КК Работнички сезона 2017/18

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сезона на КК Работнички 2017/18
Лига Прва Лига Мажи
Спорт Кошарка
Прва Лига Мажи 2017/18
КК Работнички сезони

← 2016/17

2018/19 →

Сезоната 2017/18 на КК Работнички - 26. сезона во Првата македонска кошаркарска лига и 72. сезона од неговото постоење. Клубот оваа сезона бил вицепрвак во Купот, додека во Првенството бил првак.

Преглед на сезоната[уреди | уреди извор]

Предсезонски подготовки и промени[уреди | уреди извор]

Разигрувачот од ланската сезона, Владо Илиевски, се пензионирал како кошаркар.[1] Исто така, центарот Ненад Мишановиќ го напуштил Работнички и се преселил во кипарското првенство.[2] Работнички се пријавил во ФИБА Лигата на Шампионите за престоечката сезона.[3] Веднаш потоа крилниот центар Бојан Крстевски станал старо-нов играч на клубот.[4] Откако Карпош Соколи добил право на учество во квалификациите, Работнички се пријавил за учество во ФИБА Европа Купот,[5][6] при што му било одобрено да учествува во квалификациите на ова натпреварување.[7] Во меѓувреме, клубот го напуштил Андреј Маслинко кој потпишал за МЗТ Аеродром.[8][9] На крајот на јули, Кирил Павловски го напуштил Работнички, селејќи се во новиот прволигаш Гостивар. Исто така, и Диме Тасовски во август се преселил во Гостивар.[10]

Од Работнички заминал Лука Петровски кој се преселил во второлигашот Вардар.[11]

Во средината на август, во клубот пристигнал Бугаринот Чавдар Костов, кој играл на позицијата бек.[12] На крајот на месецот, во екипата пристигнал Маркус Гинјард како крилен центар,[13] како и разигрувачот Кори Луциус.[14] За престојната сезона, Работнички ги задржал Димитар Мираковски, Ѓорѓи Чековски, Петар Николиќ и Виктор Ефремовски.[13]

Септември[уреди | уреди извор]

Во средината на септември пристигнал Србинот Дарко Чохадаревиќ за на позицијата центар.[15] Во првиот натпревар од првата квалификациска рунда на ФИБА Европа Купот, Работнички на гости загубил од руска Парма со 88:63. Истакнати играчи биле Чавдар Костов со 22 поени и шест скокови, и Кори Луциус со четири асистенции.[16]

Во вториот натпревар одигран во Вип арената Борис Трајковски, Работнички пак загубил од Парма со 73:95 и со тоа бил елиминиран. Маркус Гинјард завршил со 26 поени и пет асистенции, додека Ѓорѓи Чековски остварил седум скокови.[17]

По двомечот со Парма, Кори Луциус го напуштил клубот по истекот на едномесечниот договор.[18]

Октомври[уреди | уреди извор]

Во првото коло на прволигашката сезона, Работнички му гостувал на Куманово 2009 и го победил со 88:91 по продолженија. Чавдар Костов имал 30 поени и осум скокови, исто толку скокови имал Дарко Чохадаревиќ, додека Маркус Гинјард завршил со шест асистенции.[19]

Заради пополнување на позицијата 1 и 2, во Работнички пристигнал Расел Робинсон, кој последен пат играл во полски Шчеќин.[20]

Во второто коло Работнички дома го победил Фени Индустри со 80:63. Најдобар поентер и скокач бил Ѓорѓи Чековски со 22 поени и осум скокови, а Петар Николиќ и Чавдар Костов имале шест асистенции.[21]

По натреварот со Фени, како што претходно било најавено, Дарко Чохадаревиќ го напуштил Работнички.[18]

Во третото коло Работнички на гости го победил Кожув со 53:94. Маркус Гинјард постигнал 27 поени и остварил осум скокови, а Димитар Мираковски завршил со пет асистенции.[22]

Во четвртото коло Работнички дома го победил Пелистер со резултат 105:49. Маркус Гинјард бил најдобар поентер со 28 поени, Ѓорѓи Чековски завршил со осум скокови и пет асистенции, исто толку асистенции колку и Петар Николиќ.[23]

Ноември[уреди | уреди извор]

Во петтото коло Работнички на гости славел против Шкупи со 85:103. Најистакнати играчи биле Маркус Гинјард со 37 поени, Ѓорѓи Чековски со 13 скокови и Расел Робинсон со шест асистенции.[24]

Во шестото коло Работнички дома ја совладал Блокотехна со 71:55. Чавдар Костов натпреварот го завршил со 15 поени и 14 скокови, а Димитар Мираковски стигнал до шест асистенции.[25]

Во седмото коло Работнички на гости го победил Гостивар со 76:78. Маркус Гинјард имал постигнато 18 поени и седум асистенции, а Бојан Крстевски остварил осум скокови.[26]

Центарот Кирил Николовски кој сезоната ја започнал во Карпош Соколи, се преселил во Работнички.[27][28][29]

Декември[уреди | уреди извор]

Во осмото коло Работнички како гостин го победил МЗТ Аеродром со 71:76. Маркус Гинјард постигнал 20 поени, Кирил Николовски остварил 13 скокови, додека Чавдар Костов, Расел Робинсон и Димитар Мираковски завршиле со по четири асистенции.[30]

Во деветтото коло Работнички на домашен терен го поразил АВ Охрид со 95:75. Истакнати играчи биле Бојан Крстевски со 19 поени, Чавдар Костов со девет скокови и Димитар Мираковски со осум додавања.[31]

Во десеттото коло Работнички како гостин во Градски Парк го победил Карпош Соколи 2000 со 61:99. Виктор Ефремовски бил најуспешен стрелец со 23 поени, Славчо Темелковски завршил со 15 скокови и Петар Николиќ остварил шест асистенции.[32]

Во единаесеттото коло Работнички дома ја победил Струмица со 108:57. Најуспешни кошаркари биле Кирил Николовски со 26 поени, Ѓорѓи Чековски со десет скокови и Димитар Мираковски со седум додавања.[33]

Јануари[уреди | уреди извор]

Во дванаесеттото коло Работнички дома успеал да победи против Куманово 2009 со 81:77. Најдобар поентер бил Маркус Гинјард со 19 поени, со девет скокови најдобар скокач бил Бојан Крстевски и Чавдар Костов со седум додавања завршил како најдобар додавач.[34]

Во тринаесеттото коло Работнички на гостински терен го победил Фени Индустри со 55:74. Најистакнати кошаркари биле Димитар Мираковски со 14 поени и шест асистенции, и Ѓорѓи Чековски со девет скокови.[35]

Во четиринаесеттото коло Работнички на домашен терен го поразил Кожув со 76:64. Расел Робинсон остварил 17 поени, Кирил Николовски имал 11 скокови, додека Ѓорѓи Чековски завршил со три асистенции.[36]

Февруари[уреди | уреди извор]

Во петнаесеттото коло Работнички на гости го победил Пелистер со 57:106. Маркус Гинјард остварил 23 поени и шест скокови, исто скокови како и Бојан Крстевски, додека Расел Робинсон завршил со четири додавања.[37]

Во шестнаесеттото коло Работнички во Градски Парк го победил Шкупи со 113:62. Со 18 поени Чавдар Костов и Маркус Гинјард биле најдобри поентери, Ѓорѓи Чековски имал 10 скокови, а Димитар Мираковски остварил девет асистенции.[38]

Во средината на февруари Ангел Тасевски, дотогашниот тренер на Карпош Соколи 2000, станал извршен директор на Работнички.[39]

Во четвртфиналето од Купот на Македонија, Работнички во Салата Јасмин во Кавадарци го победил Карпош Соколи 2000 со резултат 103:49. Маркус Гинјард остварил 21 поен и седум скокови, исто скокови како и Кирил Николовски, а најдобар додавач бил Димитар Мираковски со девет асистенции.[40]

Во полуфиналето, Работнички бил подобар од Куманово 2009 со 77:68. Кирил Николовски остварил 18 поени и десет скокови, а Димитар Мираковски завршил со пет асистенции.[41]

Во финалето, Работнички бил поразен од МЗТ Аеродром со 67:76. Најдобри поединци биле Димитар Мираковски со 24 поени, Чавдар Костов со 12 скокови и Расел Робинсон со пет асистенции.[42]

Март[уреди | уреди извор]

Во седумнаесеттото коло Работнички на гостински терен ја поразил Блокотехна со 67:73. Науспешен кошаркар бил Кирил Николовски со 15 поени, десет скокови и три додавања, исто додавања како и Расел Робинсон.[43]

Во осумнаесеттото коло Работнички дома го победил Гостивар со 74:49. Чавдар Костов имал постигнато 20 поени, Маркус Гинјард остварил десет скокови и Расел Робинсон завршил со осум асистенции.[44]

Во деветнаесеттото коло Работнички победил дома против МЗТ Аеродром со 100:84. Поради недолично однесување, натпреварот бил прекинат, оставен да се доигра следниот ден, без присуство на публика.[45] Најдобар поединец бил Чавдар Костов со 31 поен и девет скокови, додека Димитар Мираковски имал девет додавања.[46]

Во дваесетотто коло Работнички на гости го победил АВ Охрид со резултат 69:100. Најдобар поентер бил Чавдар Костов со 22 поени, Маркус Гинјард имал шест освоени топки, а Димитар Мираковски дошол до пет асистенции.[47]

Во дваесет и првото коло Работнички дома победил против Карпош Соколи 2000 со 96:59. Кирил Николовски имал 24 поени и седум скокови, а Расел Робинсон остварил шест асистенции.[48]

Во пресрет на Супер лигата, во Работнички пристигнал Димитар Караџовски кој се преселил од Куманово 2009.[49][50]

Управниот одбор на МКФ одлучил, поради навивачките инциденти и можноста да биде забрането играње во Градски Парк, дека Работнички може да продолжи да игра во домашната сала, со засилени безбедносни мерки.[51][52]

Во дваесет и второто коло Работнички ја победил Струмица на гостински терен со 77:103. Најдобар играч бил Кирил Николовски со 24 поени и 11 скокови, додека најдобар додавач бил Димитар Мираковски со седум асистенции.[53]

Како засилување на позицијата 2, во Работнички пристигнал Шон Евас кој играл за аргентинска Бока Јуниорс.[54][55]

Април[уреди | уреди извор]

Во првото коло од Супер лигата, Работнички на гости го поразил АВ Охрид со 55:85. Маркус Гинјард имал 21 поен, најдобар скокач бил Чавдар Костов, додека Димитар Мираковски и Расел Робинсон завршиле со четири додавања.[56]

Во второто коло Работнички дома остварил победа против Гостивар со 71:57. Чавдар Костов имал 16 поени, Димитар Мираковски дошол до седум скокови и осум додавања, исто толку скокови како и Маркус Гинјард.[57]

Во третото коло Работнички загубил на гости од Куманово 2009 со 83:82. Најдобри поединци биле Димитар Мираковски со 20 поени, Бојан Крстевски со седум скокови и Расел Робинсон со пет додавања.[58]

Во четвртото коло играл во салата Младост во Гостивар како домашна екипа бидејќи семафорот за 24 секунди не работел во салата Градски Парк.[59][60] Во тој натпревар Работнички победил против МЗТ Аеродром со 92:74. Најдобар играч бил Шон Еванс со 19 поени и 12 скокови, а најуспешен додавач бил Расел Робинсон со осум асистенции.[61]

Во петтото коло Работнички во гости ја победил Блокотехна НБ со 86:93. Димитар Мираковски имал 17 поени, Шон Еванс 11 скокови, а Димитар Караџовски бил со шест додавања.[62]

Во шестото коло Работнички дома го победил АВ Охрид со резултат 100:64. Најистакнати кошаркари биле Бојан Крстевски со 15 поени, Ѓорѓи Чековски со шест скокови и Димитар Мираковски со пет додавања.[63]

Во седмото коло Работнички на гости победил против Гостивар со 69:74. Најистакнат стрелец бил Чавдар Костов со 13 поени, Шон Еванс завршил со шест скокови, а Димитар Мираковски и Расел Робинсон заедно имале по пет додавања.[64]

Во осмото коло Работнички дома го поразил Куманово 2009 со 109:76. Чавдар Костов имал 24 поени, најдобар скокач бил Кирил Николовски, а Расел Робинсон завршил со осум асистенции.[65]

Мај[уреди | уреди извор]

Во деветтото коло Работнички на гости изгубил од МЗТ Аеродром со 80:76. Најдобар стрелец бил Чавдар Костов со 29 поени, Шон Еванс бил со девет скокови, а Димитар Мираковски имал пет додавања.[66]

Во десеттото коло Работнички дома победил против Блокотехна НБ со 78:65. Наистакнат поентер бил Кирил Николовски со 16 поени, Маркус Гинјард завршил со седум скокови, додека Димитар Караџовски стигнал до пет додавања.[67]

Во првиот натпревар од полуфиналето на разигрувањата, Работнички дома го победил Куманово 2009 со 101:72. Најдобри стрелци биле Расел Робинсон и Шон Еванс со 19 поени, најдобар скокач бил Еванс со десет скокови, и Ѓорѓи Чековски остварил четири додавања.[68]

Во вториот натпревар од полуфиналето, Работнички на гостински терен го победил Куманово 2009 со 68:82. Најдобар поентер и скокач бил Чавдар Костов со 20 поени и шест скокови, а најуспешен додавач бил Ѓорѓи Чековски со пет асистенции.[69]

Во третиот натпревар, Работнички со резултат од 81:65 повторно победил и со 3:0 во победи го елиминирал Куманово 2009. Најдобри стрелци биле Шон Еванс и Маркус Гинјард со 17 поени, најуспешни скокачи биле Бојан Крстевски и Еванс со девет скокови, додека најистакнат додавач со три додавања бил Ѓорѓи Чековски.[70]

Во првиот натпревар од финалето, Работнички во Градски Парк го победил МЗТ Аеродром со 86:77. Чавдар Костов имал 21 поен, Шон Еванс завршил со 12 скокови, а Расел Робинсон остварил шест додавања.[71]

Во вториот натпревар од финалето, Работнички во гости го поразил МЗТ Аеродром со 75:76. Најдобар играч бил Расел Робинсон со 22 поени и седум додавања, а најдобар скокач бил Шон Еванс со девет скокови.[72]

Во третиот натпревар Работнички дома го победил МЗТ Аеродром со 87:84 и со 3:0 во победи станал првак на Првенството. Најдобар поентер бил Чавдар Костов со 19 поени, Ѓорѓи Чековски имал осум скокови, а Расел Робинсон завршил со пет додавања.[73]

Состав и стручен штаб[уреди | уреди извор]

Играчки состав[уреди | уреди извор]

број име висина
(цм)
позиција години националност пристигнал
во (година)
претходен клуб
10 Маркус Гинјард 196 Крилен центар
/ Бек
31  САД 2017 Чарни Полска
7 Шон Еванс 203 Крилен центар 29  САД 2018 Бока Јуниорс Аргентина
20 Чавдар Костов 195 Бек 30  Бугарија 2017 Кимис Грција
1 Кирил Николовски 210 Крилен центар
/ Центар
29 Македонија Македонија 2017 Карпош Соколи
14 Бојан Крстевски 206 Крилен центар
/ Центар
28 Македонија Македонија 2017 Кожув
5 Димитар Мираковски (К) 177 Разигрувач 37 Македонија Македонија 2014 Кожув
15 Расел Робинсон 185 Бек 32  САД 2017 Шчеќин Полска
9 Ѓорѓи Чековски 203 Крилен центар 38 Македонија Македонија 2015 Приштина Косово
6 Димитар Караџовски 190 Бек 33 Македонија Македонија
 Бугарија
2018 Куманово 2009
25 Виктор Ефремовски 191 Крило 19 Македонија Македонија 2015 Вардар
8 Петар Николиќ 189 Бек 24 Македонија Македонија
 Србија
2015 Водњански Лисици
6 Дамјан Крстевски 193 Бек 18 Македонија Македонија 2014 Младински состав
Повремени играчи од младинските погони на Работнички
12 Славчо Темелковски 199 Центар 17 Македонија Македонија 2016 Младински состав
7 Андреа Деолски 188 Бек 18 Македонија Македонија 2016 Младински состав
4 Андреј Јордановски 183 Разигрувач 18 Македонија Македонија 2017 Вардар
Максим Митевски 18 Македонија Македонија 2017 Младински состав

Извор: Македонска Кошаркарска Федерација eurobasket.com

Играчи кои го напуштиле клубот за време на сезоната[уреди | уреди извор]

број име висина
(цм)
позиција години националност пристигнал
во (година)
претходен клуб заминал
во (година)
следен клуб
11 Кори Луциус 180 Разигрувач 27  САД 2017 Монктон Меџик Канада 2017
45 Дарко Чохадаревиќ 205 Центар /
Крилен центар
31  Србија 2017 Каен Франција 2017

Стручен штаб[уреди | уреди извор]

име функција
Марин Докузовски тренер
Перо Блажевски помошник тренер
Марко Докузовски помошник тренер
Александар Петровски службен претставник
технички раководител
лекар
физиотерапевт

Извор: Македонска Кошаркарска Федерација

Статистика[уреди | уреди извор]

Прва Лига Мажи 2017/18 Куп 2018
Прва лига Супер лига Разигрување
О П З Пое Поз О П З Пое Поз О П З Поз
22 22 0 44 1ви 10 8 2 18 1ви 6 6 0 П ВП

Легенда

  • О = Одиграни натпревари
  • П = Победи
  • З = Загуби
  • Пое = Поени
  • Поз = Конечна позиција

  • 1/2 = Полуфинале
П ВП
Првак Вицепрвак

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ИНТЕРВЈУ – ВЛАДО ИЛИЕВСКИ: Дојде време да и кажам збогум на кошарката!“, ekipa.mk, 9 јуни 2017 (посет. 15 јуни 2017 г).
  2. „Градски парк“ остана без „џинот“: Мишановиќ си замина од Работнички“, gol.mk, 15 јуни 2017 (посет. 15 јуни 2017 г).
  3. И Работнички со пријава за Лигата на Шампионите“, sportmedia.mk, 21 јуни 2017 (посет. 24 јуни 2017 г).
  4. НАЈТРОФЕЈНИОТ СЕ ЗАСИЛУВА: Бојан Крстевски е нов играч на Работнички“, sportmedia.mk, 22 јуни 2017 (посет. 24 јуни 2017 г).
  5. Работнички e еден од десетте клуба кои не „поминаа"“, sportmedia.mk, 29 јуни 2017 (посет. 1 јули 2017 г).
  6. Работнички не се откажува од Европа – нова апликација до ФИБА“, ekipa.mk, 29 јуни 2017 (посет. 1 јули 2017 г).
  7. Работнички ќе се проба во ФИБА Европа Купот“, sportmedia.mk, 14 јули 2017 (посет. 15 јули 2017 г).
  8. Нов бран на репрезентативци во МЗТ“, sportmedia.mk, 7 јули 2017 (посет. 15 јули 2017 г).
  9. МЗТ со две засилувања – Бојан Трајковски и Андреј Маслинко“, ekipa.mk, 11 август 2017 (посет. 15 октомври 2017 г).
  10. Диме Тасовски потпиша за Гостивар!“, ekipa.mk, 10 август 2017 (посет. 15 октомври 2017 г).
  11. Листа на одобрени играчи и службени лица - сезона 2017/18 - Втора Лига Мажи - КК Вардар“, Македонска кошаркарска федерација, 18 август 2017 (посет. 27 октомври 2017 г).
  12. Костов го избра Работнички пред Лукоил, доаѓа во „Градски парк““, ekipa.mk, 15 август 2017 (посет. 15 октомври 2017 г).
  13. 13,0 13,1 Американец во „Градски парк“: Гинјард потпиша за Работнички“, ekipa.mk, 22 август 2017 (посет. 15 октомври 2017 г).
  14. Луциус е новиот плејмејкер на Работнички“, ekipa.mk, 26 август 2017 (посет. 15 октомври 2017 г).
  15. Докузовски во Ботевград го „тестираше“ Чохадаревиќ“, sportmedia.mk, 15 септември 2017 (посет. 15 октомври 2017 г).
  16. BC Parmа-BC Rabotnicki 88:63“, fiba.basketball, 21 септември 2017 (посет. 15 октомври 2017 г).
  17. BC Rabotnicki-BC Parmа 73:95“, fiba.basketball, 27 септември 2017 (посет. 15 октомври 2017 г).
  18. 18,0 18,1 Докузовски: Чохадаревиќ и Лусиус си заминуваат од „Градски парк““, ekipa.mk, 27 септември 2017 (посет. 15 октомври 2017 г).
  19. Куманово 2009-Работнички 88:91“, fibalivestats.com, 7 октомври 2017 (посет. 16 октомври 2017 г).
  20. Робинсон е „добитната комбинација“ на плеј за Работнички“, sportmedia.mk, 13 октомври 2017 (посет. 16 октомври 2017 г).
  21. Работнички-Фени Индустри 80:63“, fibalivestats.com, 14 октомври 2017 (посет. 16 октомври 2017 г).
  22. Кожув-Работнички 53:94“, fibalivestats.com, 24 октомври 2017 (посет. 24 октомври 2017 г).
  23. Работнички-Пелистер 105:49“, fibalivestats.com, 27 октомври 2017 (посет. 27 октомври 2017 г).
  24. Шкупи-Работнички 85:103“, fibalivestats.com, 5 ноември 2017 (посет. 5 ноември 2017 г).
  25. Работнички-Блокотехна 71:55“, fibalivestats.com, 11 ноември 2017 (посет. 12 ноември 2017 г).
  26. Гостивар-Работнички 76:78“, fibalivestats.com, 19 ноември 2017 (посет. 19 ноември 2017 г).
  27. Николовски потпиша: Сакам титула со Работнички“, ekipa.mk, 21 ноември 2017 (посет. 22 ноември 2017 г).
  28. Работнички го договори Николовски, ќе дебитира против МЗТ“, gol.mk, 21 ноември 2017 (посет. 22 ноември 2017 г).
  29. Кире Николовски за Работнички ќе дебитира против „својот“ МЗТ Аеродром“, sportmedia.mk, 21 ноември 2017 (посет. 22 ноември 2017 г).
  30. МЗТ Аеродром-Работнички 71:76“, fibalivestats.com, 6 декември 2017 (посет. 6 декември 2017 г).
  31. Работнички-АВ Охрид 95:75“, fibalivestats.com, 9 декември 2017 (посет. 9 декември 2017 г).
  32. Карпош Соколи 2000-Работнички 61:99“, fibalivestats.com, 16 декември 2017 (посет. 16 декември 2017 г).
  33. Работнички-Струмица 108:57“, fibalivestats.com, 22 декември 2017 (посет. 23 декември 2017 г).
  34. Работнички-Куманово 2009 81:77“, fibalivestats.com, 13 јануари 2018 (посет. 13 јануари 2018 г).
  35. Фени Индустри-Работнички 55:74“, fibalivestats.com, 17 јануари 2018 (посет. 18 јануари 2018 г).
  36. Работнички-Кожув 76:64“, fibalivestats.com, 27 јануари 2018 (посет. 28 јануари 2018 г).
  37. Пелистер-Работнички 57:106“, fibalivestats.com, 3 февруари 2018 (посет. 4 февруари 2018 г).
  38. Работнички-Шкупи 113:62“, fibalivestats.com, 7 февруари 2018 (посет. 7 февруари 2018 г).
  39. Ангел Тасевски ќе биде новиот извршен директор на Работнички“, sportmedia.mk, 13 февруари 2018 (посет. 2 март 2018 г).
  40. Работнички-Карпош Соколи 2000 103:49“, fibalivestats.com, 16 февруари 2018 (посет. 17 февруари 2018 г).
  41. Работнички-Куманово 2009 77:68“, fibalivestats.com, 17 февруари 2018 (посет. 23 февруари 2018 г).
  42. Работнички-МЗТ Аеродром 67:76“, fibalivestats.com, 18 февруари 2018 (посет. 23 февруари 2018 г).
  43. Блокотехна-Работнички 67:73“, fibalivestats.com, 3 март 2018 (посет. 3 март 2018 г).
  44. Работнички-Гостивар 74:49“, fibalivestats.com, 10 март 2018 (посет. 11 март 2018 г).
  45. Толку од дербито – ќе се доигра утре пред празни трибини“, ekipa.mk, 17 март 2018 (посет. 18 март 2018 г).
  46. Работнички-МЗТ Аеродром 100:84“, fibalivestats.com, 18 март 2018 (посет. 18 март 2018 г).
  47. АВ Охрид-Работнички 69:100“, fibalivestats.com, 23 март 2018 (посет. 24 март 2018 г).
  48. Работнички-Карпош Соколи 2000 96:59“, fibalivestats.com, 24 март 2018 (посет. 24 март 2018 г).
  49. Работнички го договори Димитар Караџовски од Куманово“, gol.mk, 27 март 2018 (посет. 28 март 2018 г).
  50. КАРАЏОВСКИ ПРЕСЕЧЕ: Си заминувам од Куманово – изборот е Работнички!“, sportmedia.mk, 27 март 2018 (посет. 28 март 2018 г).
  51. МКФ одлучи: Работнички останува во „Градски парк““, ekipa.mk, 27 март 2018 (посет. 28 март 2018 г).
  52. Управниот одбор одлучи: Работнички ќе игра во „Градски парк“, без промени во Првата лига“, sportmedia.mk, 27 март 2018 (посет. 28 март 2018 г).
  53. Струмица-Работнички 77:103“, fibalivestats.com, 28 март 2018 (посет. 28 март 2018 г).
  54. Шон Еванс последното парче од мозаикот на Работнички“, ekipa.mk, 30 март 2018 (посет. 7 април 2018 г).
  55. Шон Еванс од Аргентина пристигна во Работнички“, gol.mk, 30 март 2018 (посет. 7 април 2018 г).
  56. АВ Охрид-Работнички 55:85“, fibalivestats.com, 1 април 2018 (посет. 1 април 2018 г).
  57. Работнички-Гостивар 71:57“, fibalivestats.com, 5 април 2018 (посет. 7 април 2018 г).
  58. Куманово 2009-Работнички 83:82“, fibalivestats.com, 11 април 2018 (посет. 15 април 2018 г).
  59. И тоа ќе го видиме – вечно дерби во Гостивар“, ekipa.mk, 16 април 2018 (посет. 16 април 2018 г).
  60. Зошто Работнички избега дури до Гостивар? Без публика може да игра во „Кале“...“, sportmedia.mk, 16 април 2018 (посет. 16 април 2018 г).
  61. Работнички-МЗТ Аеродром 92:74“, fibalivestats.com, 16 април 2018 (посет. 16 април 2018 г).
  62. Блокотехна НБ-Работнички 86:93“, fibalivestats.com, 19 април 2018 (посет. 19 април 2018 г).
  63. Работнички-АВ Охрид 100:64“, fibalivestats.com, 21 април 2018 (посет. 22 април 2018 г).
  64. Гостивар-Работнички 69:74“, fibalivestats.com, 25 април 2018 (посет. 28 април 2018 г).
  65. Работнички-Куманово 2009 109:76“, fibalivestats.com, 28 април 2018 (посет. 29 април 2018 г).
  66. МЗТ Аеродром-Работнички 80:76“, fibalivestats.com, 3 мај 2018 (посет. 5 мај 2018 г).
  67. Работнички-Блокотехна НБ 78:65“, fibalivestats.com, 5 мај 2018 (посет. 5 мај 2018 г).
  68. Работнички-Куманово 2009 101:72“, fibalivestats.com, 9 мај 2018 (посет. 11 мај 2018 г).
  69. Куманово 2009-Работнички 68:82“, fibalivestats.com, 12 мај 2018 (посет. 14 мај 2018 г).
  70. Работнички-Куманово 2009 81:65“, fibalivestats.com, 14 мај 2018 (посет. 15 мај 2018 г).
  71. Работнички-МЗТ Аеродром 86:77“, fibalivestats.com, 20 мај 2018 (посет. 20 мај 2018 г).
  72. МЗТ Аеродром-Работнички 75:76“, fibalivestats.com, 23 мај 2018 (посет. 23 мај 2018 г).
  73. Работнички-МЗТ Аеродром 87:84“, fibalivestats.com, 25 мај 2018 (посет. 26 мај 2018 г).