Википедија:КАДД

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од КАДД)
Лого на проектот „Википедија во вашето училиште
Лого на проектот „Википедија во вашето училиште
Поврзано:
  • Средни училишта
  1. ОХВП ОУТУ „Ванчо Питошески“ - Охрид
  2. ППЃП СОУ „Ѓорче Петров“ - Прилеп
  3. РЕЦС СОУ „Цар Самоил“ - Ресен
  4. СКЗЦ СГГУГС „Здравко Цветковски“ - Скопје
  5. КАДД СОУГ „Добри Даскалов“ - Кавадарци
  6. ППКЈП СОЕПТУ „К. Ј. Питу“ - Прилеп
  7. ППМА Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп
  8. КУГД Гимназија „Гоце Делчев“ - Куманово
  9. ВЕЈТ ОСУ „Јовче Тесличков“ - Велес

  • Основни училишта
  1. ОХКР ОУ „Кочо Рацин“ - Охрид

mini
mini
mini
mini

Проектот КАДД има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на Википедија на македонски јазик од страна на учениците во Гимназија „Добри Даскалов“ - Кавадарци, со цел работата на учениците подобро да се организираа и координира. Во извршување на предвидените активности може да се вклучат и останатите википедијанци. Проектот треба да опфати категоризација, надополнување и презентација на темите кои ги обработуваат учениците. Страницата на проектот и соодветните потстраници содржат основни принципи кои би требало да помогнат во насочување на работата.

Ако сте заинтересирани да се вклучите во овој проект, слободно дадете ги своите коментари на страницата за разговор на овој проект, станете активен член на проектниот тим или едноставно дадете свој придонес во уредувањето на статиите.


Работата на учесниците во овој проект ќе биде фокусирана на:

  • Создавање на нови квалитетни статии;
  • Редизајн на постоечките статии;
  • Меѓујазични врски кон статиите на другите јазични изданија на википедија.

Пријавени членови[уреди извор]

Во продолжение следи список на Википедијанци учесници во овој проект. Ако сте заинтересирани за учество во проектот, слободно придружете се и станете дел од тимот. На вашата корисничка страница можете да додадете предлошка дека сте член на проектниот тим: {{Корисник КАДД}}.

р.бр. член список на статии на кои работи членот на проектниот тим
1. Мики Камчевски Координатор на проектот
  1. Гимназија „Добри Даскалов“ - Кавадарци
  2. Википедија:КАДД

- Доуредување на страниците изработени од учениците од СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ - Кавадарци

2. Зоран Милески Координатор на проектот
3. Кочо Кочов Координатор на проектот
4. Јанаки Сеизов Уредување на страницата Тиквешко Езеро
5. Цуцулова Анастасија Уредување на страницата Страшо Пинџур

- Создавање на страницата 12те Ваташки другари

6. Соколова Росана Уредување на страницата Никола Бадев

- Создавање на страницата Тиквешки гроздобер

7. Кристина Камчева Создавање на страницата Димката Ангелов Габерот
8. Наталија Дојкова Уредување на страницата Тиквешко востание
9. Стефанија Орданова Уредување на страницата Тиквешко востание
10. Камчева Оливера Уредување на страницата Тодор Гечевски
11. Антонио Виденовиќ Создавање на страницата Спорт во кавадарци
12. Филипова Елена Уредување на страницата Добри Даскалов
13. Мукаетов Борче Создавање на страницата Алшар

Фази на проектот[уреди извор]

  • Секој ученик, отвора корисничка сметка на википедија.
  • Секој ученик, избира една или повеќе одредници за кои веќе има создадена статија на википедија.
  • Секој ученик, избира една или повеќе одредници за кои сè уште нема создадена статија на википедија.

Првата фаза на проектот опфаќа дефинирање на списоци на статии кои ќе бидат предмет на обработка и избор на статии за обработка на секој учесник во проектот поединечно. Се предлага соработка на повеќе учесници на една статија согласно со принципите на Википедија.

Втората фаза на проектот опфаќа обработка на статиите, нивно оценување и предлагање за добри односно избрани статии.

Рокот за завршување на обврските на учениците е крај на март 2013 година.

Кон средината на месец март, од списокот на новосоздадени статии во рамките на училишниот вики-проект, групата консензуално избира најдобра статија, избира ученик кој дал најголем придонес во уредувањето на статиите, избира ученик кој бил најколаборативен во групата и општо на википедија.

Изборот се прави на оваа вики-страница.

Во уредувањето на статиите и изборот може да учествуваат и други википедијанци, кои не се членови на вики-проектот.

Како можете да помогнете?[уреди извор]

Вклучете се во било која од фазите и дадете свој придонес во уредувањето на статиите. Секој може да се вклучи во било која фаза од проектот. Може да се работи и паралелно во било која фаза од проектот со произволен број на учесници.

Вашето учество е добредојдено и драгоцено, без разлика од кој квалитет и интензитет ќе биде.

Избор на најдобра статија[уреди извор]

Подолу може да номинирате статија за избор на најдобра во рамките на проектот. Останатите членови од викизаедницата, вклучително и членовите на проектот, ќе имаат можност да ја оценат номинираната статија. За најдобра статија на проектот ќе се избере статијата која ги задоволува стандардите на википедија. Најдобрата статија треба да претставува пример за најдобра работа на проектот, да содржи професионални стандарди на пишување и презентација, да се придржува до сите правила кои важат општо за сите статии на Википедија, како и:

(а) да е одлично напишана: нејзината проза е инспиративна, дури брилијантна и е од професионален стандард;
(б) да е детална: ги содржи сите важни факти или детали, ништо не изоставува;
(в) да е веродостојна и прецизна: тврдењата се веродостојни и се искористени авторитативни извори кои прецизно и точно градат едно тело на публикувано и потврдено знаење и се придружени со специфични докази и надворешни цитати, ова го вклучува постоењето на пасус „Наводи“ во кој се наведени изворите, придружени со фусноти на соодветните места;
(г) да е неутрална: презентира објективност и неполаризираност;
(д) да е стабилна: не е тема на уредувачки војни и нејзината содржина не се менува значајно од ден на ден;
(ѓ) да има вовед: концизен почетен дел кој ја сумира целата тема и го подготвува читателот за поголемото ниво на деталност во следните секции;
(е) да има соодветна структура: систем на хиерархиски поднаслови, но не преголема содржина;
(ж) да има постојани цитати: онаму каде што има потреба во согласност со (в), континуирано форматирани референци во форма на фусноти;
(з) да има слики и други мултимедијални содржини таму каде што е соодветно, со добар коментар на секоја слика и со прифатлив статус во врска со авторските права;
(ѕ) да има соодветна должина, при што фокусот ќе остане на главната тема без да се оди во непотребни детали.

Номинирани статии[уреди извор]

Предлошки[уреди извор]

Следниве предлошки ќе се користат:

  • {{никулец}} – статиија никулец - се додава на крајот од статија никулец.
  • {{КАДД}} – ознака дека статијата е дел од проектот - се додава во страницата на разговор на соодветната статија.
  • {{Корисник КАДД}} – предлошка за учесници во проектот, секој корисник член на проектот ја додава на својата корисничка страница.