Италијански сос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Италијански сос
ВидСос за салата или маринада
Место на потеклоСАД
Главни состојкиВода, оцет или сок од лимон, масло од зеленчук, пиперка, шеќер или пченкарен сируп, билки и зачини.
ВаријантиСладок италијански

Италијанскиот сос — вид на сос како што e оцетот и најчесто се користи во кујните во САД и Канада, кој содржи вода, оцет или сок од лимон, масло од зеленчук, исецкана пиперка, најчесто шеќер или пченкарен сируп, билки и зачини вклучувајќи оригано, анасон, копар и сол. Кромидот и лукот можат да се користат за да го зајакнат вкусот на сосот. Најчесто може да се купи зготвен или може да се подготви со додавање на масло и оцет со кесичката сос во која има сушен зеленчик и зачини.

Северноамериканскиот тип на италијански сос не се користи во Италија, каде салатата најчесто се прелива со маслиново масло, оцет или со сок од лимон, сол, и понекогаш бибер, и не со претходно измешан оцет.[1] Италијанскиот сос исто се користи како миринада[2] за месо или зеленчук, за риба, и на сендвичи. Салатите од тестенини понекогаш вклучуваат италијански сос.[3] Калориски се разликуваат.[4] Најразлични италијански сосови, познати како кремасти, ги содржат истите состојки но со млечни производи и се додаваат за сосовите да бидат по густи и кремасти.[5]

Историја[уреди | уреди извор]

Северноамерикаснкиот вид на италијански сос е прикажан во 1941-тата година во Фрамингем, Масачутес. Флоренца Хана, ќерката на италијански имигранти и жена на сопственик на ресторан, Кен Хана, направил големи количини од нејизиниот семеен сос за салата во ресторанот. Ресторанот, познат под името Кафе 41 подоцна ја сменува локацијата и е познат под името Куќата на Кен. Сосот за салата подоцна станува многу популарен до тој степен што Кевин почнува да го подготвува и да го чува во големи бочви долу во неговиот подрум во ресторанот. Муштериите го предлагале сосот. Семејството Кровлеј, кој го имале бизнис во близина (фабрика) им предложиле на семејството на Хана да започнат производство на сосот во шишиња. Ова довело до тоа на крајот да има повеќе видови на сосот со најразлични вкусови.

Идејата за италијански сос за салата исто така бил служен во Канзас Сити, во ресторанот Wishbone, во почетокот на 1948 година. Wishbonе била отворена во 1945 година од Филип Соломи заедно со Лена Соломи, мајка на Филип. Италијанскиот сос се служел во  Wishbone врз основа на рецепт од сицилијанското семејство на Лена Соломи, која било мешавина од масло, оцет, билки и зачини. Барањето за сосот на салата се покажало толку големо што Филип започнал посебна операција за да го произведе на продажба, правејќи го за барел. На рецепт за сосот на крајот е купен од Lipton и е комерцијално направен од страна на еден сопственик , бидејќи со производот во моментов е направен од Pinnacle Foods, Inc.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Biba Caggiano (2002). Biba's Northern Italian Cooking. Penguin. стр. 188. ISBN 9781440623912. Посетено на 4 February 2016.
  2. Ernest A. Liner (2005). The Culinary Herpetologist. Bibliomania. стр. 147. ISBN 9781932871067. Посетено на 4 February 2016.
  3. Melissa Barlow (2009). 101 Things to Do with a Salad. Gibbs Smith. стр. 59. ISBN 9781423614357. Посетено на 4 February 2016.
  4. „Salad Dressing Calorie Counter“. CalorieLab. Посетено на 2012-05-07.[мртва врска]
  5. Y. H. Hui & Frank Sherkat (2005). Handbook of Food Science, Technology, and Engineering. CRC Press. стр. 139. ISBN 9781466507876. Посетено на 4 February 2016.