И коњите ги убиваат, зарем не? (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

И коњите ги убиваат, зарем не? (англиски: They shoot horses, don't they?) - американски филм од 1969 година, во режија на Сидни Полак (Sydney Pollack), според сценариото на Џејмс По (James Poe) и Роберт Е. Томпсон (Robert E. Thompson), засновано врз истоимениот роман на Хорас Мекој. Главните улоги ги граат: Џејн Фонда (Jane Fonda), Мајкл Саразин (Michael Sarrazin), Сузана Јорк (Susannah York), Гиг Јанг (Gig Young) итн. Филмот остварил значаен комерцијален успех, а бил номиниран за „Оскар“ во осум категории, од кои победил само во една (за улогата на Гиг Јанг).[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Дејствието на филмот се одвива за време на Големата депресија во 1930-тите. Глорија Бити (ја игра Фонда) е огорчена млада жена, разочарана од животот и без надеж за подобра иднина. Таа се пријавува како учесник на маратон во танцување во која главната награда изнесува 1 500 долари. Нејзиниот партнер е болен и не му дозволуваат да учествува, неговото место го зазема Роберт (го игра Саразин), кој сосема случајно се нашол во салата. Тој е сосема спротивен од Глорија - нежен, скромен и мирен. Натпреварот трае долго време, а учесниците поминуваат низ физичка и психичка тортура со цел да ја освојат наградата. Истовремено, организаторот (го игра Јанг) е заинтересиран само за популарноста на натпреварот и не води сметка за состојбата на учесниците. Откако Роберт се вплеткува во мала љубовна авантура со една учесничка, Глорија му се подава на организаторот, а потоа тие си наоѓаат други партнери во танцувањето. Сепак, по некое време, едниот партнер на Глорија го напушта маратонот, а другиот умира, па таа повторно се спојува со Роберт. Најпосле, при крајот на натпреварот, за да ја зголеми популарноста, организаторот им предлага да се венчаат, но Глорија категорички ја одбива понудата. Тогаш, таа дознава дека победничкиот пар нема да ја освои целата награда, туку ќе им бидат одбиени трошоците направени за време на нивното учество. Глорија и Роберт го напуштаат маратонот, таа сака да се убие, но нема храброст. Тогаш, таа го замолува Роберт и тој ја убива поради што е уапсен, затворен и осуден.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]