Прејди на содржината

Каиш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стандарден каиш од црна кожа

Каиш[1][2], колан[3][4] или ремен[5][6] — дел од облека, кој се носи околу струкот, врз гардероба како што се панталони, бермуди и др. Најчесто се изработува од кожа и има функционална и декоративна улога. Функционалната улога се гледа во спречувањето на панталоните да паднат.

Историја

[уреди | уреди извор]

Каишите претставуваат дел од машката гардероба уште од бронзеното доба.[7] Подоцна почнале да го носат обата пола во зависноста од моменталната мода.

Во војска каишот, опасачот, е дел од униформата. Опасачот има функционална улога, затоа што на опасачот се закачува држачот за нож, чинија за вода и останати делови на воената опрема. Исто така, на опасачот по потреба можат да се закачат трегери кои имаат функција дополнително да ја затегнат опремата на војникот. Естетската и психолошката функција се огледува во тоа дека опасачот, кога е затегнат, ја истакнува атлетската фигура на војникот, посебно рамениците и градите, што позитивно влијае врз моралот и самодовербата на војникот, а негативно на моралот на непријателската војска.

Занимливости

[уреди | уреди извор]

Во разговорниот јазик изразот „да затегнеш каиш“ има пренесено значење и укажува на потреба за штедење.

  1. ↑ „каиш“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. ↑ „каиш“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. ↑ „колан“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. ↑ „колан“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. ↑ „ремен“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  6. ↑ „ремен“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  7. ↑ „Scottish Archeological Research Framework“. Архивирано од изворникот на 2013-10-29. Посетено на 2019-11-10.