КУД „Дримкол“ - Вевчани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
За други значења на поимот Дримкол, видете на појаснителната страница

Културно уметничкото друштво "Дримкол"од Вевчани во своето долгогодишно постоење има оставено свој белег во македонската културна историја.

Формирано е во 1979 година како здружение на граѓани во кое здружение се здружуваат љубовта, желбата и ентузијазмот кон фолклорот на многу млади луѓе во Вевчани.

Од тогаш до денес активно и успешно работи на негување, развивање и презентирање на сценско уметничките дејности, со посебен акцент и внимание кон фолклорната дејност. Како национално богатство на Р.Македонија ова културно уметничко друштво се афирмира себеси,и ја афирмира нашата држава онака како што се очекува,квалитетно и достоинствено, а како доказ се освоени дипломи, награди и признанија на домашни и сртански фестивали.

Богатата изворна Вевчанска носија,изворните инструменти, изворните кореографии од Вевчанското поднебје го прават ова друштво едно и единствено, различно од сите други во Македонија. Но покрај изворниот фолклор, на репертоарот на ова друштво се наоѓаат и кореогравски обработки од сите играорни подрачја на нашата држава (источно, западно, централно, јужно), а за нивна презентација ова друштво располага и со соодветна носија од горе споменатите региони.

Квалитетното озбилно и "професионално работење на КУД "Дримкол", предизвикува големо внимание кај младите во Вевчани, ја зголемува желбата и љубовта кон уметноста кај нив овозможува постојано да расте бројот на членови, а тој број денес изнесува 135 активни членови на возраст од 7 до 35 години.

Покрај редовно учество на домашните фолклорни фестивали: Балкански фестивал -Охрид; Илинденски денови -Битола; Оро без граници - Скопје; КУД "Дримкол"има учествувано и на фолклорни фестивали во странство и тоа:

Хрватска - 1979,1980,1982,1987 година; Србија и Црна Гора - 1981, 1997, 2000, 2001, 2002, 2003 година; Германија - 1990 год; Полска - 1993, 1995 год; Турција - 1994, 1997, 1998 год; Бугарија - 1992, 1997 год; Египет- 2002 год; Сардинија-Италија - 2003 г.

Во склоп на КУД "Дримкол" Вевчани работи и аматерската театарска група Патувачкиот театар "Поклонисе и падни" лој обработува и поставува на сцена драмски текстови врз основа на Вевчанскиот немирен дух, а со тоа ја продолжува театарската традиција во Вевчани која датира од 1936 г.

КУД "Дримкол"како високо квалитетна културна институција во Вевчани, дава огромен придонес за развој на македонската култура и традиција.