Прејди на содржината

Казнувачот (ТВ-серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Казнувачот
Жанракција
драма
авантура
Создадена одСтив Лајтфут
Напишана одГери Конвеј
Џон Ромита Постариот
Рос Ендру
УлогиЏон Бернтал
Ебон Мос-Бакрак
Бен Барнс
Амбер Роуз Рева
Дебора Ен Вол
Композитор(и)Тајлер Бејтс
Земја на потекло САД
Првичен јазиканглиски
Бр. на сезони2
Бр. на епизоди26
Производство
Времетраење49 — 58 минути
Прикажување
Првична мрежаNetflix
Првично прикажување17 ноември 2017 – 18 јануари 2019
Хронологија
Слични програмиДердевил

Казнувачот (англиски: The Punisher) — американска суперхеројска акциона драмска ТВ-серија заснована на американските стрипови објавени од Marvel Comics и со Џон Бернтал во главната улога. „Казнувачот“ е дел од „Кинематографската вселена на Marvel“. Сите епизоди биле премиерно прикажани на Netflix на 17 ноември 2017 г.

На 13 декември 2017 г., Netflix го обновил „Казнувачот“ за втора сезона, која била објавена на 18 јануари 2019 г. На 18 февруари 2019 г., серијата била службено откажана.[1][2]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Откако се одмаздил за смртта на неговото семејство, поранешниот морнарички пешадинец на Разузнавачкиот одред, Френк Кесл — од кој бил познат низ Њујорк како „Казнувачот“ — открива подлабок заговор надвор од неговата лична трагедија во првата сезона. Во втората сезона, додека живее спокоен живот на патот, Кесл се вплеткува во тајната на обидот за убиство на Ејми Бендикс, принудувајќи го да се соочи врз тоа дали уште еднаш да ја прифати неговата самоличност како Казнувачот.

Глумец Улога
Џон Бернтал Френк Кесл / Казнувачот
Ебон Мос-Бакрак Дејвид Либерман / Микро
Бен Барнс Били Русо
Амбер Роуз-Рева Дина Мадани
Даниел Вебер Луис Вилсон
Дебора Ен Вол Карен Пејџ
Џорџија Вигам Ејми Бендикс
  1. ↑ „'Marvel's The Punisher' Returning for Season 2“ (англиски). News | Marvel.com. Архивирано од изворникот на 2017-12-13. Посетено на 2017-12-15. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  2. ↑ The Punisher (2017-12-12). „Time to reload. #ThePunisher Season 2 is coming“ (англиски). @ThePunisher. Архивирано од изворникот на 2017-12-13. Посетено на 2017-12-15. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]