КК Еуро Никел 2005

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од КК Фени Индустрии)
КК Еуро Никел 2005
ЛигаПрва лига мажи
Основан11 јануари 1970; пред 54 години (1970-01-11)
СалаЈасмин
Сала Капацитет1,800
МестоКавадарци
Бои на клуботпортокалова, бела и црна
              
ПретседателДарко Цеков
ТренерГоран Самарџиев
СопственикЕуро Никел Индустри
Позиција 2018/197ми
Прваци3 Прва кошаркарска лига
2 Куп на Македонија
1 БИБЛ
Дресови
Домашен jersey
Team colours
Домашен
Гостински jersey
Team colours
Гостински


Кошаркарскиот клуб Еуро Никел 2005 - македонски кошаркарски клуб, со седиште во Кавадарци. Клубот бил трикратен првак во Првата македонска кошаркарска лига и двократен првак во Купот на Македонија. Своите натпревари, клубот ги игра во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци.

Во својата историја, овој клуб дал многу значајни имиња кои ја афирмирале кошаркарката, градот Кавадарци и Република Македонија. Меѓу нив, најпознати се: Врбица Стефанов, Тодор Гечевски, Ристе Стефанов и Горан Самарџиев.

Историја[уреди | уреди извор]

Создавање[уреди | уреди извор]

Во 1969 година, по иницијатива на И. Каровски, Б. Ивановски, Д. Галапчев, Ж. Клинчаров, Т. Ридов, М. Ацев, Б. Камчев и Р. Прескакулев се формирал кошаркарскиот клуб Тиквеш, кој и официјално постои од 11 јануари 1970. Прв тренер на КК Тиквеш бил професорот Живко Клинчаров, а подоцна како предводници на клубот работеле и Р. Анѓушев, Д. Пецов, Т. Клинчаров, П. Камчевски, О. Тотов и други. Во својот прв официјален настап, Тиквеш го декласирал тимот на "23 Октомври" од Кочани со резултат 102-64. На тој натпревар настапувале: А. Књазев, С. Кировски, М. Спанџов, Б. Петреназов, М. Ацев, К. Спанџов, О. Тотов, Б. Гечевски, П. Камчевски, З. Мукаетов и А. Галапчев. Најголемиот успех, кошаркарите на Тиквеш го постигнале во сезоната 1984/1985, кога го освоиле првото место во Првата македонска републичка лига.[1]

Настапи во Првата македонска лига[уреди | уреди извор]

Во првата сезона на Првата македонска кошаркарска лига, во сезоната 1992/93, КК Тиквеш обезбедил пласман. Клубот си го сменил името и од 1995 до 1997 настапувал како КК Алумни Деком Тиквеш, а потоа во КК Орка Спорт (од 1997 до 1999 година) и повторно во КК Тиквеш (од 1999 до 2002 година).[2]

Во 2005 година, како главен спонзор на клубот влегла компанијата „Фени Индустри“ и поради тоа, клубот го променил името во КК Фени Индустри. Во сезоната 2005/2006, клубот настапувал во Втората лига, каде го освоил второто место и така обезбедил пласман во Првата лига. Во следната сезона 2006/2007, го освоил шестото место во Првата лига, а веќе во сезоната 2007/2008 била освоена двојната круна - шампион на Македонија и освојувач на Купот.[3] Во сезоната 2008/2009, Фени Индустри загубил во финалето против Фершпед Работнички во првенството, додека во купот стигнал до полуфиналето. Сезоната 2009/2010, исто така, била успешна за клубот, кој повторно ја освоил двојната круна. Во сезоната 2010/2011, Фени Индустри ја освоил третата титула во Првата лига, додека во Купот стигнал до полуфиналето. Во сезоната 2011/2012, престанала доминацијата на кавадаречкиот клуб, кој стигнал до финалето во Првата лига и во Купот, каде на двапати загубил од МЗТ Аеродром. Во сезоната 2012/2013, Фени Индустри стигнал до полуфиналето во Лигата и во Купот. Сезоната 2013/2014 била најлоша сезона во поновата историја на клубот, Фени не успеал да обезбеди пласман во Суперлигата со што играл опстанок односно Плејаут, а во Купот стигнале до четвртфинале. Во Првенството 2014/2015, Фени Индустри бил елиминиран во полуфиналето од МЗТ Аеродром.[4]

На 8 јули 2019 година, Фени Индустри го сменил своето име во Еуро Никел 2005.[5] Причина за смена на името било промена на сопствеништвото на главниот сопственик и спонзор на клубот - Топилницата Фени Индустри која била откупена и преименета во Еуро Никел Индустри во март истата година.[6]

Успеси[уреди | уреди извор]

КК Еуро Никел 2005 има забележано неколку успеси, меѓу кои:

Еуроникел 2005 има учествувани и во неколку европски купови, како што е Купот Корач.

Состав 2023/2024[уреди | уреди извор]

Извор: Кошаркарска федерација на Македонија Архивирано на 29 октомври 2020 г. eurobasket.com

Играчи
Никола Караколев
Марјан Младеновиќ
Дарко Соколов
Христијан Тодороски
Тодор Златев
Стеван Глигоријевиќ
Андреј Чадамов
Никола Бојчев
Оливер Двојаковски
Христијан Несторовски
Џексон Рајан Дубински
Маск Томас Смит Меквен
Гералд Блекшир
Милош Вранеш

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Одбележување 46 години од формирањето на првиот кошаркарски клуб во Кавадарци[мртва врска] a1on.mk 11 јануари 2016
  2. На денешен ден, во 1970 година, во Кавадарци е формиран kavadar4e.com 11 јануари 2014
  3. „ФЕНИ ИНДУСТРИ НОВ КОШАРКАРСКИ ШАМПИОН“. utrinski.mk. 8 јуни 2008. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-02-07.
  4. Шампионот МЗТ преку Кавадарци до ново финале Архивирано на 25 мај 2015 г. ekipa.mk 24 мај 2015
  5. „РТК - Фени Индустри“. РТК на Facebook преку web.archive.org. 8 јули 2019. Посетено на 1 септември 2019.
  6. „„Фени" сега е Еуроникел индустри, и има недостиг од стручен кадар“. telma.com.mk преку web.archive.org. 6 март 2019. Посетено на 1 септември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]