КК Работнички сезона 2016/17

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сезона на КК Работнички 2016/17
Лига Прва Лига Мажи
Спорт Кошарка
Прва Лига Мажи 2016/17
КК Работнички сезони

← 2015/16

2017/18 →

Сезоната 2016/17 на КК Работнички била 25. сезона во Првата македонска кошаркарска лига и 71. сезона од неговото постоење. Клубот оваа сезона стигнал до полуфиналето во Купот и Првенството.

Преглед на сезоната[уреди | уреди извор]

Предсезонски подготовки и промени[уреди | уреди извор]

На почетокот на јули, извршниот директор на Работнички поднесол своја оставка.[1] Ден потоа Диме Тасовски и Димитар Мираковски потпишале нов договор со Работнички за новата сезона.[2][3][4] Исто така, во екипата бил задржан Виктор Ефремовски, Петар Николиќ, Ненад Станков, Бојан Крстевски како и Ѓорѓи Чековски.[5][6] На местото на извршен директор бил назначен Оливер Тоновски.[7] На крајот на август, организаторот на игра од минатата сезона - Андреј Цветковски, потпишал двегодишен договор со МЗТ Аеродром.[8][9] Истовремено бил одржан и првиот тренинг на екипата во салата Градски Парк, каде бил присутен и интернационалецот Перо Антиќ и Кирил Павловски.[10]

На почетокот на септември, тазе пензионираниот кошаркар, Тони Симиќ бил ангажиран да биде тренер на младинската школа.[11] Истовремено, бившиот репрезентативец на Македонија, Владо Илиевски потпишал договор со важност од една година, но во истиот постоела клаузула која му овозможувала на Илиевски да замине во странство до крајот на календарската 2016 година.[12][13] Исто како Илиевски, од Италија, пристигнал 19-годишниот Андреј Маслинко. Маслинко претходно играл во јуниорскиот тим на Пафони Омења во Серија А2.[6][14] Договорот бил со рок на траење од три години.[15] На крајот на септември, во редовите на Работнички пристигнал центарот Ненад Мишановиќ кој ланската сезона играл во КК Куманово.[16]

По повод 70 години од создавањето на КК Работнички, на 30 септември во спортскиот центар Борис Трајковски, клубот ќе одигра натпревар со турскиот првак и европскиот вицепрвак од ланската сезона - Фенербахче.[17][18] Исто така управата најавила изградба на нова сала, која ќе распише меѓународен тендер во ноември, за на истата локација.[19][20] Легендата на македонска кошарка, Тодор Гечевски, на натпреварот против Фенербахче официјално се збогувал од активното играње кошарка.[21][22][23][24][25][26] Пред натпреварот со Фенербахче, Работнички ги претставил дресовите за новата сезона.[27] Ревијалниот натпревар завршил со победа на Фенербахче со резултат од 60:92.[28][29]

На почетокот на октомври, кошаркарите од ланската сезона, Бојан Крстевски и Ивица Димчевски, потпишале за Кожув,[30][31] односно Струмица.[32] На крајот на ноември, за Работнички потпишал Канаѓанецот Николас Вигинс кој претходно настапувал за австралиски Мекеј Метеорс.[33][34]

Ноември[уреди | уреди извор]

Во првото коло на прволигашката сезона, Работнички му бил домаќин на Куманово 2009. Резултатот гласел 89:52 за Работнички. Николас Вигинс имал најмногу бодови - 19, кој заедно со Ѓорѓи Чековски и Ненад Мишановиќ завршиле со пет скокови, додека Владо Илиевски остварил 5 асистенции.[35]

Кошаркарите на Работнички од ланската сезона, Јован Марковски и Ненад Станков, потпишале за Вардар.[36]

Во второто коло Работнички и гостувал на Струмица која ја победил со 68:85. Диме Тасовски остварил 26 бода, Ненад Мишановиќ имал осум скокови, а Владо Илиевски завршил со десет асистенции.[37]

Во третото коло Работнички дома го победил Вардар со резултат 92:65. Николас Вигинс со 17 бода бил најдобар стрелец, Ненад Мишановиќ имал шест скокови, и Владо Илиевски со шест асистенции како најдобар додавач.[38]

Декември[уреди | уреди извор]

Во четвртото коло Работнички му бил домаќин на Кожув и го победил со 81:80. Најдобар бодтер бил Диме Тасовски со 18 бода, Ѓорѓи Чековски завршил со седум скокови, додека Владо Илиевски остварил осум асистенции.[39]

Во петтото коло Работнички му гостувал на АВ Охрид и го победил со резултат 53:71. Најдобри поединци биле Ѓорѓи Чековски со 18 бода, Диме Тасовски со осум скокови и Димитар Мираковски со шест асистенции.[40]

Во шестото коло Работнички го победил Пелистер на домашен терен со резултат 90:53. Владо Илиевски и Николас Вигинс завршиле со 19 бода, Ѓорѓи Чековски имал 13 скокови, додека Виктор Ефремовски остварил шест асистенции.[41]

Во седмото коло Работнички на гости го победил Фени Индустри со 76:84. Димитар Мираковски бил најдобар бодтер во составот со 20 бода, Ѓорѓи Чековски бил со 9 скокови и Владо Илиевски со десет асистенции бил најдобар додавач.[42]

Во осмото коло Работнички на гости загубил од Куманово 2009 со резултат 86:83. Истакнати поединци биле Ѓорѓи Чековски со 19 бода, Николас Вигинс со 11 скокови и Владо Илиевски со седум асистенции.[43]

На почетокот на зимската пауза, Работнички не ја продолжил соработката со Николас Вигинс, при што кошаркарот си заминал од екипата.[44][45]

Јануари[уреди | уреди извор]

На почетокот на јануари, извршниот директор Оливер Тоновски си поднел оставка од клубот.[46][47]

Во деветтото коло Работнички на домашен терен ја победил Струмица со резултат 104:64. Со 21 бод завршиле Виктор Ефремовски и Андреј Маслинко, притоа Маслинко имал и девет скокови, а Владо Илиевски остварил 11 асистенции.[48]

Во десеттото коло Работнички на гости го победил Вардар со резултат 73:82. Најистакнати играчи биле Владо Илиевски со 20 бода и осум асистенции и Ненад Мишановиќ со 11 скокови.[49]

На крајот на месецот, Илиевски потпишал нов договор со Работнички односно ја продолжил соработката до крајот на сезоната.[50]

Февруари[уреди | уреди извор]

Во единаесеттото коло Работнички на гости загубил од Кожув со 77:56. Ѓорѓи Чековски со завршил натпреварот со 14 бода и девет скокови, додека Петар Николиќ имал седум асистенции.[51]

Младиот кошаркар Лука Петровски, кој последен пат играл за албанска Тирана, потпишал за Работнички.[52]

Во дванаесеттото коло Работнички во Салата Градски Парк го победил АВ Охрид со 97:61. Науспешни кошаркари биле Виктор Ефремовски со 24 бода, Ненад Мишановиќ и Андреј Маслинко со девет скокови, и Ѓорѓи Чековски со седум асистенции.[53]

Поради повреда на рамото, Владо Илиевски го пропуштил престојниот Куп на Македонија 2017.[54][55][56]

Во четвртфиналето од Купот на Македонија, Работнички во Салата Јасмин во Кавадарци го победил Куманово 2009 со резултат 87:81. Истакнати играчи биле Ненад Мишановиќ со 23 бода и осум скокови, како и Димитар Мираковски со седум асистенции.[57]

Во полуфиналето од Купот, Работнички изгубил од Карпош Соколи 2000 со 78:92. Најуспешни кошаркари биле Диме Тасовски со 23 бода, Ненад Мишановиќ со девет скокови и Димитар Мираковски со седум асистенции.[58]

Во тринаесеттото коло Работнички на гостински терен го победил Пелистер со 95:60. Андреј Маслинко завршил со 23 бода и 13 скокови, додека Димитар Мираковски остварил десет асистенции.[59]

Март[уреди | уреди извор]

Во четиринаесеттото коло Работнички во Салата Градски Парк загубил од Фени Индустри со 83:86. Диме Тасовски постигнал 30 бода и седум скокови, исто толку скокови како Ѓорѓи Чековски, додека Петар Николиќ и Димитар Мираковски оствариле по пет асистенции.[60] Работнички ја завршил Првата лига (првиот дел) на второто место и продолжил во Супер лигата.

Ѓорѓи Чековски поради повреда на мускулот не можел да настапува против Карпош Соколи 2000 во првото коло од Супер лигата.[61][62]

Работнички загубил од Карпош Соколи на гости со резултат 94:90. Најдобар стрелец бил Диме Тасовски со 37 бода, Ненад Мишановиќ имал осум скокови, а Димитар Мираковски завршил со осум асистенции.[63]

Во второто коло Работнички дома го победил Куманово 2009 со 87:69. Најуспешен кошаркар бил Ненад Мишановиќ со 29 бода и 11 скокови, додека најдобар додавач бил Димитар Мираковски со девет асистенции.[64]

Во третото коло Работнички на гости загубил од МЗТ Аеродром со 87:68. Истакнати играчи биле Диме Тасовски со 25 бода, Ненад Мишановиќ со девет скокови и Владо Илиевски со осум асистенции.[65]

Април[уреди | уреди извор]

Во четвртото коло Работнички дома го победил Кожув со 68:67. Најуспешен кошаркар бил Владо Илиевски со 13 бода и четири асистенции, додека Диме Тасовски и Ненад Мишановиќ завршиле со седум скокови.[66]

Во петтото коло Работнички го победил Фени Индустри на домашен терен со 84:69. Со најмногу бодови бил Диме Тасовски кој завршил со 22 бода како и шест скокови, исто колку и Ненад Мишановиќ, а Димитар Мираковски имал пет забележани асистенции.[67]

Во шестото коло Работнички на свој терен го победил Карпош Соколи 2000 со 79:74. Ѓорѓи Чековски бил најдобар бодтер со 22 бода, Диме Тасовски остварил девет скокови, додека Владо Илиевски забележал осум асистенции.[68]

Во седмото коло Работнички на гости загубил од Куманово 2009 со 79:77. Истакнати играчи биле Диме Тасовски со 16 бода и Димитар Мираковски со седум скокови и 11 асистенции.[69]

Во осмото коло Работнички во салата Градски Парк го победил МЗТ Аеродром со 78:70. Најуспешни кошаркари биле Ѓорѓи Чековски со 19 бода, Ненад Мишановиќ со десет скокови и Владо Илиевски со девет асистенции.[70]

Во деветтото коло Работнички на гости го победил Кожув со 75:82. Ненад Мишановиќ завршил со 23 бода и 13 скокови, додека Владо Илиевски бил најдобар додавач со 11 асистенции.[71]

Во десеттото коло Работнички го поразил домаќинот Фени Индустри со 61:89. Најистакнати кошаркари биле Ненад Мишановиќ со 18 бода и девет скокови, додека Владо Илиевски забележал пет асистенции.[72]

Работнички завршил на второто место во Супер лигата и обезбедил пласман во разигрувањето.

Мај[уреди | уреди извор]

Во првиот натревар во полуфиналето од разигрувањето, Работнички дома загубил од Карпош Соколи 2000 со 76:77. Диме Тасовски завршил со 19 бода, Ѓорѓи Чековски имал девет скокови, а Владо Илиевски остварил седум асистенции.[73]

Во вториот натпревар Работнички на гости загубил од Карпош Соколи 2000 со резултат од 90:79. Ѓорѓи Чековски имал 26 бода, Ненад Мишановиќ бил со девет скокови, додека Владо Илиевски завршил со девет асистенции.[74]

Во третиот натпревар Работнички повторно загубил дома со резултат од 65:76 и со 0-3 во победи бил елиминиран. Најуспешни кошаркари на натпреварот биле Ѓорѓи Чековски со 15 бода, Ненад Мишановиќ со 12 скокови и Димитар Мираковски со седум асистенции.[75]

Состав и стручен штаб[уреди | уреди извор]

Играчки состав[уреди | уреди извор]

број име висина
(цм)
позиција години националност пристигнал
во (година)
претходен клуб
5 Димитар Мираковски (К) 177 Разигрувач 36 Македонија Македонија 2014 Кожув
8 Петар Николиќ 189 Бек 23 Македонија Македонија
 Србија
2015 Водњански Лисици
18 Ненад Мишановиќ 217 Центар 32  Србија 2016 Куманово 2009
10 Диме Тасовски 200 Крилен центар 36 Македонија Македонија 2016 Струмица
6 Владо Илиевски 188 Разигрувач 37 Македонија Македонија 2016 Капо Д'Орландо Италија
9 Ѓорѓи Чековски 203 Крилен центар 37 Македонија Македонија 2015 Сигал Приштина Косово
22 Андреј Маслинко 206 Центар 19 Македонија Македонија 2016 Омења Италија
25 Виктор Ефремовски 191 Крило 18 Македонија Македонија 2015 Вардар
4 Кирил Павловски 210 Центар 34 Македонија Македонија 2016 Естела Шпанија
24 Лука Петровски 196 Разигрувач 20 Македонија Македонија 2017 Тирана Албанија
Повремени играчи од младинските погони на Работнички
12 Андреј Јордановски 183 Разигрувач 17 Македонија Македонија 2017 Вардар
24 Славчо Темелковски 199 Центар 17 Македонија Македонија 2016 Младински состав
21 Стефан Цариќ 19 Македонија Македонија 2016 Младински состав
17 Константин Мартиновски 19 Македонија Македонија 2016 Младински состав
12 Андреа Деолски 17 Македонија Македонија 2016 Младински состав

Извор: Македонска Кошаркарска Федерација eurobasket.com

Играчи кои го напуштиле клубот за време на сезоната[уреди | уреди извор]

број име висина
(цм)
позиција години националност пристигнал
во (година)
претходен клуб заминал
во (година)
следен клуб
24 Николас Вигинс 198 Бек /
Крило
25  Канада 2016 Мекеј Метеорс Австралија 2016 Оренџвил А'с Канада

Стручен штаб[уреди | уреди извор]

име функција
Марин Докузовски тренер
Перо Блажевски помошник тренер
Марко Докузовски помошник тренер
Ристо Гапиќ службен претставник
Бранислав Марковски службен претставник
Кристијан Кајчевски технички раководител
Виктор Тевчев лекар
Михајло Манојлов физиотерапевт

Извор: Македонска Кошаркарска Федерација

Статистика[уреди | уреди извор]

Прва Лига Мажи 2016/17 Куп 2017
Прва лига Супер лига Разигрување
О П З Бод Поз О П З Бод Поз О П З Поз
14 11 3 25 2. 10 7 3 17 2. 3 0 3 1/2 1/2

Легенда

  • О = Одиграни натпревари
  • П = Победи
  • З = Загубени
  • Пое = Бодови
  • Поз = Конечна позиција

  • 1/2 = Полуфинале
П ВП
Првак Вицепрвак

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Кичевски поднесе оставка од КК Работнички sportmedia.mk 4 јули 2016
  2. Тасовски уште една година во Работнички ekipa.mk 5 јули 2016
  3. Мираковски и следната сезона верен на Работнички ekipa.mk 5 јули 2016
  4. Во „Градски парк“ на ред е Чековски! sportmedia.mk 6 јули 2016
  5. Работнички во офанзива: „Сонот“ е Дамјан, понуди за уште тројца Македонци ekipa.mk 8 август 2016
  6. 6,0 6,1 Еден од најголемите македонски таленти доаѓа во Работнички! sport365.mk 8 септември 2016
  7. ЕКСКЛУЗИВНО: Оливер Тоновски - нов директор на Работнички sportmedia.mk 13 јули 2016
  8. Андреј Цветковски две години во МЗТ ekipa.mk 24 август 2016
  9. Младинскиот репрезентативец Цветковски потпиша за МЗТ sport365.mk 24 август 2016
  10. И Перо Антиќ на првиот тренинг во „Градски парк“ sportmedia.mk 24 август 2016
  11. Тони Симиќ нов тренер во школата на Работнички sportmedia.mk 5 септември 2016
  12. Владо Илиевски официјално потпиша за Работнички ekipa.mk 7 септември 2016
  13. ОФИЦИЈАЛНО: Илиевски една година во Работнички sportmedia.mk 7 септември 2016
  14. „По Илиевски, потпишан и Маслинко“. sportmedia.mk. 9 септември 2016. Посетено на 17 септември 2016.
  15. „Маслинко три години ќе го носи дресот на Работнички“. gol.mk. 9 септември 2016. Посетено на 17 септември 2016.
  16. „Работнички го тестираше Мишановиќ, но загуби од Пеќ“. sportmedia.mk. 24 септември 2016. Посетено на 22 ноември 2016.
  17. „Работнички слави 70 години постоење: Фенербахче 'прв гостин' на прославата“. ekipa.mk. 16 септември 2016. Посетено на 17 септември 2016.
  18. „Работнички и Фенербахче за заборав на црните денови“. sportmedia.mk. 16 септември 2016. Посетено на 17 септември 2016.
  19. „Најтрофејниот добива нов дом: Работнички ќе распише конкурс за нова сала во ноември!“. gol.mk. 16 септември 2016. Посетено на 17 септември 2016.
  20. „Пуштени билетите за Работнички – Фенербахче во продажба по цена од 200 денари“. ekipa.mk. 17 септември 2016. Посетено на 17 септември 2016.
  21. „Антиќ го испраќа Гечевски во пензија“. sportmedia.mk. 27 септември 2016. Посетено на 29 септември 2016.
  22. „Гечевски ќе се збогува со кошарката на ревијалниот натпревар против Фенербахче“. ekipa.mk. 27 септември 2016. Посетено на 29 септември 2016.
  23. „Гечевски ќе го одигра последниот кошаркарски „танц" против Фенербахче“. gol.mk. 27 септември 2016. Посетено на 29 септември 2016.
  24. „Гечевски испратен со овации“. sportmedia.mk. 30 септември 2016. Посетено на 2 октомври 2016.
  25. „Гечевски: Ова е идеален крај, голема благодарност до сите…“. ekipa.mk. 30 септември 2016. Посетено на 2 октомври 2016.
  26. „Гечевски се „одјави" како што најдобро знае – со дефанзивен скок и два бода!“. gol.mk. 30 септември 2016. Посетено на 2 октомври 2016.
  27. „Работнички ги промовираше дресовите за новата сезона“. gol.mk. 29 септември 2016. Посетено на 29 септември 2016.
  28. „Работнички ќе го памети овој роденден“. sportmedia.mk. 30 септември 2016. Посетено на 2 октомври 2016.
  29. „Фенер и Перо во „роденденскиот меч" го освоија Скопје, но 7.000 грла грмеа за Работнички и Тоше!“. gol.mk. 30 септември 2016. Посетено на 2 октомври 2016.
  30. „Крстевски го засилува Кожув“. sportmedia.mk. 4 октомври 2016. Посетено на 10 октомври 2016.
  31. „Бојан Крстевски, нов центар на Кожув“. ekipa.mk. 4 октомври 2016. Посетено на 10 октомври 2016.
  32. „Димчевски продолжува со Струмица“. sportmedia.mk. 6 октомври 2016. Посетено на 10 октомври 2016.
  33. „Ник Вигинс е нов играч на Работнички“. ekipa.mk. 25 октомври 2016. Посетено на 1 ноември 2016.
  34. „Илиевски повреден, Вигинс на тренинг во „Градски парк". sportmedia.mk. 28 октомври 2016. Посетено на 1 октомври 2016.
  35. „Работнички-Куманово 2009 89:52“. fibalivestats.com. 19 ноември 2016. Посетено на 22 ноември 2016.
  36. „Преселба од „Градски парк" на „Кале": Марковски и Станков за посилен Вардар“. sportmedia.mk. 26 ноември 2016. Посетено на 28 ноември 2016.
  37. „Струмица-Работнички 68:85“. fibalivestats.com. 27 ноември 2016. Посетено на 27 ноември 2016.
  38. „Работнички-Вардар 92:65“. fibalivestats.com. 30 ноември 2016. Посетено на 1 декември 2016.
  39. „Работнички-Кожув 81:80“. fibalivestats.com. 3 декември 2016. Посетено на 5 декември 2016.
  40. „АВ Охрид-Работнички 51:73“. fibalivestats.com. 10 декември 2016. Посетено на 13 декември 2016.
  41. „Работнички-Пелистер 90:53“. fibalivestats.com. 16 декември 2016. Посетено на 30 декември 2016.
  42. „Фени Индустри-Работнички 76:84“. fibalivestats.com. 21 декември 2016. Посетено на 30 декември 2016.
  43. „Куманово 2009-Работнички 86:83“. fibalivestats.com. 24 декември 2016. Посетено на 30 декември 2016.
  44. „Вигинс си заминува од Работнички“. ekipa.mk. 25 декември 2016. Посетено на 30 декември 2016.
  45. „Канаѓанецот си заминува од Работнички - нема нов договор за Вигинс“. gol.mk. 25 декември 2016. Посетено на 30 декември 2016.
  46. „Во КК Работнички не се знае кој пие, а кој плаќа“. vecer.mk. 4 јануари 2017. Посетено на 15 јануари 2017.
  47. „Има ли Работнички решенија?“. sportmedia.mk. 11 јануари 2017. Посетено на 15 јануари 2017.
  48. „Работнички-Струмица 104:64“. fibalivestats.com. 25 јануари 2017. Посетено на 26 јануари 2017.
  49. „Вардар-Работнички 73:82“. fibalivestats.com. 28 јануари 2017. Посетено на 31 јануари 2017.
  50. „Илиевски останува во Работнички до крајот на сезонава“. ekipa.mk. 31 јануари 2017. Посетено на 1 февруари 2017.
  51. „Кожув-Работнички 77:56“. fibalivestats.com. 4 февруари 2017. Посетено на 5 февруари 2017.
  52. „Работнички се подмлади со Лука Петровски“. sportmedia.mk. 11 февруари 2017. Посетено на 13 февруари 2017.
  53. „Работнички-АВ Охрид 97:61“. fibalivestats.com. 11 февруари 2017. Посетено на 13 февруари 2017.
  54. „Работнички без Владо Илиевски во Купот на Македонија!“. ekipa.mk. 15 февруари 2017. Посетено на 19 февруари 2017.
  55. „Шампионот без Синовец, Работнички без Илиевски во Купот на Македонија“. gol.mk. 16 февруари 2017. Посетено на 19 февруари 2017.
  56. „Искуството е добитната „куп-карта" за Работнички“. sportmedia.mk. 17 февруари 2017. Посетено на 19 февруари 2017.
  57. „Работнички-Куманово 2009 87:81“. fibalivestats.com. 17 февруари 2017. Посетено на 19 февруари 2017.
  58. „Работнички-Карпош Соколи 2000 78:92“. fibalivestats.com. 18 февруари 2017. Посетено на 19 февруари 2017.
  59. „Пелистер-Работнички 95:60“. fibalivestats.com. 25 февруари 2017. Посетено на 25 февруари 2017.
  60. „Работнички-Фени Индустри 83:86“. fibalivestats.com. 4 март 2017. Посетено на 9 март 2017.
  61. „Работнички без Чековски на дербито со Карпош соколи“. ekipa.mk. 15 март 2017. Посетено на 17 март 2017.
  62. „Проблем за Работнички: Без Чековски против „соколите". sportmedia.mk. 15 март 2017. Посетено на 17 март 2017.
  63. „Карпош Соколи 2000-Работнички 94:90“. fibalivestats.com. 15 март 2017. Посетено на 17 март 2017.
  64. „Работнички-Куманово 2009 87:69“. fibalivestats.com. 19 март 2017. Посетено на 19 март 2017.
  65. „МЗТ Аеродром-Работнички 87:68“. fibalivestats.com. 25 март 2017. Посетено на 25 март 2017.
  66. „Работнички-Кожув 68:67“. fibalivestats.com. 1 април 2017. Посетено на 1 април 2017.
  67. „Работнички-Фени Индустри 84:69“. fibalivestats.com. 5 април 2017. Посетено на 5 април 2017.
  68. „Работнички-Карпош Соколи 2000 79:74“. fibalivestats.com. 9 април 2017. Посетено на 9 април 2017.
  69. „Куманово 2009-Работнички 79:77“. fibalivestats.com. 15 април 2017. Посетено на 23 април 2017.
  70. „Работнички-МЗТ Аеродром 78:70“. fibalivestats.com. 22 април 2017. Посетено на 23 април 2017.
  71. „Кожув-Работнички 75:82“. fibalivestats.com. 26 април 2017. Посетено на 26 април 2017.
  72. „Фени Индустри-Работнички 61:89“. fibalivestats.com. 29 април 2017. Посетено на 1 мај 2017.
  73. „Работнички-Карпош Соколи 2000 76:77“. fibalivestats.com. 5 мај 2017. Посетено на 12 мај 2017.
  74. „Карпош Соколи 2000-Работнички 90:79“. fibalivestats.com. 7 мај 2017. Посетено на 12 мај 2017.
  75. „Работнички-Карпош Соколи 2000 65:76“. fibalivestats.com. 9 мај 2017. Посетено на 12 мај 2017.