Италијанците добри луѓе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Италијанците добри луѓе (италијански: Italiani Brava Gente) - италијански филм од 1965 година во режија на Џузепе де Сантис (Giuseppe De Santis), кој е автор и на сценариото, заедно со Енио де Кончини (Ennio De Concini). Главните улоги ги толкуваат: Артур Кенеди, Жана Прохоренко и Рафаеле Пису.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Во летото 1941 година, Германија и нејзините европски сојузници го напаѓаат Советскиот Сојуз. Фашистичката Италија учествува во инвазијата. Првите возови со италијански војници пристигнуваат во Советскиот Сојуз за време на сезоната на жетвата на жито. Советската армија нагло се повлекува по првичниот силен германски напад. Новодојдените италијански војници се зачудени од големината на советската земја којашто изгледа како да нема крај. Војниците, исто така, забележуваат дека Советите се повлекле толку брзо, што многу полиња се сè уште неожнеани. Полињата со пченица, сончоглед и пченка сјаат како злато под силното летно сонце. Италијанците се обидуваат да се дружат со советските цивили кои ги среќаваат на различни места кога застануваат да се одморат по патот. Но, цивилите се исплашени од окупаторите. И со право, бидејќи германските трупи веќе поминале тероризирајќи го месното население. Италијанските војници дури се обидуваат и да ги споделат своите оброци храна со цивилите и се обидуваат да ги развеселат пеејќи им песни.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]