Иљо војвода

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Иљо војвода“ — македонска епска народна песна, посветена на вистински историски лик - Дедо Иљо Малешевски.

Содржина[уреди | уреди извор]

Војводата Иљо прославува со своите подвизи низ планината Рила така што Турците го молат пашата да собере војници и да го зароби војводата. Пашата ја задоволува нивната молба и собира војска, но војниците го молат да не ги пушта во борба против Иљо војвода, велејќи дека тој е дете на Крале Марко.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 84-85.