Кавак Махала

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Кавак)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кавак
Λευκούδα
Кавак is located in Грција
Кавак
Кавак
Местоположба во областа
Кавак is located in Бешик
Кавак
Местоположба на Кавак во Општина Бешик и областа Централна Македонија
Координати: 40°44′N 23°32′E / 40.733° СГШ; 23.533° ИГД / 40.733; 23.533Координати: 40°44′N 23°32′E / 40.733° СГШ; 23.533° ИГД / 40.733; 23.533
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолунски округ
ОпштинаОпштина Бешик
Општ. единицаМаслар
Надм. вис.&10000000000000400000000400 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно121[1]
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (DST)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 02
Повик. бр.+30-2395-xxx-xxx

Кавак, Кавак Махала или Левкуда (грчки: Λευκούδα, Левкуда) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Левкуда бил дел од општина Маслар[2].

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 23 километри западно од Ставрос и 71 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа во јужното подножје на Богданска планина (Кердилија), над Бешичко Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 400 метри.

Кавак опфаќа површина од 48 квадратни метри[3].

Историја[уреди | уреди извор]

Во 19 век Ѓуверџе било муслиманско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 130 жители Турци[4].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Република Турција и Република Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија, додека муслиманското население било принудено да ги напушти своите домови.

Во 1927 година селото било прекрстено во Левкуда[5].

Денес, населението на селото главно се занимава со земјоделство и сточарство.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година селото било чисто бегалско село со 19 семејства и со 94 жители.[6], додека во 1940 година селото броело 276 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 232 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 332 жители, во 1971 година имало 287 жители, во 1981 година имало 164 жители, додека во 1991 година имало 156 жители[7] а во 2001 имало 169 жители[8]. Денеска, населението на селото е 121 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 276 232 332 287 164 156 169 121
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција. 
  2. 2,0 2,1 Kallikratis law Greece Ministry of Interior (грчки)
  3. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (Greek). National Statistical Service of Greece. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-21. 
  4. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 170.
  5. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αλτσιλή -- Μεσοπόταμο
  6. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928
  7. Симовски, Тодор Христов; Здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија (1998). Населените места во Егејска Македонија Д. 2. Скопје: Печатница „Гоце Делчев”. 
  8. Folketeljing 2011, revidert

Надворешни врски[уреди | уреди извор]