КК Работнички сезона 2014/15

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сезона на КК Работнички 2014/15
Лига Прва Лига Мажи
Спорт Кошарка
Прва Лига Мажи 2014/15
КК Работнички сезони

← 2013/14

2015/16 →

Сезоната 2014/15 на КК Работнички била 23. сезона во Првата македонска кошаркарска лига и 69. сезона од неговото постоење. Клубот оваа сезона во Првенството стигнал до полуфиналето, додека во Купот станал првак, освојувајќи ја деветтата титула.

Преглед на сезоната[уреди | уреди извор]

Предсезонски подготовки и промени[уреди | уреди извор]

Во јули 2014 година, поранешниот кошаркар Александар Димитровски бил назначен за нов спортски директор на клубот.[1] Претходно, по завршувањето на сезоната, клубот го напуштил тренерот Емил Рајковиќ,[2] а на неговото место дошол Марин Докузовски.[3] [4]

На почетокот на август, клубот го напуштил Душан Кнежевиќ кој потпишал за Карпош Соколи,[5][6] како и интернационалецот од Соединетите Држави - Вилијам Колмен кој заминал во израелски Хапоел Холон.[7] Димитар Мираковски потпишал нов договор со Работнички за новата сезона.[8] Подоцна, Владимир Брчков го напуштил клубот и заминал за Кожув.[9][10] На крајот на август потпишал бившиот репрезентативец Ристе Стефанов.[11][12]

Во септември, потпишале Србинот Миљан Павковиќ кој дошол од романска Стеауа[13][14][15] и слободниот играч и репрезентативец Ивица Димчевски.[16][17]Марко Симоновски на кого му истекол договорот, потпишал за МЗТ Аеродром.[18][19] Во средината на септември пристигнал Црногорецот Милош Коматина,[20] но тој не ги задоволил челниците на стручниот штаб и си заминал од клубот.[21]

Во почетокот на октомври, потпишале Црногорецот Игор Бијелиќ, кој дошол од словачка Хандлова, воедно и претходен играч на Фени Индустри од минатата сезона,[22][23] како и бившите играчи на МЗТ Аеродром, Тодор Гечевски и Ѓорѓи Чековски.[24][25]

Октомври[уреди | уреди извор]

Работнички во првото коло бил слободен бидејќи неговиот противник Т-Баскет го откажал учеството во Лигата поради ненаоѓање на соответна сала.[26][27]

Во второто коло во Салата Градски Парк како гостинска екипа, Работнички се сретнал со Водњански Лисици кого го поразиле со 55:91. Најдобар стрелец во екипата бил Ѓорѓи Чековски со 22 поени, кој имал и седум скокови, исто колку и Ивица Димчевски, додека Дарко Соколов забележал осум асистенции.[28]

Во третото коло, Работнички му бил домаќин на штипски Гоце Делчев, кој бил поразен со 87:65. Ѓорѓи Чековски постигнал 19 поени, Тодор Гечевски 9 скокови и Дарко Соколов 7 асистенции.[29]

Ноември[уреди | уреди извор]

Работнички во четвртото коло повторно бил домаќин, овојпат на главниот конкурент за титулата МЗТ Аеродром. Притоа, при убедливо водство на Работнички (51-35), натпреварот поради публиката бил прекинат. Откако делегатот побарал да биде испразнета трибината на која се наоѓале навивачите на клубот, во знак на протест, екипата на Работнички ја напуштила салата. Потоа, во согласност со правилата на МКФ, комесарот на MКФ, Бобан Јосифовски, донесол одлука Работнички да биде исклучен од лигата и префрлен во Tретата лига, а МЗТ Аеродром го добил натпреварот службено, со резултат 0-20. Меѓутоа, клубот се жалел до Арбитражата на МКФ, која ја укинала одлуката за враќање во Третата лига, а предметот повторно го вратил кај комесарот.[30][31] Исто така, поради одбивањето за продолжување на натпреварот, биле суспендирани главниот тренер на Работнички - Марин Докузовски на шест месеци и помошникот тренер Марјан Србиновски на три месеци.[32][33] Како формален тренер станал капитенот на екипата Јане Петровски.[34][35]

Во петтото коло Работнички и гостувал на Струмица која ја победил со 54:96. Најефикасен стрелец бил Ѓорѓи Чековски со 22 поени и девет скокови, а Тодор Гечевски имал 6 асистенции.[36]

Во седмото коло Работнички му гостувал на Карпош Соколи кого го победил со 63:83. Најистакнати биле Тодор Гечевски со 29 поени и осум скокови и Миљан Павковиќ со 10 асистенции.[37]

Куманово 2009 му гостувал на Работнички во осмото коло кој бил поразен со 69:60. Најдобар стрелец бил Ѓорѓи Чековски со 23 поени и девет скокови, а Димитар Мираковски забележал четири асистенции.[38]

Декември[уреди | уреди извор]

Во заостанатото шесто коло Работнички му бил домаќин на Кожув. Резултатот гласел 86:70, односно победа на Работнички. Најефикасни биле Тодор Гечевски со 32 поени, Ѓорѓи Чековски со седум скокови и Димитар Мираковски со седум асистенции.[39]

Во деветтото коло гостувал во Кавадарци против Фени Индустри. Работнички победил со 76:84. Најпрецизен бил Димитар Мираковски со 23 поени и 6 асистенции, додека Ѓорѓи Чековски имал 8 скокови.[40] Во десеттото коло бил слободен.

Јануари[уреди | уреди извор]

Во јануари започнале квалификациите за завршниот турнир на Купот на Македонија 2015. Работнички во четвртфиналето се сретнал со Т-Баскет од Тетово. Првиот натпревар во Тетово завршил со победа од 72:91. Дарко Соколов имал 22 поени, Тодор Гечевски единаесет скокови и Миљан Павковиќ завршил со десет асистенции.[41] Вториот натпревар во Салата Градски Парк завршил со победа од 123:63. Најистакнати биле Тодор Гечевски и Ристе Стефанов со 21 поен, Ѓорѓи Чековски со девет скокови и Дарко Соколов со седум асистенции.[42]

Во меѓувреме бил избран нов Борд на директори на клубот.[43][44]

Во единаесеттото коло му бил домаќин на Водњански Лисици, кој повторно бил поразен, овој пат со 101:67. Најдобри поединци биле Ѓорѓи Чековски со 25 поени и 14 скокови и Миљан Павковиќ со седум асистенции.[45]

Февруари[уреди | уреди извор]

По истекувањето на суспензијата на Марјан Србиновски, тој се вратил како главен тренер[46]

Во дванаесеттото коло, Работнички го победил Гоце Делчев на гости со 64:81. Дарко Соколов и Тодор Гечевски постигнале по 19 поени, Ѓорѓи Чековски имал осум скокови, а Миљан Павковиќ завршил со шест асистенции.[47]

За Работнички потпишал крилниот центар, Србинот Александар Митровиќ кој дошол од словенечки Златорог Лашко.[48][49]

Работнички во тринаесеттото коло бил поразен на гости од МЗТ Аеродром со резултат од 78-71. Најдобар стрелец бил Ѓорѓи Чековски со 19 поени, Тодор Гечевски завршил со 11 скокови, додека Димитар Мираковски имал четири асистенции.[50]

На завршниот турнир во Купот на Македонија 2015, кој се играл во Спортскиот центар Јане Сандански во организација на МЗТ Аеродром, Работнички се сретнал со Куманово 2009 во полуфиналето. Резултатот бил 76:63 во полза на Работнички. Најефикасен бил Тодор Гечевски со 16 поени, девет скокови и шест асистенции.[51]

Во финалето на Купот, Работнички играл против Кожув кој бил поразен со 66:74. Најефикасни во тимот на Работнички во финалето биле Ѓорѓи Чековски со 18 поени и шест асистенции и Тодор Гечевски 11 скокови.[52] Ѓорѓи Чековски го добил признанието за најкорисен играч на завршниот турнир.[53]

Во четиринаесеттото коло во Лигата, Работнички и бил домаќин на Струмица кога ја поразил со 103:59. Најуспешни биле Александар Митровиќ со 23 поени, Игор Бијелиќ со девет скокови и Јане Петровски со девет асистенции.[54]

Во петнаесеттото коло Работнички му гостувал на Кожув, каде бил поразен со резултат од 85:73. Најдобар стрелец бил Миљан Павковиќ со 23 поени, Ивица Димчевски имал 10 скокови, а Дарко Соколов завршил со четири асистенции.[55]

Март[уреди | уреди извор]

Во шестнаесетото коло играл дома против Карпош Соколи, кого повторно го победил, со резултат од 89:65. Најдобри биле Ѓорѓи Чековски со 27 поени и 10 скокови и Миљан Павковиќ осум асистенции.[56]

Во седумнаесеттото коло, Работнички бил поразен на гостувањето против Куманово 2009 со резултат 94:88. Истакнати поединци биле Димитар Мираковски со 33 поени, Тодор Гечевски со седум скокови и Миљан Павковиќ со шест асистенции.[57]

Во последното коло од Првата лига, Работнички дома го победил Фени Индустри со 91:67. Најуспешни биле Тодор Гечевски со 18 поени, Александар Митровиќ со 10 скокови и Миљан Павковиќ со 11 асистенции.[58] Работнички завршил на второто место во Првата лига.

Пред почетокот на натпреварите од Суперлигата, Работнички се засилил со српскиот кошаркар од Босна и Херцеговина - центарот Марко Ѓурковиќ кој дошол од романски Газ Метан.[59]

Работнички Суперлигата ја започнал на гости против Фени Индустри каде изгубил со 81:75. Димитар Мираковски постигнал 23 поени, Ѓорѓи Чековски имал девет скокови додека Миљан Павковиќ забележал осум асистенции.[60]

Април[уреди | уреди извор]

На почетокот на април, Ристе Стефанов го напуштил клубот.[61]

Поради неодиграниот натпревар против Карпош Соколи, клуб кој не бил претворен во Акционерко Друштво и според правилата не смеел да учествува во Суперлигата, Работнички повторно бил исклучен од Лигата и пратен во понизок ранг, но клубот поднесол жалба на одлуката на Комисијата за натпреварување, која му била прифатена од Арбитражната комисија на МКФ.[62]

Во третото коло на Суперлигата Работнички му гостувал Кожув. Работнички победил со резултат 86:94. Дарко Соколов постигнал 21, Тодор Гечевски имал 11 скокови, додека Димитар Мираковски завршил со шест асистенции.[63]

Во заостанатото второ коло, Работнички играл дома против Карпош Соколи кого го поразил со 90:84. Најдобри поединци биле Димитар Мираковски со 19 поени, Марко Ѓурковиќ со осум скокови и Миљан Павковиќ со 11 асистенции.[64]

Работнички во четвртото коло му бил домаќин на Куманово 2009. Работнички победил со 91:84. Најдобри на натпреварот биле Дарко Соколов со 21 поен, Ѓорѓи Чековски со девет скокови и Миљан Павковиќ со 5 асистенции.[65]

Мај[уреди | уреди извор]

МЗТ Аеродром му гостувал на Работнички во петтото коло. Резултатот гласел 82:83 за МЗТ Аеродром. Најистакнати биле Ѓорѓи Чековски со 24 поени, Тодор Гечевски со осум скокови, а Димитар Мираковски имал пет асистенции.[66]

Во шестото коло, Работнички го победил дома Фени Индустри со резултат 82:63. Ѓорѓи Чековски забележал 19 поени и 9 скокови, додека Дарко Соколов и Димитар Мираковски имале по четири асистенции.[67]

По истекот на шестмесечната суспензија на Марин Докузовски, тој се вратил на првичната функција главен тренер, додека Марјан Србиновски повторно станал помошник тренер.[68]

Во седмото коло, Работнички го победил на гости по четврти пат Карпош Соколи со резултат 73:81. Најистакнати кошаркари биле Тодор Гечевски со 24 поени и шест асистенции и Марко Ѓурковиќ со шест скокови.[69]

Во осмото коло му бил домаќин на Кожув, кого го победил со 83:73. Најдобри поединци на натпреварот биле Ѓорѓи Чековски со 25 поени и седум скокови и Дарко Соколов со осум асистенции.[70]

По победата против Кожув, клубот го напуштил Александар Митровиќ.[71]

Во десеттото коло, Работнички го победил на гости МЗТ Аеродром со резултат 76:85. Ивица Димчевски завршил со 19 поени, Ѓорѓи Чековски со осум скокови и Димитар Мираковски со пет асистенции.[72]

Во деветтото заостанато коло, Работнички загубил на гости против Куманово 2009 со резултат 108:98. Тодор Гечевски постигнал 26 поени, Дарко Соколов, Игор Бијелиќ и Ивица Димчевски имале по пет скокови и Миљан Павковиќ забележал 6 асистенции.[73] Работнички завршил на второто место во Супер лигата.

Во првиот натпревар од полуфиналната серија, Работнички загубил на домашен терен од Куманово 2009 со резултат 77:78. Ѓорѓи Чековски постигнал 19 поени и девет скокови додека Миљан Павковиќ завршил со шест асистенции.[74]

Вториот натпревар Работнички исто така го загубил на гости со резултат 85:71 и со тоа бил елиминиран. Тодор Гечевски завршил со 25 поени и 10 скокови, а Миљан Павковиќ имал осум асистенции.[75]

Состав и стручен штаб[уреди | уреди извор]

Екипен состав[уреди | уреди извор]

број име висина цм позиција години националност година на пристигнување претходен клуб
4 Миљан Павковиќ 178 Бек 34  Србија 2014 Стеауа ЦСМ Романија
5 Димитар Мираковски 177 Плејмејкер 33 Македонија Македонија 2014 Кожув
11 Тодор Гечевски 209 Центар 37 Македонија Македонија 2014 МЗТ Аеродром
9 Ѓорѓи Чековски 203 Крилен центар 35 Македонија Македонија 2014 МЗТ Аеродром
12 Марјан Ѓуров 201 Крило 35 Македонија Македонија 2012 Фени Индустри
13 Марко Ѓурковиќ 206 Крилен центар /
Центар
28  Србија
 Босна и Херцеговина
2015 Газ Метан Романија
15 Игор Бијелиќ 207 Центар /
Крилен центар
26 Црна Гора Црна Гора 2015 Хандлова Словачка
24 Јане Петровски (К) 181 Плејмејкер 30 Македонија Македонија 2011 МЗТ Аеродром
10 Ивица Димчевски 195 Бек /
Крилен центар
25 Македонија Македонија 2014 Куманово 2009
6 Дарко Соколов 190 Бек 28 Македонија Македонија 2013 Фени Индустри
7 Ненад Станков 192 Крило 23 Македонија Македонија 2014 Фени Индустри
19 Илин Веселковски 19 Македонија Македонија 2014 Младински тим

Извор: eurobasket.com

Играчи кои го напуштиле клубот за време на сезоната[уреди | уреди извор]

број име висина цм позиција години националност година на
пристигнување
претходен клуб година на
заминување
следен клуб
8 Александар Митровиќ 201 Крилен центар 24  Србија 2015 Златорог Словенија 2015 /
7 Ристе Стефанов 198 Бек 33 Македонија Македонија 2014 Фени Индустри 2015 /

Стручен штаб[уреди | уреди извор]

име функција
Марин Докузовски тренер
Марјан Србиновски помошник тренер
Ристо Гапиќ службен претставник
Васко Кичевски службен претставник
Александар Димитровски технички раководител
Виктор Тевчев лекар
Ненад Попоски физиотерапевт
Михајло Манојлов физиотерапевт

Извор: basketball.org.mk

Статистика[уреди | уреди извор]

Прва Лига Мажи 2014/15 Куп 2015
Прва лига Супер лига Разигрување
О П З Пое Поз О П З Пое Поз О П З Поз
16 12 4 27* 2ри 10 7 3 44 2ри 2 0 2 1/2 П
  • Работнички бил казнет со одземање на 1 поен поради неодигрување натпревар против МЗТ Аеродром

Легенда

  • О = Одиграни натпревари
  • П = Победи
  • З = Загубени
  • Пое = Поени
  • Поз = Конечна позиција

  • 1/2 = Полуфинале
П ВП
Првак Вицепрвак

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Димитровски: Работнички мора да се врати на шампионскиот пиедестал!“, sportmedia.mk, 24 јули 2014 (посет. 18 август 2018 г).
  2. Официјално: Емил Рајковиќ потпиша едногодишен договор со полски Сласк! sportmedia.mk 17 јули 2014
  3. Докузовски повторно ќе седне на клупата на Работнички sportmedia.mk 6 август 2014
  4. „Докузовски се врати на клупата кај Работнички“, Дневник, година XVIII, број 5536, петок, 8 август 2014, стр. 22.
  5. Кнежевиќ и Филиповиќ го засилија К.Соколи telegraf.mk 1 август 2014
  6. Мијајловиќ и Кнежевиќ во редовите на Карпош Соколи tip.com.mk 4 август 2014
  7. Колмен го напушти Работнички и се пресели во Израел tip.com.mk 6 август 2014
  8. Димитар Мираковски и следната сезона ќе игра за Работнички sportmedia.mk 11 август 2014
  9. Кожув го ангажираше Владимир Брчков од Работнички tip.com.mk 22 август 2014
  10. Брчков го засилува Кожув ekipa.mk 22 август 2014
  11. Ристе Стефанов пред камбек во Работнички ekipa.mk 25 август 2014
  12. Работнички го реактивира Ристе Стефанов sport365.mk 25 август 2014
  13. Искусниот српски бек Миљан Павковиќ е нов член на најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија Работнички, тим во кој следната сезона е решен да ги врати трофеите од мак баскетот во Градскиот парк kanal5.com.mk 3 септември 2014
  14. Работнички го доведе Милјан Павковиќ hitportal.com.mk 3 септември 2014
  15. Милјан Павковиќ е новото засилување на Работнички mkd.mk 3 септември 2014
  16. „Нов репрезентативец во Работнички, потпиша и Ивица Димчевски“. ekipa.mk. 6 септември 2014. 
  17. „Репрезентативецот Димчевски и официјално потпиша за Работнички!“. sportmedia.mk. 6 септември 2014. 
  18. Марко Симоновски нов играч на МЗТ Аеродром tip.com.mk 9 септември 2014
  19. Марко Симоновски потпиша за МЗТ hitportal.com.mk 9 септември 2014
  20. Коматина го засилува рекетот на Работнички ekipa.mk 19 септември 2014
  21. Коматина дошол неподготвен, си замина од Работнички ekipa.mk 26 септември 2014
  22. „Центарци“ со ново засилување: Работнички го потпиша Црногорецот Бијелиќ! sportmedia.mk 2 октомври 2014
  23. Црногорецот Игор Бијелиќ го засили КК Работнички tip.com.mk 2 октомври 2014
  24. Гечевски и Чековски официјално нови играчи на Работнички ekipa.mk 5 октомври 2014
  25. Гечевски и Чековски потпишаa, Работнички бара нов бек ekipa.mk 6 октомври 2014
  26. ПРВАТА ЛИГА ОСТАНУВА СО ДЕВЕТ ЕКИПИ, Т-БАСКЕТ ГО ОТКАЖА УЧЕСТВОТО tip.com.mk 9 октомври 2014
  27. Т-БАСКЕТ: ИСПОЛНЕТИ СИТЕ ТЕХНИЧКИ И ОРГАНИЗАЦИОНИ БАРАЊА, НО САЛА НЕ МОЖЕМЕ ДА ИЗГРАДИМЕ tip.com.mk 9 октомври 2014
  28. Водњански Лисици-Работнички 55:91 fibalivestats.com 18 октомври 2014
  29. Работнички-Гоце Делчев 87:65 fibalivestats.com 25 октомври 2014
  30. „Работнички: Одлуката за празнење на трибината беше еднострана“, Дневник, година XVIII, број 5613, понеделник, 10 ноември 2014, стр. 22.
  31. „Јосифовски: Да направиме преседан за Работнички да остане прволигаш“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 24-25.
  32. Работнички во проблеми: Докузовски суспендиран на шест, а Србиновски на „само“ три месеци! sportmedia.mk 20 ноември 2014
  33. „За Докузовски шест, а за Србиноски три месеци пауза“, Дневник, година XVIII, број 5623, петок, 21 ноември 2014, стр. 25.
  34. Работнички продолжува во среда, но без тренер derbi.mk 17 ноември 2014
  35. Работнички лесно со Струмица, „кулите-близначки“ најефикасни sport365.mk 19 ноември 2014
  36. Струмица-Работнички 54:96 fibalivestats.com 19 ноември 2014
  37. Карпош Соколи-Работнички 63:83 fibalivestats.com 23 ноември 2014
  38. Работнички-Куманово 2009 69:60 fibalivestats.com 29 ноември 2014
  39. Работнички-Кожув 86:70 fibalivestats.com 3 декември 2014
  40. Фени Индустри-Работнички 76:84 fibalivestats.com 6 декември 2014
  41. Т-Баскет-Работнички 72:91 fibalivestats.com 17 јануари 2015
  42. Работнички-Т-Баскет 123:63 fibalivestats.com 24 јануари 2015
  43. „РИСТО ГАПИЌ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РАБОТНИЧКИ“. sport.mk. 23 јануари 2015. 
  44. „Ристо Гапиќ е нов претседател на клубот од Градски парк“. republika.mk. 23 јануари 2015. 
  45. Работнички-Водњански Лисици 101:67 fibalivestats.com 31 јануари 2015
  46. КК Куманово денес го пречекува тимот на Карпош Соколи 1mk.org 7 февруари 2015
  47. Гоце Делчев-Работнички 64:81 fibalivestats.com 7 февруари 2015
  48. Србинот Митровиќ потпиша за Работнички, дебитира против МЗТ ekipa.mk 16 февруари 2015
  49. Работнички посилен за Митровиќ derbi.mk 17 февруари 2015
  50. МЗТ Аеродром-Работнички 78-71 fibalivestats.com 18 февруари 2015
  51. Работнички-Куманово 2009 76:63 fibalivestats.com 21 февруари 2015
  52. Кожув-Работнички 66:74 fibalivestats.com 22 февруари 2015
  53. Сашко Ѓ. Димовски, „Отпишаните „старци“ го возвратија ударот“, Утрински весник, година XVI, број 4718, вторник, 24 февруари 2015, стр. 19.
  54. Работнички-Струмица 103:59 fibalivestats.com 25 февруари 2015
  55. Кожув-Работнички 85:73 fibalivestats.com 28 февруари 2015
  56. Работнички-Карпош Соколи 89:65 fibalivestats.com 7 март 2015
  57. Куманово 2009--Работнички 94:88 fibalivestats.com 14 март 2015
  58. Работнички-Фени Индустри fibalivestats.com 21 март 2015
  59. „И Работнички се засили за Суперлигата“, Дневник, година XIX, број 5727, петок, 27 март 2015, стр. 27.
  60. Фени Индустри-Работнички fibalivestats.com 28 март 2015
  61. Стефанов го напушти Работнички sport.com.mk 6 април 2015
  62. „Арбитражата на МКФ ги помилува Работнички и Куманово“, Дневник, година XIX, број 5743, петок, 17 април 2015, стр. 24.
  63. Кожув-Работнички 86:94 fibalivestats.com 18 април 2015
  64. Работнички-Карпош Соколи 90:84 fibalivestats.com 25 април 2015
  65. Работнички-Куманово 2009 91:84 fibalivestats.com 28 април 2015
  66. Работнички-Работнички-МЗТ Аеродром 82:83 fibalivestats.com 1 мај 2015
  67. Работнички-Фени Индустри 82:63 fibalivestats.com 3 мај 2015
  68. Работнички „пресече“: Докузовски од утре се враќа на клупата ekipa.mk 5 мај 2015
  69. Карпош Соколи-Работнички fibalivestats.com 6 мај 2015
  70. Работнички-Кожув 83:73 fibalivestats.com 9 мај 2015
  71. Проблем за Работнички: Митровиќ си замина од „Градски парк“ ekipa.mk 10 мај 2015
  72. МЗТ Аеродром-Работнички 76:85 fibalivestats.com 15 мај 2015
  73. Куманово 2009-Работнички fibalivestats.com 19 мај 2015
  74. Работнички-Куманово 2009 fibalivestats.com 22 мај 2015
  75. Куманово 2009-Работнички fibalivestats.com 24 мај 2015