Итар Пејо (нунатак)

Координати: 63°57′58″S 58°42′12″W / 63.96611° ЈГШ; 58.70333° ЗГД / -63.96611; -58.70333 (нунатак Итар Пејо)
Од Википедија — слободната енциклопедија
Итар Пејо во рамките на Антарктички Полуостров
Итар Пејо
Местоположба на нунатакот Итар Пејо во рамките на Антарктичкиот Полуостров

Итар Пејо (бугарски: нунатак Хитър Петър[1]) — чука од видот нунатак на Троичкиот Полуостров во Греамовата Земја на Антарктикот. Се издига 462 м над брегот на протокот Принц Густав, наспроти островот Алекторија и веднаш јужно од јазикот на Ејткинхедовиот Ледник.

Нунатакот е наречен по македонскиот народен јунак, мариовецот Итар Пејо, кој бугарската антарктичка комисија го наведува како бугарски.[2]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Нунатакот Итар Пејо се наоѓа 7,35 км североисточно од планината Робертс, 4,69 км југоисточно од Бејлиевиот и 4,35 км јужно од Тафтовиот Нунатак[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бугарски антарктички билтен)
  2. Hitar Petar Nunatak. SCAR Composite Antarctic Gazetteer.
  3. Троички Полуостров. Размер: 1:250000 топо. карта бр. 5697. Институт за применета геодезија (Германија) и Британски антарктички геодетски институт, 1996 г.

Карти[уреди | уреди извор]


63°57′58″S 58°42′12″W / 63.96611° ЈГШ; 58.70333° ЗГД / -63.96611; -58.70333 (нунатак Итар Пејо)