 100 милиони долари по враќањето на данокот од Пенсилванија и Вашингтон. Вкупните плати на режисерот Брукс (околу 10 милиони долари), и четирите главни ѕвезди Витерспун (15 милиони долари), Николсон (12 милиони долари), Вилсон (10 милиони долари) и Руд (3 милиони долари) изнесуваат околу 50 милиони долари. Бавната и прецизна продукција и пост-продукција на Брукс ја објаснува големината на буџетот.


Издавање[уреди | уреди извор]

Критики[уреди | уреди извор]

Општо земено, филмот прими негативни критики. Филмот добил оценка од 32% на „Rotten Tomatoes“, од 144 критики, со што филмот станува „одвратен“. Општото мислење на веб-локацијата е дека филмот „Како знаеш“ (од анг. „How do you know“) е за пофалба за тоа што вклучува петмина привлечни главни улоги и тие заслужуваат подобро од оваа лажна, погрешна класификација од режисерот Џејмс Л. Брукс“.

Достигнување на финансиски успех[уреди | уреди извор]

Филмот заработи бедни 7,6 милиони долари на своето отварање во Соединетите Американски Држави и во Канада. Ова го постави на осмото место во кино-благајните, на неговиот прв викенд. Но филмот доживеа пад од топ-листата до третиот викенд од неговото емитување. На денот кога дебитираше, 17 декември 2010 година, беше на 5 место, зад филмовите: „ТРОН:Завет“ (од анг. „Tron: Legacy“), „Мечето Јоги“ (од анг. „Yogi Bear“), „Борецот“ (од анг. „The Fighter“)и „Хрониките на Нарнија: Патувањето на јавачот на зората“ (од анг. „The Chronicles of Narnia: The Voyage of the Dawn Treader“). До 22 декември, падна на единаестто место во кино-благајните.

Филмот „Како знаеш“ (од анг. „How do you know“)заработи сума од 48 668 907 долари, ширум светот, но и покрај тоа не успеал да го надомести својот буџет од 120 милиони долари. Поради ова, се смета дека филмот постигнал огромен финансиски успех.