Иљја Толстој

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Иљја Толстој
Роден(а)мај 22, 1866(1866-05-22)
Јасна Полјана, Русија
Починал(а)декември 11, 1933(1933-12-11) (возр. 67)
Њу Хевен, Конектикат, САД
НационалностРусин
СопружникСофија Николаевна Философова
Надежда Климентиевна Катулскаја
ДецаАна Толстоја
Николај Толстој
Михаил Толстој
Андреј Толстој
Иљја Толстој
Владимир Толстој
Вера Толстоја
Кирил Толстој

Иљја Лвович Толстој (руски: Илья́ Льво́вич Толсто́й; 22 мај 1866 – 11 декември 1933) — руски писател и син на Лав Толстој.

Животопис[уреди | уреди извор]

Иљја Толстој е роден во Јасна Полјана, во близина на Тула. Тој живеел во Јасна Полјана се додека семејството не се преселило во Москва во 1881 година. Првично своето образование го започнал дома со неговата мајка, која го научила да чита и пишува. Прво научил руски, а потоа почнал да изучува и француски и англиски. Неговиот татко го учел математика, а подоцна грчки и латински. Тој и неговите браќа и сестри имале и приватни наставници - тутори.[1] Во 1881 година тој се запишал во приватна гимназија. Толстој планирал Иљја да учи во државно училиште, но подоцна го одбил тоа бидејќи не сакал да потпише изјава дека е верен на царот, постапка која била нормална во тоа време.[1]

Иљја го напуштил училиштето пред да дипломира и го започнал воениот рок. Во 1888 година тој се оженил со Софија Философова. После воениот рок тој работел како банкарски службеник, а подоцна во компанија за осигурување.

Во 1916 година тој ја напуштил Русија и патувал низ САД, каде пристигнал во месец декември. Тој патувал низ државата и држел предавања за неговиот татко и неговите дела.[2]

Умрел на 11 декември 1933 година во Њу Хевен, Конектикат, САД.[2]

Англиски изданија на негови книги[уреди | уреди извор]

  • Reminiscences of Tolstoy, Century Company, NY, 1914. from Google Books
  • Tolstoy, My Father; Reminiscences, Cowles Book Company, Chicago, 1971.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Reminiscences of Tolstoy, Century Company, NY, 1914.
  2. 2,0 2,1 „Count Tolstoy, 68, dies in New Haven“. New York Times. 13 December 1933. стр. 23. |access-date= бара |url= (help)

Поврзано[уреди | уреди извор]