И сè стана месечина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

И сè стана месечина (бугарски: И всичко стана луна) е збирка раскази на бугарскиот писател Георги Господинов од 2013 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката содржи 19 раскази:[1]

  • 8 минути и 19 секунди
  • Пред хотелот „Бугарија“
  • Привиденија
  • Таткопосвојување
  • Обичај
  • Азбука на жени
  • Да ја побараш Карла во Лисабон
  • Do Not Disturb
  • Богот на имињата
  • Ќерка
  • О Хенри!
  • За Лора
  • Чај од вишни
  • Фотографија
  • Средба со флорал
  • Ликови од последните денови
  • Старецот и морето
  • Six Degrees of Separation
  • И сè стана месечина

За збирката[уреди | уреди извор]

Веднаш по објавувањето, збирката постигнала голем успех и станала најпродавана книга во Бугарија. Некои од расказите претходно веќе биле објавени во неколку антологии, на различни јазици. Според зборовите на самиот автор, расказите во книгата имаат заедничка атмосфера и сите ги поврзува заедничка логика. Книгата се одликува со префинета поетика, со лирско истражување на детаљите и на доживувањата и обилува со многу емоции, а во неа авторот покажува голем интерес за невидливото.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Георги Господинов, И све постаде месец. Београд: Геопоетика, 2016.
  2. Георги Господинов, И све постаде месец. Београд: Геопоетика, 2016.