КК Работнички сезона 2015/16

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сезона на КК Работнички 2015/16
Лига Прва лига мажи
Спорт кошарка
Прва лига мажи 2015/16
Сезони на КК Работнички

← 2014/15

2016/17 →

Сезоната 2015/16 на КК Работнички била 24. сезона во Првата македонска кошаркарска лига и 70. сезона од неговото постоење. Клубот оваа сезона во Првенството и во Купот стигнал до четвртфиналето, додека во Суперкупот бил вицепрвак.

Преглед на сезоната[уреди | уреди извор]

Претсезонски подготовки и промени[уреди | уреди извор]

На крајот на јуни, Димитар Мираковски потпишал нов договор со Работнички за новата сезона.[1] Претседателот на КК Работнички - Ристо Гапиќ ги најавил целите за новата сезона, односно подмладување на составот, и создавање своја сопствена академија. Исто така тој најавил дека клубот нема да цели кон нови титули во новата сезона, туку поработување на внатрешната состојба на клубот.[2] Во јули, слободниот агент и најкорисен играч на претходната сезона - Ѓорѓи Чековски потпишал за косовски Сигал Приштина.[3][4][5] Управата на КК Работнички била во исчекување колкав ќе и биде буџетот за новата сезона, која требала да го добие од главниот сопственик - Општината Центар.[6] Дарко Соколов во август 2015 година по истекот на договорот го напуштил Работнички и потпишал за Карпош Соколи.[7][8][9] Неколку дена подоцна, доскорешните кошаркари на Работнички, Црногорецот Игор Бијелиќ и Србинот Марко Ѓурковиќ, потпишале за Куманово 2009,[10][11][12] односно за романска БЦМ У Питешт.[13][14] Клубот го напуштиле и Марјан Ѓуров како и Србинот Миљан Павковиќ. На местото на Марјан Србиновски, кој претходно станал селектор на македонската репрезентација, на негово место дошол Перо Блажевски на функцијата помошник тренер.[15] На средината на август, крилниот центар на екипата од минатата сезона - Тодор Гечевски станал координатор на младинските школи.[16][17][18]

На крајот на септември слободните агенти, репрезентативецот Стојан Ѓуроски кој претходната сезона играл за бугарски Левски и Бојан Крстевски кој настапувал во грчка Кавала, потпишале отворен договор со клубот.[19][20][21] Потпишал и Александар Стефановски кој дошол од екипата на Водњански Лисици.[22] Воедно во екипата се приклучиле и Андреј Цветковски од МЗТ Аеродром, Србинот Петар Николиќ од Водњански Лисици, Виктор Ефремовски од Вардар, Виктор Серафимовски од Шкупи, Ервин Цого од косовски Кастриоти, Томислав Петров од Кожув, како и Алаудин Мустафа од младинската екипа.[23] Истовремено бил одржан Управниот Одбор при што се одлучило колкав буџет ќе добие клубот за престојната сезона.[24][25]

Во возобновениот Суперкуп на Македонија кој се играл во Охрид и кој бил со нов формат,[26][27][28] Работнички во полуфиналето го победил фаворитот на хартија - Кожув со 79:56. Најмногу бодови остварил Стојан Ѓуровски кој завршил со 17 бода, Бојан Крстевски забележал 8 скокови додека Димитар Мираковски имал 8 асистенции.[29][30] Во финалето Работнички бил поразен од МЗТ Аеродром со резултат 62:81. Димитар Мираковски постигнал 16 бода и пет асистенции, додека Стојан Ѓуровски имал осум скокови.[31] Воедно Мираковски го добил признанието најкорисен играч на турнирот.[32][33][34]

На почетокот на октомври, бившиот селектор на македонската репрезентација Александар Џикиќ бил гостин во клубот каде одржал предавања на младинските екипи како и на тренерите.[35][36] Пред самиот почеток на новата сезона, нов договор потпишале Ивица Димчевски, Јане Петровски, како и репрезентативецот Бојан Трајковски кој претходно играл во Сигал Приштина.[37][38]

Октомври[уреди | уреди извор]

Во првото коло во Првенството, Работнички му гостувал на Кожув, каде бил поразен со 88:67. Најмногу бодови остварил Стојан Ѓуроски - 13, Петар Николиќ и Бојан Трајковски завршиле со пет скокови, а капитенот Димитар Мираковски имал пет асистенции.[39]

Иако било најавено дека Бојан Трајковски кој имал потпишано отворен договор со Работнички, дека преминал во грчки Аполон Патрас,[40][41][42] тој сепак не нашол заеднички договор со Аполон и останал во Работнички.[43][44]

Во второто коло, Работнички му бил домаќин на гевгелиски Бест кој го победил со 84:46. Најдобар бодтер бил Виктор Серафимовски со 19 бода, Бојан Трајковски забележал седум скокови и Димитар Мираковски имал пет асистенции.[45]

За време на последните тренинзи пред натпреварот против Фени Индустри, Ивица Димчевски ги скинал лигаментите на коленото и лекарските прегледи потврдиле дека ќе ја пропушти целата сезона.[46][47][48][49] Истовремено пред натпреварот, во екипата пристигнал Јован Марковски кој бил слободен играч, а претходно настапувал во Фени Индустри.

Третото коло било одбележано со победа кога Работнички го победил Фени Индустри на гости со 79:82. Бојан Трајковски имал 23 бода и седум скокови, а Димитар Мираковски придонел со девет асистенции.[50]

Работнички во четвртото коло ја пречекал Струмица и ја победил со 88:68. Најдобар бил Бојан Трајковски со 22 бода и десет скокови, а Димитар Мираковски придонел со шест асистенции.[51]

Ноември[уреди | уреди извор]

Во петтото коло Работнички бил поразен при гостувањето кај МЗТ Аеродром со 90:85. Јане Петровски постигнал 22 бода како и четири скокови, а исто толку скокови имале Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски и Бојан Трајковски, воедно Димитар Мираковски имал девет асистенции.[52]

Во шестото коло Работнички бил поразен кога му бил домаќин на Куманово 2009 со резултат 64:82. Најмногу бодови остварил Стојан Ѓуроски - 16, а Димитар Мираковски имал седум скокови и шест асистенции.[53]

По шестото коло, Јане Петровски го напуштил Работнички и потпишал за Фени Индустри.[54][55][56]

Во седмото коло Работнички гостувал кај Карпош Соколи 2000 и притоа бил поразен со 87:64. Бојан Крстевски имал 15 бода, Стојан Ѓуроски остварил седум скокови исто како и Димитар Мираковски кој воедно имал и девет асистенции.[57]

Претходно од составот биле отстранети Ервин Цого кој заминал во Шкупи[58] и Виктор Серафимовски кој се преселил во Гостивар 2015, а бил пријавен Михајло Митев.

На крајот на ноември, Работнички раскинал со Бојан Трајковски кој потпишал со Куманово 2009,[59][60] а на негово место дошол повратникот Ѓорѓи Чековски потпишувајќи отворен договор, откако претходно Чековски раскинал со косовска Сигал Приштина.[61][62]

Во осмото коло Работнички загубил дома од Кожув со резултат 61:62. Најдобар поединец бил Горѓи Чековски со 28 бода и девет скокови, додека Димитар Мираковски остварил пет асистенции.[63]

Декември[уреди | уреди извор]

Во деветтото коло Работнички гостувал кај Бест и го победил со 56:84. Најдобар бодтер бил Стојан Ѓуроски со 22 бода и со 14 скокови, а Ѓорѓи Чековски имал четири асистенции.[64]

Во десеттото коло Работнички бил поразен од Фени Индустри на домашен терен со 59:76. Најдобар играч бил Димитар Мираковски со 14 бода и шест асистенции, додека Ѓорѓи Чековски имал десет скокови.[65]

Во единаесеттото коло била поразена Струмица на гости со 56:79. Најдобар поединец бил Димитар Мираковски со 20 бода и три асистенции, а Ѓорѓи Чековски остварил 11 скокови.[66]

Во дванаесеттото коло Работнички бил поразен дома од МЗТ Аеродром со 75:86. Најистакнати биле Ѓорѓи Чековски со 23 бода и 11 скокови и Димитар Мираковски со 10 асистенции.[67]

Веднаш по натпреварот Стојан Ѓуроски го напуштил клубот и се преселил во Кожув.[68][69][70] Истовремено Ѓорѓи Чековски потпишал за Работнички до крајот на сезоната.[71][72]

Јануари[уреди | уреди извор]

Во средината на јануари, крилниот центар Бојан Крстевски се здобил со скршеница на стапалото.[73]

Во тринаесеттото коло Работнички загубил на гости од Куманово 2009 со 83:67. Најдобар бодтер бил Александар Стефановски со 24 бода, најмногу скокови имал Ѓорѓи Чековски - 12, додека Димитар Мираковски остварил пет асистенции.[74]

Во четиринаесеттото коло Работнички бил поразен дома од страна на Карпош Соколи 2000 со 69:80. Најмногу бодови имал Димитар Мираковски - 27 како и шест асистенции, а Ѓорѓи Чековски имал 14 скокови.[75]

Веднаш по натпреварот Диме Тасовски по четврти пат потпишал за Работнички, а претходно играл за КК Струмица.[76][77][78]

На крајот на јануари 2016 година било најавено дека Тодор Гечевски повторно ќе се активира како кошаркар и да се врати во екипата на Работнички,[79][80][81] но тоа не се остварило.

Во петнаесеттото коло Работнички загубил дома од Куманово 2009 со резултат од 76:87. Со најмногу бодови (27) завршил Диме Тасовски и истовремено се истакнал Ѓорѓи Чековски со девет скокови и седум асистенции.[82]

Февруари[уреди | уреди извор]

Во шестнаесетото коло Работнички победил на гости против Бест со 62:78. Најдобар бодтер бил Димитар Мираковски со 23 бода и со пет асистенции, а Ѓорѓи Чековски остварил десет скокови.[83]

Во седумнаесеттото коло Работнички дома го поразил МЗТ Аеродром со 74:71. Најдобар стрелец бил Диме Тасовски со 19 бода, со осум скокови завршиле Ѓорѓи Чековски и Виктор Ефремовски, додека Димитар Мираковски и Петар Николиќ имале шест асистенции.[84]

За време на Купот на Македонија 2016, Работнички загубил во четвртфиналето од Куманово 2009 со 85:79. Најдобар играч бил Ѓорѓи Чековски со 28 бода и 14 скокови, а најмногу асистенции остварил Димитар Мираковски - девет.[85]

Во осумнаесеттото коло Работнички бил поразен од Фени Индустри на домашен терен со 66:75. Најдобар бодтер бил Ѓорѓи Чековски со 17 бода, додека Диме Тасовски имал осум скокови и четири асистенции.[86]

Март[уреди | уреди извор]

Во деветнаесеттото коло Работнички на гости загубил против Карпош Соколи 2000 со 83:72. Најдобар играч бил Ѓорѓи Чековски со 29 бода и со 12 скокови, а Јован Марковски остварил пет асистенции.[87]

Во дваесеттото коло Работнички ја поразил Струмица на домашен терен со 85:61. Најдобар бодтер бил Диме Тасовски со 27 бода и седум скокови, исто толку скокови како Петар Николиќ кој имал и шест асистенции.[88]

Во дваесет и првото коло Работнички победил на гости против Кожув со 75:81. Ѓорѓи Чековски имал 30 бода и 14 скокови, додека Диме Тасовски и Петар Николиќ оствариле четири асистенции.[89]

Во дваесет и второто коло Работнички на гости загубил против Куманово 2009 со 98:67. Најдобар играч бил Ѓорѓи Чековски со 18 бода и со 11 скокови, а Петар Николиќ остварил пет асистенции.[90]

Април[уреди | уреди извор]

Во дваесет и третото коло Работнички го победил Бест со 90:88. Најдобар играч бил Димитар Мираковски со 28 бода и седум асистенции, а Диме Тасовски остварил 15 скокови.[91]

Во дваесет и четвртото коло Работнички бил поразен при гостувањето кај МЗТ Аеродром со 81:71. Димитар Мираковски постигнал 23 бода како и пет асистенции, додека Ѓорѓи Чековски завршил со седум скокови.[92]

На почетокот на април, актуелниот тренер на Работнички, Марин Докузовски потпишал договор во кој во следната сезона да остане како тренер на Работнички.[93]

Во дваесет и петтото коло Работнички загубил на гости против Фени Индустри со 108:93. Најдобар поединец бил Ѓорѓи Чековски со 23 бода, 14 скокови и десет асистенции.[94]

Во дваесет и шестото коло Работнички бил поразен дома од страна на Карпош Соколи 2000 со 80:98. Најмногу бодови имал Ѓорѓи Чековски - 28 како и девет скокови, а Димитар Мираковски имал девет асистенции.[95]

Во дваесет и седмото коло била поразена Струмица на гости со 63:83. Најдобар кошаркар во екипата бил Димитар Мираковски со 29 бода и десет скокови и четири асистенции.[96]

Во дваесет и осмото коло Работнички загубил дома од Кожув со резултат 75:76. Најдобар поединец бил Горѓи Чековски со 21 бод и девет асистенции, додека Диме Тасовски остварил десет скокови.[97]

Разигрувањето Работнички го започнал во четвртфиналето против Куманово 2009 со негатива во победи 0-1 поради лошиот меѓусебен двобој со противникот (0-4). Во првиот натпревар Работнички на гости го победил Куманово 2009 со 82:85 и со тоа израмнил на 1-1. Најдобар бодтер бил Горѓи Чековски со 21 бод, додека Димитар Мираковски завршил со осум скокови и четири асистенци, исто толку асистенции како и Јован Марковски.[98]

Во вториот натпревар Работнички дома загубил против Куманово 2009 со 60:77. Јован Марковски имал 17 бода, Ѓорѓи Чековски завршил со девет скокови, а Димитар Мираковски остварил девет асистенции.[99]

Мај[уреди | уреди извор]

Во третиот натпревар Работнички загубил на гости од Куманово 2009 со 100:94 при што бил елиминиран во разигрувањата со 3-1 во победи. Најдобар играч во екипата бил Ѓорѓи Чековски со 29 бода, десет скокови и девет асистенции.[100]

Состав и стручен штаб[уреди | уреди извор]

Играчки состав[уреди | уреди извор]

број име висина см позиција години националност година на пристигнување претходен клуб
8 Петар Николиќ 189 Бек 22 Македонија Македонија
 Србија
2015 Водњански Лисици
5 Димитар Мираковски (К) 177 Плејмејкер 35 Македонија Македонија 2014 Кожув
22 Ѓорѓи Чековски (Зам. К) 203 Крилен центар 36 Македонија Македонија 2015 Сигал Приштина Косово
10 Јован Марковски 197 Крило 28 Македонија Македонија 2015 Фени Индустри
Диме Тасовски 200 Крилен центар 35 Македонија Македонија 2016 Струмица
7 Андреј Цветковски 186 Плејмејкер 19 Македонија Македонија 2015 МЗТ Аеродром
9 Виктор Ефремовски 191 Крило 17 Македонија Македонија 2015 Вардар
12 Бојан Крстевски 206 Крилен центар /
Центар
26 Македонија Македонија 2015 Кавала Грција
10 Ивица Димчевски 195 Бек /
Крилен центар
26 Македонија Македонија 2014 Куманово 2009
4 Алаудин Мустафа 21 Македонија Македонија 2014 Младински тим
15 Александар Стефановски 200 Бек /
Крилен центар
28 Македонија Македонија 2015 Водњански Лисици
6 Ненад Станков 192 Крило 24 Македонија Македонија 2014 Фени Индустри
14 Илин Веселковски 20 Македонија Македонија 2014 Младински тим
23 Томислав Петров 17 Македонија Македонија 2015 Кожув

Извор: eurobasket.combasketball.org.mk Архивирано на 8 април 2016 г.

Играчи кои го напуштиле клубот за време на сезоната[уреди | уреди извор]

број име висина см позиција години националност година на
пристигнување
претходен клуб година на
заминување
следен клуб
4 Јане Петровски 181 Разигрувач 30 Македонија Македонија 2011 МЗТ Аеродром 2015 Фени Индустри
23 Ервин Цого 186 Разигрувач 22 Македонија Македонија 2015 Кастриоти Косово 2015 Шкупи
9 Виктор Серафимовски 25 Македонија Македонија 2015 Шкупи 2015 Гостивар 2015
21 Бојан Трајковски 206 Центар /
Крилен центар
29 Македонија Македонија 2015 Сигал Приштина Косово 2015 Куманово 2009
11 Стојан Ѓуроски 203 Крилен центар 24 Македонија Македонија 2015 Левски 2014 Бугарија 2015 Кожув

Стручен штаб[уреди | уреди извор]

име функција
Марин Докузовски тренер
Перо Блажевски помошник тренер
Ристо Гапиќ службен претставник
Бранислав Марковски службен претставник
Марко Докузовски технички раководител
Виктор Тевчев лекар
Михајло Манојлов физиотерапевт

Извор: basketball.org.mk Архивирано на 8 април 2016 г.

Статистика[уреди | уреди извор]

Прва лига мажи 2015/16 Куп 2016 Суперкуп 2015
Регуларен дел Разигрување
О П З Бод Поз О П З Поз
28 11 17 39 6. 3 1 2 1/4 1/4 ВП

Легенда

  • О = Одиграни натпревари
  • П = Победи
  • З = Загубени
  • Пое = Бодови
  • Поз = Конечна позиција

  • 1/4 = Четвртфинале
П ВП
Првак Вицепрвак

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мираковски ќе го предводи „подмладениот Работнички“ Архивирано на 30 јуни 2015 г. ekipa.mk 29 јуни 2015
  2. Ристо Галиќ за Спортклуб: Работнички ќе биде расадник на млади таленти Архивирано на 11 јули 2015 г. sportclub.mk 7 јули 2015
  3. Чековски се враќа во Сигал Приштина после 11 години! Архивирано на 4 март 2016 г. sport365.mk 21 јули 2015
  4. Чековски по 11 години пак ќе игра за Сигал Приштина! sportmedia.mk 21 јули 2015
  5. Чековски: Чест ми е што пак ќе играм за Приштина Архивирано на 24 јули 2015 г. ekipa.mk 22 јули 2015
  6. КК Работнички во исчекување: Погледите кон општината, а таму молк Архивирано на 1 август 2015 г. ekipa.mk 28 јули 2015
  7. Репрезентативно засилување: Дарко Соколов една сезона во јатото на „соколите"! sportmedia.mk 1 август 2015
  8. Соколов е нов играч на Карпош Соколи Архивирано на 4 март 2016 г. sport365.mk 1 август 2015
  9. Дарко Соколов потпиша за Карпош соколи Архивирано на 3 август 2015 г. ekipa.mk 1 август 2015
  10. Бијелиќ потпиша за Куманово Архивирано на 9 август 2015 г. ekipa.mk 7 август 2015
  11. Сино-белите пазареа во „Градски парк“: Црногорецот Бијелиќ потпиша за Куманово! sportmedia.mk 7 август 2015
  12. Ли-Инграм и Бјелиќ го засилија КК Куманово![мртва врска] sport365.mk 7 август 2015
  13. Marko Djurkovic nu a semnat cu BCM U Pitești (романски) totalbaschet.ro 4 август 2015
  14. Marko Djurkovic nu a semnat cu BCM U Pitești[мртва врска] (романски) csgazmetan.com 4 август 2015
  15. Легендата повторно дома: Перо Блажевски ѝ се враќа на првата љубов – Работнички! sportmedia.mk 10 август 2015
  16. Легендата во нова улога: Гечевски ќе го враќа стариот сјај на младинската школа на Работнички sportmedia.mk 17 август 2015
  17. Гечевски: Сакаме Работнички пак да биде доминантен со играчи од сопствената школа! sportmedia.mk 17 август 2015
  18. Гечевски ќе им помага на младите, а можеби и пак ќе заигра за Работнички centarnews.net 17 август 2015
  19. Ѓуроски пред потпис на „отворен договор“ со Работнички Архивирано на 27 септември 2015 г. ekipa.mk 24 септември 2015
  20. Репрезентативецот Ѓуроски ќе го засили Работнички!? Архивирано на 4 март 2016 г. sport365.mk 24 септември 2015
  21. Krstevski is back at Rabotnicki eurobasket.com 28 септември 2015
  22. Rabotnicki lands Aleksandar Stefanovski eurobasket.com 28 септември 2015
  23. Players/Coaches Movement in FYRO Macedonia in summer 2015 eurobasket.com
  24. Жешка седница на УО: Нема пари, ќе има оставки во Работнички Архивирано на 26 септември 2015 г. ekipa.mk 24 септември 2015
  25. Заврши бурниот УО: Работнички ќе диши на шкрги Архивирано на 26 септември 2015 г. ekipa.mk 24 септември 2015
  26. Хуавеј Супер Куп 2015 Архивирано на 4 март 2016 г. basketball.org.mk
  27. ОХРИД ДОМАЌИН НА ПРВИОТ СУПЕР КУП ВО КОШАРКА Архивирано на 14 април 2016 г. ohrid.gov.mk 23 септември 2015
  28. Учесниците на Хуавеј Супер купот: Добра можност за победнички старт на новата сезона Архивирано на 4 март 2016 г. basketball.org.mk
  29. Работнички-Кожув 79:56 Архивирано на 5 март 2016 г. fibalivestats.com 26 септември 2015
  30. Никогаш не го потценувај Работнички: „Центарци“ го торпедираа Кожув за финале во Суперкупот! sportmedia.mk 26 септември 2015
  31. Работнички-МЗТ Аеродром 62:81 Архивирано на 4 март 2016 г. basketball.org.mk 27 септември 2015
  32. Работнички со сила за една четвртина, МЗТ го освои Хуавеј Супер купот Архивирано на 29 септември 2015 г. ekipa.mk 27 септември 2015
  33. МЗТ Аеродром го освои првиот трофеј во Хуавеј Супер Купот Архивирано на 4 март 2016 г. sport365.mk 27 септември 2015
  34. Награда во вистински раце: Мираковски го загуби финалето, но го доби признанието за МВП на турнирот! sportmedia.mk 27 септември 2015
  35. Екс-селекторот во „Градски парк“: Џикиќ ќе работи со талентите и ќе ги образова тренерите на Работнички sportmedia.mk 5 октомври 2015
  36. Џикиќ во „Градски парк“: Работнички има таленти, но и одлична идеја за нивни развој сѐ до првиот тим sportmedia.mk 8 октомври 2015
  37. Работнички во битка со времето: Трајковски потпиша, се чека сертификатот за да игра во Гевгелија! sportmedia.mk 8 октомври 2015
  38. Најавите се остварија: Трајковски и Димчевски потпишаа за Работнички Архивирано на 10 октомври 2015 г. ekipa.mk 8 октомври 2015
  39. Кожув-Работнички 88:67 fibalivestats.com 10 октомври 2015
  40. Кратко во Работнички: Бојан Трајковски се сели во Аполон Архивирано на 14 октомври 2015 г. ekipa.mk 13 октомври 2015
  41. Толку од „љубовта“ со Работнички: Трајковски се сели во Грција - ќе игра за Аполон Патра! sportmedia.mk 13 октомври 2015
  42. Трајковски се сели во грчки Аполон[мртва врска] derbi.mk 13 октомври 2015
  43. Трајковски: Немам договор со Аполон! Архивирано на 12 август 2016 г. sport.com.mk 14 октомври 2015
  44. Ништо од трансферот во Грција: Бојан Трајковски (засега) останува во „Градски парк“! sportmedia.mk 17 октомври 2015
  45. Работнички-Бест 84:46 Архивирано на 5 март 2016 г. fibalivestats.com 17 октомври 2015
  46. Удар за Работнички: Димчевски ги скина лигаментите Архивирано на 29 октомври 2015 г. ekipa.mk 27 октомври 2015
  47. Димчевски повторно ги скина лигаментите на коленото Архивирано на 5 март 2016 г. sport.com.mk 27 октомври 2015
  48. Димчевски ги скина лигаментите, ја пропушта цела сезона! Архивирано на 5 март 2016 г. vecer.mk 27 октомври 2015
  49. Димчевски ги скина лигаментите на коленото Архивирано на 5 март 2016 г. derbi.mk 27 октомври 2015
  50. Фени Индустри-Работнички 79:82 fibalivestats.com 24 октомври 2015
  51. Работнички-Струмица 88:68 fibalivestats.com 30 октомври 2015
  52. МЗТ Аеродром-Работнички 90:85 fibalivestats.com 12 ноември 2015
  53. Работнички-Куманово 2009 64:82 fibalivestats.com 15 ноември 2015
  54. Јане Петровски потпиша за Фени индустри Архивирано на 18 ноември 2015 г. ekipa.mk 17 ноември 2015
  55. Добрите игри му донесоа платен ангажман: Јане Петровски потпиша за Фени индустри! sportmedia.mk 17 ноември 2015
  56. Јане Петровски го засили Фени Индустри Архивирано на 5 март 2016 г. derbi.mk 17 ноември 2015
  57. Карпош Соколи 2000-Работнички 87:64 fibalivestats.com 22 ноември 2015
  58. ЛИСТА НА ОДОБРЕНИ ИГРАЧИ И СЛУЖБЕНИ ЛИЦА СЕЗОНА 2015/16 - КК Шкупи Архивирано на 4 март 2016 г. basketball.org.mk
  59. Бојан Трајковски потпиша за Куманово! Архивирано на 30 ноември 2015 г. ekipa.mk 29 ноември 2015
  60. Бојан Трајковски ги откри „тајните“ на Работнички и потпиша за – Куманово! sportmedia.mk 29 ноември 2015
  61. По заминувањето на Трајковски: Ѓорѓи Чековски најмалку еден месец во дресот на Работнички! sportmedia.mk 29 ноември 2015
  62. Трајковски раскина со Работнички, Чековски негова замена[мртва врска] ekipa.mk 29 ноември 2015
  63. Работнички-Кожув 61:62 fibalivestats.com 30 ноември 2015
  64. Бест-Работнички 56:84 fibalivestats.com 5 декември 2015
  65. Работнички-Фени Индустри 59:76 fibalivestats.com 12 декември 2015
  66. Струмица-Работнички 56:79 fibalivestats.com 20 декември 2015
  67. Работнички-МЗТ Аеродром 75:86 fibalivestats.com 30 декември 2015
  68. Ѓуроски го замени Работнички за Кожув Архивирано на 3 јануари 2016 г. ekipa.mk 31 декември 2015
  69. Го одигра дербито и замина: Стојан Ѓуроски е нов играч на Кожув! sportmedia.mk 31 декември 2015
  70. Кожув не се шегува: Пристигна и репрезентативецот Ѓуроски! Архивирано на 4 март 2016 г. sport365.mk 31 декември 2015
  71. Чековски останува до крај во Работнички Архивирано на 3 јануари 2016 г. ekipa.mk 31 декември 2015
  72. Чековски останува до крај во Работнички centarnews.net 31 декември 2015
  73. Работнички останува подолг период без Крстевски[мртва врска] ekipa.mk 14 јануари 2016
  74. Куманово 2009-Работнички 83:67 fibalivestats.com 16 јануари 2016
  75. Работнички-Карпош Соколи 2000 69:80 fibalivestats.com 26 јануари 2016
  76. Искусниот Тасовски се врати во „Градски Парк“[мртва врска] derbi.mk 27 јануари 2016
  77. Диме Тасовски се враќа во „Градски Парк“ Архивирано на 29 јануари 2016 г. ekipa.mk 27 јануари 2016
  78. Тасовски повторно во тимот на Работнички[мртва врска] sport365.mk 27 јануари 2016
  79. Гечевски повторно ќе игра за Работнички[мртва врска] maksport.ml 29 јануари 2016
  80. Пак се спојуваат „Кулите близначки“: Гечевски се враќа во тимот на Работнички! sportmedia.mk 29 јануари 2016
  81. Гечевски се врати во редовите на Работнички![мртва врска] sport365.mk 29 јануари 2016
  82. Работнички-Куманово 2009 76-87 fibalivestats.com 30 јануари 2016
  83. Бест-Работнички 62:78 fibalivestats.com 7 февруари 2016
  84. Работнички-МЗТ Аеродром 74:71 fibalivestats.com 16 февруари 2016
  85. Куманово 2009-Работнички 85:79 fibalivestats.com 19 февруари 2016
  86. Работнички-Фени Индустри 66:75 fibalivestats.com 27 февруари 2016
  87. Карпош Соколи 2000-Работнички 83:72 fibalivestats.com 6 март 2016
  88. Работнички-Струмица 85:61 fibalivestats.com 12 март 2016
  89. Кожув-Работнички 75:81 fibalivestats.com 19 март 2016
  90. Куманово 2009-Работнички 98:67 fibalivestats.com 26 март 2016
  91. Работнички-Бест 90:88 fibalivestats.com 1 април 2016
  92. МЗТ Аеродром-Работнички 81:71 fibalivestats.com 5 април 2016
  93. „Докторот“ Марин и во следната сезона на чело на Работнички Архивирано на 9 април 2016 г. ekipa.mk 6 април 2016
  94. Фени Индустри-Работнички 108:93 fibalivestats.com 9 април 2016
  95. Работнички-Карпош Соколи 2000 80:98 fibalivestats.com 16 април 2016
  96. Струмица-Работнички 63:83 fibalivestats.com 20 април 2015
  97. Работнички-Кожув 75:76 fibalivestats.com 23 април 2015
  98. Куманово 2009-Работнички 82:85 fibalivestats.com 26 април 2016
  99. Работнички-Куманово 2009 60:77 fibalivestats.com 29 април 2016
  100. Куманово 2009-Работнички 100:94 fibalivestats.com 3 мај 2016