Прејди на содржината

КК Т-Баскет

Од Википедија — слободната енциклопедија
КК Т-Баскет
Лига/
Основан2010; пред 16 години (2010)
Распаднат30 септември 2015; пред 10 години (2015-09-30)
МестоТетово
Бои на клуботсина и бела
         
Тренер/
Позиција 2014/15
Втора лига мажи (последна сезона)
1ви (унапредени)
Прваци1 Втора Лига Мажи
Дресови
Домашен jersey
Team colours
Домашен
Гостински jersey
Team colours
Гостински


КК Т-Баскет е поранешен кошаркарски клуб од Тетово, Македонија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Клубот бил основан во 2010 година како кошаркарска школа. Т-Баскет своето деби го започнал во сезоната 2011/12 во Третата лига каде завршил на петтото место.[1] Во сезоната 2012/13, Т-Баскет завршил на второто место каде обезбедил место во Втората лига за следната сезона.[2] Во сезоната 2013/14 завршил на третото место во Втората лига, што било недоволно за влез во Првата лига.[3] Но меѓутоа Лирија го откажала своето учество во Првата лига, со што Т-Баскет влегол во лигата на нивното место.[4] Но поради ненаоѓање соодветна сала, Т-Баскет бил исфрлен од Првата лига,[5][6][7] и се вратил во Втората лига.[8] Следната 2014/15 сезона, клубот ја освоил Втората лига и бил унапреден во Првата лига. Повторно поради ненаоѓање на соoдветна сала, на Т-Баскет му било одбиено да учествува во Првата лига.[9] Клубот одново се вратил во Втората лига но подоцна му го предал неговото учество на Гостивар 2015 по пат на договор.[10]

Последен состав

[уреди | уреди извор]

Тренер на екипата бил Милан Сотировски.

број име висина см позиција години националност претходен клуб
Војче Левковски23Македонија МакедонијаВардар Апаве
Ренато Димитриевски196Бек
Крилен центар
23Македонија МакедонијаКолибри
Александар Стефановски193Бек33Македонија МакедонијаТетекс ТТК
Роберт Димитриевски196Бек
Крилен центар
23Македонија МакедонијаКолибри
Бранко Јаневски203Крилен центар27Македонија МакедонијаСтрумица
Ацко Рафајловски22Македонија Македонијамладински тим
Ивица Пејовски17Македонија Македонијамладински тим
Александар Горчевски26Македонија Македонијамладински тим
Дејан Милисављевиќ16Македонија Македонијамладински тим
Мевлан Јонузи16Македонија Македонијамладински тим
Никола Ристовски24Македонија Македонијамладински тим
Борче Угриновски15Македонија Македонијамладински тим
Крсте Ваоски21Македонија Македонијамладински тим
Ненад Апостоловски27Македонија Македонијамладински тим
Слободан Михајловски32Македонија Македонијамладински тим
Даријан Сотировски22Македонија Македонијамладински тим
Славиша Јанески24Македонија Македонијамладински тим

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-03-25. Посетено на 2014-09-18.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-03-25. Посетено на 2014-09-18.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-03-20. Посетено на 2014-10-04.
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-09-19. Посетено на 2014-09-17.
  5. Т-БАСКЕТ: ИСПОЛНЕТИ СИТЕ ТЕХНИЧКИ И ОРГАНИЗАЦИОНИ БАРАЊА, НО САЛА НЕ МОЖЕМЕ ДА ИЗГРАДИМЕ[мртва врска] tip.com.mk 9 октомври 2014
  6. ПРВАТА ЛИГА ОСТАНУВА СО ДЕВЕТ ЕКИПИ, Т-БАСКЕТ ГО ОТКАЖА УЧЕСТВОТО[мртва врска] tip.com.mk 9 октомври 2014
  7. Тетовци се откажаа во „5 до 12“, Првата лига со девет клуба Архивирано на 10 октомври 2014 г. ekipa.mk 9 октомври 2014
  8. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-05-27. Посетено на 2014-10-20.
  9. Т-баскет: Не се откажуваме, кога-тогаш ќе донесеме прволигашка кошарка во Тетово! sportmedia.mk 24 јули 2015
  10. Изјава на КК Т-Баскет КК Т-Баскет на Facebook 30 септември 2015

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]