Прејди на содржината

Ицо Најдовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ицо Најдовски ― австралиски научник и активист на македонската заедница во Австралија.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Најдовски Перин е роден во битолското село Оптичари. Во 1985 година ја напуштил Македонија и живеел во Мелбурн, Австралија. Таму веднаш се вклучил во македонското движење. На Универзитетот Викторија во Мелбурн (насока Историја и мултикултура), тој се здобил со неколку дипломи, а во 1997 година, тој магистрирал на тема: „Оспорен идентитет: Македонците во современа Австралија“. Тој е магистер по мултикултура и историја, а 22 години предавал македонски и англиски јазик јазик во повеќе средни училишта. Оценувач е на завршните испити на студентите по македонски јазик, во рамките на Министерството за образование на Викторија. Познат е по своите ставови против дејствата на владиката Петар во Австралиско-новозеландската епархија[1].

Библиогрфаија

[уреди | уреди извор]

Покрај магистерскиот труд Најдовски има истражувано во универзитетот Викторија, неколку години и ги има напишано следните научни трудови:

  • Одржување на Македонскиот јазик и македонската младина”,
  • Сопредба на три етнички групи: Македонците, Либанците и Холанѓаните”,
  • Првата Македонска генерација: Интеграција или асимилација”,
  • Македонците во Викторија

Докторирал на Институтот за национална историја, Македонија на тема: „Македонско - Австралиски Народен Сојуз (1946-1958)“.

  1. Аџиевски, Милан (22 јуни 2009). „Ицо Најдовски против владиката Петар“. Форум. Посетено на 2009-11-08.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]