И2010

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

и2010 – Европско информатичко општество за раст и вработување е иницијатива лансирана од страна на Европската Комисија на 1ви јуни 2005 како рамка за адресирање на главните предизвици и можности во секторите на информатичко општество и медиуми до 2010. Промовира отворена и конкурентна дигитална економија и ги истакнува ИКТ како мотор на инклузијата и подобриот квалитет на живот.

Иницијативата содржи спектар од политички инструменти на ЕУ за поттикнување на развојот на дигиталната економија, вклучувајќи регулаторни инструменти, истражување и партнерство со сите чинители.

и2010 е прва суштествена иницијатива која е преземена по обновената Лисабонска агенда. и2010 е обид да се зголеми ефикасноста на економијата преку пошироко користење на ИКТ. Иницијативата се базира на три столба:

  • Создавање на единствен Европски информациски простор (кој промовира отворен и конкурентен внатрешен пазар за информациското општество и медиумските сервиси);
  • Зголемен опсег на инвестиции во иновациите и истражувањата за ИКТ; и
  • Поттикнување на инклузијата