Кабадаја

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кабадаја (сленг) означува некомпетентен поединец од машки пол кој залудно се обидува да создаде невистинска перцепција на големец за себе пред остатокот од општеството. Овој сленг наоѓа употреба главно во битолското говорно подрачје.

Потекло на зборот[уреди | уреди извор]

Според некои извори зборот „Кабадаја“ има турско потекло. Потекнува од зборовите „каба“ што во превод значи груб и „даха“ што во превод значи гордост.[1]

Според Павел Шатев, и неговата „Заточението во сахара“, кога бил во затворите во Триполи и Фезан, покрај администрацијата во затворот имало и некои „главни“ затвореници кои собирале данок. Една затворска ќелија имала од 50-100 затвореници од кои еден бил главен. На арапски ги викале каба-даии и Павел Шатев спомнува дека денешниот термин кабадаја потекнува токму од таму.[2]

Голич кабадаја[уреди | уреди извор]

Голич кабадаја е посебен вид на кабадаја кој ги троши сите свои материјални средства, кои во повеќето случаи ги нема во изобилство, за да покаже големство пред другите.

Кабадајлук[уреди | уреди извор]

  • Еден од познатите битолски кабадаи патувал со авион и се однесувал недолично кон една стјуардеса. После неколку опомени стјуардесата го замолила да се упристои а тој ѝ одговорил: „Зошто? Да не ме слезиш од авионот?“.
  • Влегол кабадаја во некоја продавница и ѝ рекол на продавачката: „Ај дека ти ќе трчаш по мене“. Таа непристојно го негирала неговото тврдење, а тој брзо украл нешто од продавницата и со трчање почнал да бега. Продавачката изненадена почнала да трча по него, а кабадајата во тој момент застанал велејќи ѝ: „Кога ти велев дека ќе трчаш по мене ти не ми веруваше“.[3]
  • Некој кабадаја нуркал во Охридското Езеро, но кога повторно се појавил на површината забележал дека тоа е Преспанското.
  • Отишол некој кабадаја во ноќен клуб и почнал да вика на цел глас дека со сите девојки кои биле таму имал спиено. На некоја девојка ѝ здодеало и му рекла дека со неа нема спиено, а тој ѝ одговорил: „Со вас од село уште немам стигнато да спијам“.
  • Се паркира кабадаја пред познат битолски ноќен клуб со нов зелен Мерцедес. Некој од обезбедувањето му рекол: „Со здравје да си го возиш Мерцедесот“, а овој му одговорил: „Фала. И не ти велам поубав да ти се врати бидејќи нема!“.[3]

Кабадаја во популарната култура[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Форум дискусија за Битолските кабадаи

Филмот „Кабадаја“ на YouTube