Какнасторнет
Какнасторнет | |
---|---|
Кула Какнас | |
Општи податоци | |
Вид | Телекомуникациска кула |
Стил | Брутализам |
Адреса | Морка Крокен 28–30 |
Град | Стокхолм |
Земја | Шведска |
Координати | 59°20′06″N 018°07′35″E / 59.33500° СГШ; 18.12639° ИГД |
Почната | 1963 |
Завршена | 1967 |
Пуштена во употреба | 12 Mај 1967 |
Сопственик | Тераком |
Висина | 155 м |
Технички податоци | |
Катови | 30 |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Бенгт Линдрос |
Портал | |
kaknastornet.se |
Кулата Какнес (шведски: Какнесторнет) е телекомуникациска кула сместена во Ладугордсгердет во Стокхолм, Шведска. Кулата е главен центар на шведските телевизиски, радио и сателитски преноси. Завршена е во 1967 година, дизајнирана од архитектот Бенгт Линдрос, има висина од 155 метри, односно 170 метри вклучувајки ја и горната антена. Неколку години Какнесторнет била највисоката зграда во нордиските земји сè додека Несинеула да била отворена во Тампере, Финска во 1971 година. Таа била надмината во 2005 година од Турнинг Торсо во Малме. Кулата е во сопственост на националната шведска радиодифузна компанија Тераком. Името на кулата доаѓа од античкото име на областа, Какнес.
Кулата порано била отворена за јавноста, со информативен центар и продавница за подароци, како и ресторан, но сега е трајно затворена за јавноста од 2018 година со образложение дека безбедносните поправки би биле прескапи.[1] Подоцна било откриено дека вистинската причина е заканата од странско разознавање. Според Шведската телевизија, шведската безбедносна полиција во извештај во 2017 година навела дека е зголемен бројот на странски разознавачки агенции и поради пријавата кулата ќе биде затворена.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Кулата Какнес за време на изградбата, 1966 година.
-
Гердет и Стокхолм со новоизградената Какнес кула, од 1967 година.
-
Поглед на ресторанот, затворени за јавноста од 2018 година.
-
Поглед на платформи со предавателни антени.
-
Поглед на кулата Какнес и зградата на предавателот.
-
Поглед на кулата Какнес.
-
Кулата Какнес осветлена во боите на француското знаме во спомен на нападите во Париз во ноември 2015 година.
-
Поглед на запад кон градот Стокхолм.
-
Поглед на север кон Лоуден и Лидинго.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Kaknästornet stängt för besökare på obestämd tid“. Посетено на 2021-02-06.
- ↑ „Tukholman Kaknäsin tv-tornin sulkemisen taustalla sittenkin "vieraan vallan uhka"“. Посетено на 2021-02-06.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Какнасторнет на Ризницата ?
- Информации од Visit Stockholm
- Информации од Teracom (шведски)
- Кулата Какнес — Structurae (англиски)