Какаово масло

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сирово какаово масло

Какаовото масло е бледо жолто, јадливо растително масло кое се добива со екстракција од какао. За разлика од повеќето масла, на собна температура се наоѓа во цврста состојба, а се топи на температура од 34-38 °C. Во прехранбената индустрија се користи во производството на чоколадо, а во фармацевтската индустрија како подлога за чепчиња.