Итар Пејо (книга)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Итар Пејо - збирка раскази за деца на македонскиот писател Стале Попов.

Содржина[уреди | уреди извор]

Книгата се состои од следниве раскази:[1]

  • Каков бил Итар Пејо
  • Облог
  • Итар Пејо момок у попот
  • Итар Пејо и гостилничарот
  • Итар Пејо, Мариовците и дождот
  • Мариовци-кршоборци
  • Итар Пејо му вади заб на селанец
  • Итар Пејо, Мариовците и маглата
  • Рибина чорба
  • Итар Пејо и Турчинот
  • Итар Пејо лекува селанец укасан од змија
  • Итар Пејо и владиката
  • Итар Пејо и стариот арамија
  • Итар Пејо и селаните риболовци
  • Итар Пејо, Мариовците и часовникот
  • Итар Пејо и горделивиот богаташки син
  • Итар Пејо и неговите шуреви
  • Итар Пејо и Насрадин-оџа
  • Итар Пејо и берберот
  • Итар Пејо, попот и алвата
  • Итар Пејо во берберницата
  • Итар Пејо - кадија
  • Итар Пејо го надмудрува „горниот“
  • Итар Пејо со туѓи чизми на оро
  • Итар Пејо не гледа ноќе
  • Итар Пејо кметува

Изданија[уреди | уреди извор]

Во 1980 година, книгата била објавена како заедничко издание на издавачките куќи „Мисла“, „Култура“, „Детска радост“, „Наша книга“ и „Македонска книга“. Книгата била задолжителна лектира за учениците од второ одделение според наставниот план на основните училишта во СР Македонија. Aвтор на илустрациите е Александар Каевски, нацртот на корицата го направил Коста Бојаџиевски, а книгата била испечатена во Графичкиот завод „Гоце Делчев“, во тираж од 20.000 примероци. На крајот на книгата се наоѓа поговор со наслов „Разговор за делото „Итар Пејо“ од Стале Попов“, дело на Елица и Атанас Николовски.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Стале Попов, Итар Пејо. Скопје: Мисла, Детска радост, Култура, Наша книга, Македонска книга, 1980.
  2. Стале Попов, Итар Пејо. Скопје: Мисла, Детска радост, Култура, Наша книга, Македонска книга, 1980.