Казанџи Маало

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Казанџи Маало
Στάγιρα
Ancient stagira greece 01.jpg
Казанџи Маало is located in Грција
Казанџи Маало
Казанџи Маало
Местоположба во областа
Казанџи Маало is located in Аристотел (општина)
Казанџи Маало
Местоположба на Казанџи Маало во Аристотел и областа Централна Македонија
Координати: 40°31′N 23°45′E / 40.517° N; 23.750° E / 40.517; 23.750Координати: 40°31′N 23°45′E / 40.517° N; 23.750° E / 40.517; 23.750
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругХалкидик
ОпштинаАристотел
Општ. единицаСтагира-Акант
Надм. вис.&10000000000000481000000481 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно372
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)

Казанџи Маало (грчки: Στάγιρα) — село во Општина Аристотел во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Стагира бил дел од општина Стагира-Акант [2].

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Казанџи Маало се наоѓа на 34 километри северно од гратчето Ерисово и на 73 километри источно од Солун, во југоисточниот дел на Халкидики, на надморска височина од 481 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Името на населбата кое настанало на местото на Стагира е Казанџи маало. Црквата „Рождество Богородично“ во селото била изградена во 1814 година[3][4][5].

Селото во текот на XIX век се наоѓало во казата Касандар во составот на Отоманското Царство.

Александар Синве („Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“), во 1878 година запишал дека во Казанџи Маало живееле 240 Грци.[6]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година селото било прекрстено во Стагира[7], според местото каде е роден филозофот Аристотел, Стагира.

На пописот од 1913 година биле евидентирани 370 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 393 жители.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото броело 452 жители, додека во 1940 година селото броело 586 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 523 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 680 жители, во 1971 година имало 587 жители, во 1981 година имало 479 жители, додека во 1991 година имало 464 жители[8]. Денеска, населението на селото е 372 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 586 523 680 587 479 464 372 /
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. Οικουμενικόν Πατριαρχείον
  4. Δήμος Αριστοτέλη
  5. Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου
  6. Synvet, A. Les Grecs de l'Empire ottoman : Etude statistique et ethnographique, Constantinople, 1878, р. 34.
  7. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αλτσιλή -- Μεσοπόταμο
  8. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански карактеристики. II. Скопје: Институт за национална историја. стр. 172.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]