Прејди на содржината

Каиетеурски Водопади

Од Википедија — слободната енциклопедија
Каиетеурски Водопади
Карта

Каиетеурски Водопади се најголемите водопади во светот според количината на вода што протекува во еден пад. Сместени на реката Потаро во националниот парк Каиетеур, тие се наоѓаат во дел од прашумата Амазон што припаѓа на регионот Потаро-Сипаруни во Гвајана. Има слободен пад 226 метри од испустот на водата до првиот допир со карпите. Потоа тече низ низа стрмни водопади, кои ако ја вклучиме висината на водопадот достигнува и до 256 метри. Има многу водопади кои се повисоки, но малку се оние кои претставуваат комбинација на висина и волумен на вода и токму поради тоа, водопадите Каиетер се едни од најмоќните во светот со просечен проток од 663 кубни метри во секунда.[1]

Каиетеурските Водопади се околу 4 пати повисоки од Нијагарините водопади, на границата со Канада и Соединетите Држави, и двојно повисоки од водопадите Викторија, на границата меѓу Замбија и Зимбабве во Африка. Надводно од водопадот, планината Потаро се протега до далечните падини на планината Пакараима. Реката Потаро се влева во реката Есекибо, која е една од најдолгите и најшироки реки во Јужна Америка и најдолгата река во Гвајана.

Откритие

[уреди | уреди извор]

Водопадот е откриен во 1870 година од експедиција предводена од Чарлс Барингтон Браун, пар британски геолози назначени како владини геодети на британската колонија Гвајана. Браун и неговиот партнер Џејмс Савкинс пристигнале во Џорџтаун во 1867 година и додека ја завршувале мапата и подготвувањето на геолошките извештаи, дел работа била извршена во одделни експедиции, а Савкинс не работел кога Браун ги открил водопадите. Во тој момент, Браун немал време да ги истражи водопадите, па се вратил една година подоцна за да направи сеопфатни мерења. Книгата на Браун „Кану“ и „Кампување во Британска Гвајана“ била објавена во 1876 година. Две години подоцна, во 1878 година, тој ја објавил книгата „Петнаесет илјади милји на Амазон и неговите притоки“. Според индијанската легенда за Патамоне, Каиетеурските Водопади биле именувани по поглаварот Каи, кој го спасил својот народ веслајќи преку водопадите и жртвувајќи го сопствениот живот во чест на големиот дух Маконаим. Ноќта кога ги откриле водопадите, на Браун му била кажана од староседелците друга легенда: Каиетур го добил името по еден непријатен старец кој роднините го ставиле во чамец и го турнале надолу по водопадот, од тука и бил називот Каиетур - пад на стариот човек.

Каиетеурските Водопади се главна туристичка занимливост во Гвајана. Тие се наоѓаат во националниот парк Каиетеур во центарот на прашумата во Гвинеја. Паркот го опслужува меѓународниот аеродром Каиетеур, кој се наоѓа на околу 15 минути пешачење од врвот на водопадите Каиетер, со чести летови до аеродромот Огл и меѓународниот аеродром Чеди Јаган во Џорџтаун.

Популарна култура

[уреди | уреди извор]

Водопадите Кајетер се споменати во следни културни содржини:

  • документарен филм „Белиот дијамант“ од Вернер Херцог и „Речно чудовиште“ од Animal Planet со Џереми Вејд.
  • научнофанатастична цртана серија Г. Гундам. Главниот лик вежба и се капе под водопад пред неговата последна борба.
  • отворањето на четвртата сезона од Дискавери серијата „Златна треска“ на Дискавери (2013) Исто така, во шестата епизода од серијата „Животот на Земјата“ на Дејвид Атенборо, која зборува за жабите кои растат во влажни услови, се споменуваат водопадите во неколку епизоди од таа сезона.

Првата епизода од серијата „Смртоносни авантури“ на Стив Бакшал каде Стив се спушта на дното и таму се кампува.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Kaieteur Falls - World Waterfall Database“. Архивирано од изворникот на 10. 10. 2017. Посетено на 04. 11. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]