Каиџу

Каиџу (јапонски: 怪獣) — јапонски збор што означува „чуден ѕвер“, но почесто се преведува како „чудовиште“. Обично се користи во жанрот токусацу.
Поврзаните поими вклучуваат: каиџу еига (јап. 怪獣映画) — филм за „каиџуа“; каиџин (怪人), што се однесува на хуманоидни чудовишта, и даикаиџу (大怪獣, „џиновско чудовиште“), што означува поразновидни видови чудовишта.
Најпознатото каиџу е Годзила. Меѓу другите добро познати каиџуа се: Мотра, Ангирус, Родан, Гамера и Кинг Гидора. Единствените нејапонски каиџуа што станале популарни се Кинг-Конг и Кловер. Поимот ултра-каиџу (ウルトラ怪獣) е скратено име за ултрачудовиштата во „Ултрасеријалот“.
Концепција
[уреди | уреди извор]Каиџуата обично се моделирани според вистински животни или митолошки суштества. Меѓутоа, постојат неколку егзотични примери. Во серијалот Choujin Sentai Jetman се прикажани чудовишта засновани на семафори, чешми и домати.[1] Kamen Rider Super-1 вклучува цела војска чудовишта засновани на предмети од домаќинството, како што се чадори и скали.[2]
Додека поимот „каиџу“ на Западот се користи за опис на чудовишта од токусацу и јапонскиот фолклор, суштества како што се вампирите, врколаците, Чудовиштето на Франкенштајн, мумиите и зомбијата, исто така може да влезат во оваа категорија. На пример, Чудовиштето на Франкенштајн веќе се појавил како каиџу во филмот „Франкенштајн против Барагон“, создаден од компанијата Toho.
Каиџу обично се прикажуваат како „топовско месо“ во служба на поголемо зло. Некои каиџуа се елитни воини што служат како „десна рака“ на некој главен злобник и на крајот се уништени од хероите. Други имаат неутрален карактер и сеат уништување само кога се во бес. Во раните години на жанрот токусацу, „херојските“ чудовишта можеле да се видат само во филмовите од типот „Daikaiju Eiga“, но подоцна, со почетокот на телевизиските продукции, каиџуа почнале да се појавуваат и како помошници на главниот херој, спасувајќи цивили или покажувајќи одлики на вистинска личност. Овие каиџуа презеле многу класични особини на чудовишта што се појавуваат како „несфатени суштества“. Некои каиџуа често се појавуваат покрај хероите за да предизвикаат хумористични моменти, за разлика од помрачниот пристап кон овие ликови во постарите франшизи, како што е на пример Kamen Rider.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Картинки-примеры монстров из Jetman“. Архивирано од изворникот на 2012-03-25.
- ↑ „Kamen Rider Super-1“. Igadevil.com. Архивирано од изворникот на 2006-07-08.