KDE

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од КДЕ)
KDE
ОсновачиМатијас Етрич
Типзаедница
Основана14 октомври 1996
КадарКорнелиус Шумахер
ПроизводKDE SC, KOffice, KDevelop, Extragear
Задршкаслободна програмска опрема
Методтворечки дела, развој, документација, промоврање и преведување.
Мреж. местоKDE.org

KDE (од англ. K Desktop Environment), е слободна графичка работна околина заснована на приборот Qtод. Може да работи на секој [Unixoid], како GNU/Linux, BSD, Solaris, а во последно време со користење на дополнителни библиотеки и на оперативниот систем Windows.

KDE Plasma 5.16

Заедно со KDE стандардно доаѓаат развојната средина KDevelop, канцеларискиот пакет KOffice, и останати помошни апликации, игри, уредувачи, теми за изглед, икони, фонтови и сѐ друго што ѝ е потребно на една работна околина за нормална работа. Слободата ви дава за право да го приспособите на вашите потреби и да го направите да изгледа онака како што вие би сакале.

Оригиналното име на KDE доаѓа од изразот Cool Desktop Envirionment, но со оглед на тоа што CDE во тој период беше веќе регистрирана кратенка за Common Desktop Envirionment, се премина кон зборот Kool и кратенката KDE.

Маскота на проектот е зелениот змеј Конки.

Кратка историја[уреди | уреди извор]

Проектот KDE е започнат во 1996 година од студентот Матијас Етрих на Универзитетот во Тибинген. KDE дојде како потреба при изработката на графички посредник за Tex. Иницијатор на проектот беше тоа што девојката на Етрих не можела да ги користи дотогаш познатите работни околини. Поддршка за остварување на својата идеја, Матијас Етрих најде во тулкитот Qt на Trolltech. Големиот број на оваа работна околина овозможија брзо созревање на проектот како и користење од страна на најголемите GNU/Linux дистрибуции во светот како примарна работна околина.

Ажурирања и излегување на нови верзии на KDE се предвремено определени и се одликуваат со строга точност на излегување.

Како е организирана заедницата на KDE[уреди | уреди извор]

Голем број волонтери од светот работат на подобрување и развивање на нова програмска опрема за KDE. Некои од гигантските програмски компании како Novell, Trolltech и Mandriva, вложуваат средства за поддршка на овој проект, со што програмерите кои работат на KDE проектите добиваат финансиски надомест за својата работа.

Од друга страна тука е големата заедница на корисници кои секојдневно пријавуваат грешки, поправаат тековни грешки или изработуваат свои „надворешни апликации“ (што не се дел од KDE).

Портал со вакви апликации е KDE Apps.

Најпознати апликации[уреди | уреди извор]

  • Amarok - мултимедијална аудио апликација
  • Kaffeine - мултимедијална аудио/видео апликација
  • K3b - апликација за снимање/копирање ЦД и ДВД формати
  • Digikam - апликација за преглед и манипулација на фото галерии
  • KOffice Архивирано на 31 декември 2005 г. - канцелариски пакет за КДЕ
  • KDevelop - Равојна средина за голем број програмски јазици

Надворешни врски[уреди | уреди извор]