Кадрил
Кадрил[1][2] или четворка — историски танц што се игра во основна квадратна формација од четири танцувачки двојки (две двојки стојат едни спроти други). Кадрилот еволуирал од стариот француски танц котијон околу 1750 година. Кон крајот на 18 век биле познати повеќе видови кадрили, од кои секој имал своја мелодија и облик. И денес е зачуван кадрилот составен од пет слики. Го танцуваат кој било број двојки (делив со 4) така што двојките стојат едни спроти други во два реда. Танцот изискува водач на танцот кој објавува поедини слики и фигури. До денес, имињата на сликите се зачувани на француски јазик . Четворката е исто така етикета за музички стил.
Почетоци во коњицата
[уреди | уреди извор]Во 17 век, поимот кадрил се појавил во контекст на воените паради, кој ги означувал формациите во облик на квадрат или фигури на четворица коњаници и нивните коњи. Поимот кадрил веројатно доаѓа од шпанскиот збор cuadrillo (деминутив што значи „четири“) и латинскиот збор quadratus (квадрат).


Од двојки коњи до двојки танчери
[уреди | уреди извор]Претставата била многу популарна, па луѓето почнале да настапуваат без коњи. Во 18 век (по 1740 година), кадрилот станал сè посложен танц и почнал да ги презема основите на танците како што се котијоните (тие се разликуват според држава). Во Франција бил воведен околу 1760 година, а во во Англија станал популарен околу 1808 година, го раширила танчерка позната како Мис Бери. Кадрилот му бил претставен на војводата Девоншир и до 1813 година влегол во мода. Во текот на следните неколку години, повеќето од високиот општествен слој научиле да танцуваат.
Кадрилот (на француски, quadrille de contredanses) станал жив танц за четири танцувачки двојки поставени во аглите на виртуелен квадрат. Секоја поединечна двојка е свртена кон средиштето на квадратот. Една двојка била означена како водечка двојка, а другите три како странични двојки. Танцовата фигура често прво ја танцувала главната двојка, а потоа ја повторувале страничните двојки. Во изворната француска верзија, танцувале само две двојки, а другите две биле додадени само за да се дополни формацијата на квадрат.
Поимникот што го користи квартетот е практично ист како оној на балетот. Танцовите слики имаат имиња како jeté, chassé, croisé, plié, arabesque, итн.
Танци во танците
[уреди | уреди извор]Кога во 19 век, кадрилот станал уште попопуларен, вклучил слики што содржеле елементи на валцерот, вклучувајќи ги каледонскиот, Лансер, Лендлер, Дојчер и така натаму. Кога кадрилот се проширил во Германија и Австрија, тогашните танцови композитори, особено Јозеф Ланер и семејството Штраус, исто така почнале да пишуваат музика за кадрил.
Во танците за кои музиката била новокомпонирана, имињата на петте дела (или сликите ) останале исти, а танчерите понекогаш претпочитале да ја слушаат музиката отколку да танцуваат на неа. Имињата на сликите се:
- Le Pantaloн (панталони)
- L'été (лето)
- La Poule (кокошка)
- La Pastourelle (пастирка)
- Финале
Сите слики вклучувале музика од 19 век. Ле Панталон била песна каде што вториот и третиот дел биле особено популарни. La Pastourelle била многу позната балада замислена од свирачот на корнет, Колинет. Финалето било многу живо.
Понекогаш сликата La Pastourelle била заменувана со сликата La Trénis, именувана по нејзиниот автор, танцувачкиот мајстор Трениц. Виенската верзија на кадрилот ги користела двете слики, при што La Trénis (преведен на француски) станал четврти дел и La Pastourelle петти дел. Така, виенскиот кадрил имал шест слики.
Кадрил - музичка анализа
[уреди | уреди извор]Кадрилот станал сложен танц. „Основниот“ облик содржел пет различни слики, а виенскиот шест. Табелата подолу ја покажува структурата на различните слики:
- слика 1: Pantalon (секогаш компонирана во 2/4 или 6/8 такт)
- тема А – тема Б – тема А – тема В – тема А
- слика 2: Été (секогаш компонирана во 2/4 )
- тема А – тема Б – тема Б – тема А
- слика 3: Poule (секогаш компонирана во 6/8 ) - сликата 3 секогаш започнува со двотактен вовед
- Тема А – Тема Б – Тема А – Тема В – Тема А – Тема Б – Тема А
- слика 4: Trénis (секогаш компонирна во 2/4 )
- тема А – тема Б – тема Б – тема А
- слика 5: Pastourelle (секогаш компонирна во 2/4 )
- тема А – тема Б – тема В – тема Б – тема А
- слика 6: Финале (секогаш компонирана во 2/4 ) - слика 6 секогаш започнува со двотактен вовед
- Тема А – Тема А – Тема Б – Тема Б – Тема А – Тема А
Празничен кадрил
[уреди | уреди извор]Механиката на танцот, заснована на постојаната размена на танцови партнери, стана споредлива со европскиот политички систем од 18 век. Тн. „славна четворка“ потсетувала на основање нови сојузи со различни партнери со цел да се одржи рамнотежата на силите во Европа.