Италијански национален карантин во 2020 година

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Италијански национален карантин во 2020 година
Датум9 Март 2020 – денес
МестоИталија
Поводпандемија на коронавирус 2019–20
ЦелиДа се сопре ширењето на COVID-19 во Италија
НачиниПрегледни станици за причините за патување од една општина во друга, забрана на јавни настани, затварање на сите комерцијални и угостителски услуги, затварање на сите училишта и факултети до 3 април и други забрани.
ИсходОкулу 60 милјони граѓани во карантин (цела Италија)

На 9 март 2020 година, владата на Италија под премиерот Џузепе Конте воведе национален карантин, ограничувајќи го движењето на населението освен при неопходност, работа и здравствени околности како одговор на брзото ширење на COVID-19 во земјата. Дополнителните ограничувања на карантинот наложуваат привремено затворање на несуштински продавници и деловни активности. На ова му проследи претходното ограничување, објавено претходниот ден, кое зафати шеснаесет милиони луѓе и го вклучуваше регионот Ломбардија и четиринаесет провинции во регионите Емилија-Ромања, Венето, Пиемонте и Марке, а пред тоа, кон крајот на февруари, ограбичувањето опфати помал број, т.е единаесет општини во провинцијата Лоди.

Позадина[уреди | уреди извор]

По брзото ширење на коронавирусот од 2019 година што започна во Вухан, Хубеи, Кина, на 30 јануари 2020 година, италијанската влада ги потврди првите случаи на оваа болест во земјата, кога вирусот беше откриен кај двајца кинески туристи коишто ја посетиле Италија.[1] Третиот случај беше потврден на 7 февруари, при што пациентот беше Италијанец евакуиран од Вухан.[2] Бројот на потврдени случаи порасна на 21 февруари, кога заразата со оваа болест беше потврдена кај шеснаесет лица во Ломбардија и Венето.[3] По првите два смртни случаи на заболени од ворусов, неколку градови во Ломбардија се ставија под карантин поради големиот број заразени пациенти во регионот.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Прв карантин[уреди | уреди извор]

Карта на провинцијата Лоди што ги прикажува општините под карантин пред проширувањето на зоната

Првите воведувања на карантин започнаа околу 21 февруари 2020 година, опфаќајќи единаесет општини во ломбардијската провинција Лоди и зафатија околу 50.000 луѓе.[5] Епицентарот беше градот Кодоњо (16 000 луѓе), при што полициските автомобили ги блокираа патишта кои водат кон областите под карантин и подигнаа бариери на патиштата.[6] „Црвената зона“ (зона роса) под карантин првично беше спроведена од полицијата и карабињерите,[7] а на 27 февруари беше објавено дека 400 полицајци ја чуваат со 35 контролни станици. Вонредната состојба првично требаше да трае до 6 март. Иако на жителите им беше дозволено да ги напуштаат своите домови за да внесат материјали, како храна и лекови, им беше забрането да одат на училиште или на работа, а забранети беа и јавните собири.[8] Железничкиот транспорт, исто така, беше прекинат во регионот.[9]

Проширување во северните провинции[уреди | уреди извор]

Утрината на 8 март ден недела 2020 година, италијанскиот премиер Џузепе Конте најави проширување на карантинската зона со цел таа да опфати поголем дел од северна Италија, зафаќајќи над шеснаесет милиони луѓе, ограничувајќи го патувањето од, до и во погодените области, забранувајќи погреби и културни настани и барајќи од луѓето да држат барем еден метар растојание едни од други на јавни места како што се ресторани, храмови и супермаркети.[10] Конте подоцна на прес-конференција појасни дека одлуката не е „апсолутна забрана“ и дека луѓето сепак ќе можат да патуваат со возови и авиони до и од регионот при „оправдани работни потреби, вонредни состојби или здравствени причини“.[11] Покрај тоа, на туристите однадвор сè уште им беше дозволено да ја напуштат областа.[12]

Рестораните и кафичите сè уште можеа да работат, но работното време им беше ограничено од 6 до 18 часот, додека многу други јавни места како спортски сали, ноќни клубови, музеи и базени беа целосно затворени.[13] На бизнисите им беше наредено да спроведат „паметни работни процеси“ за да им овозможат на своите вработени да работат од дома.[14] Со Указот (Декрет), на сила од 3 април, дополнително им се откажаа сите отсуства на медицинските работници, а владата пак воведе парични казни или затворски, во траење до три месеци, за лицата фатени како излегуваат или влегуваат во погодената зона, без дозвола.[15] Со Указот, исто така се ограничија јавните собири на други места, низ цела Италија.[16] Со оваа одлука исто така беше укината и првичната „Црвена зона“ (иако општините останаа во рамките на карантираното подрачје).[17]

Мерките за национален карантин спроведени од страна на Италија се сметаат за најдрастична мерка спроведена против проширувањето на вирусот, надвор од мерките за национален карантин спроведени во Кина .[13] Во времето на донесување на декретот (Одлуката), во Италија биле потврдени над 5.800 случаи на коронавирус и 233 жртви.[15] Нацртот на Декретот, пред да влезе во сила, им беше претставен на медиумите доцна во саботата навечер, а истиот беше објавен и во весникот Кориере дела Сера,[18] што предизвика паника во рамките на областите под карантин и реакции од политичарите во регионот.[10] Ла Република објави дека стотици луѓе во Милано побрзаа да го напуштат градот со последните возови во саботата навечер, како дел од панично бегање од црвената зона.[19] Но, неколку часа по потпишувањето на Указот медиумите објавија дека имало релативно малку промени, а возовите и авионите сè уште редовно ќе се обраќале до и од регионот, а рестораните и кафичите ќе работеле нормално.[20] Би-Би-Си објави дека некои летови кон Милано продолжиле на 8 март, иако многу од нив биле откажани. Новите упатства против коронавирусот им ја префрлија одговорноста на локалните судови при одлучување дали авионскиот превоз треба да се прекине.

Области под карантин на 8 март
Провинции под карантин, 8 март[21]
Провинција Регион Население
Алесандрија Пиемонт 420,017
Асти Пиемонт 214.342
Бергамо Ломбардија 1.115.536
Бреша Ломбардија 1.265.954
Комо Ломбардија 599.204
Кремона Ломбардија 358.955
Леко Ломбардија 337.380
Лоди Ломбардија 230.198
Мантуа Ломбардија 411,958
Милано Ломбардија 3.263.206
Модена Емилија-Ромања 705.422
Монца и Бријанза Ломбардија 875.769
Новара Пиемонте 368.607
Падова Венето 938,957
Парма Емилија-Ромања 452.022
Павија Ломбардија 545.888
Песаро и Урбино Марке 358.886
Пјаченца Емилија-Ромања 287.152
Реџо Емилија Емилија-Ромања 531.891
Римини Емилија-Ромања 339.437
Сондрио Ломбардија 180.811
Тревизо Венето 888.229
Варезе Ломбардија 890.768
Венеција Венето 857.841
Вербано-Кусио-Осола Пиемонте 157.844
Верчели Пиемонте 170.229
Вкупно во карантин 16.466.636

Територијата под карантин, заклучно со 8 март 2020 година, го опфати целиот регион на Ломбардија, вклучувајќи и четиринаесет провинции во Пиемонте, Венето, Емилија-Ромања и Марке. Оваа територија, меѓудругото, ги вклучува градовите Милано и Венеција, а се состои од три одделни региони (регионот на Ломбардија, регионот на Венеција и останатата зона околу Сан Марино). Погодената област е населена со над шеснаесет милиони луѓе, околу една четвртина од италијанското население.[22] Областите под карантин зафатија површина од околу 56,000 километри квадратни[20]

Национално проширување на карантинот[уреди | уреди извор]

Вечерта на 9 март, карантинските мерки беа проширени во целата земја, стапувајќи на сила веќе од следниот ден. Во телевизиското обраќање, премиерот Конте објасни дека со ваквите мерки на владата на граѓаните ќе им се забрани да патуваат, освен ако тоа е нужно за вршење работа или при семејни вонредни состојби, а сите спортски настани ќе бидат откажани.[23] Италија беше првата земја што воведе национален карантин како одговор на појавата на коронавирус во 2020 година.[24]

Премиерот на Италија Џузепе Конте на 11 март објави дека ќе се воведат построги правила, со затворање на сите трговски и малопродажни бизниси, освен оние што обезбедуваат основни услуги, како прехранбени продавници и аптеки.[25]

Лујџи Ди Мајо, министерот за надворешни работи, изјави дека националниот карантин е неопходен за Италија.[26] Италијанските власти воведоа санкции за оние што нема да ги почитуваат одлуките, дури и оние кои со симптоми на вирус, се изложуваат на јавни места, ќе ги сметаат како закана за ширење зараза со намера.[27]

Ефект врз Македонија[уреди | уреди извор]

Проширувањето на вирусот COVID-19 во Македонија е непосредно поврзано со неговата појава во Италија. Првиот случај во Македонија, регистриран на 26 февруари е кај пациентка која се враќала од патување во Италија[28], а и сопружниците од Центар Жупа, со кои се поврзани речиси сите случаи во областа на Дебар/Центар Жупа, се повратници од Италија.[29]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Amante, Angelo; Pollina, Elvira (30 January 2020). „Two first coronavirus cases confirmed in Italy: prime minister“. Reuters (англиски). Посетено на 8 March 2020.
  2. Seckin, Baris (7 February 2020). „Italy reports third confirmed case of coronavirus“. Anadolu Agency. Посетено на 8 March 2020.
  3. „Factbox: Latest on coronavirus spreading in China and beyond“. Reuters (англиски). 21 February 2020. Посетено на 8 March 2020.
  4. Bruno, Luca; Winfield, Nicole (22 February 2020). „Italian towns on lockdown after 2 virus deaths, clusters“. CTV News. Посетено на 8 March 2020.
  5. Paul, Anna (25 February 2020). „What towns in Italy are on lockdown because of coronavirus?“. Metro (англиски). Посетено на 8 March 2020.
  6. Lowen, Mark (25 February 2020). „Lockdown in northern Italy as virus fears soar“. BBC News. Посетено на 8 March 2020.
  7. „Si chiude la "zona rossa": 43 varchi tra Lodi e Padova presiediati da 500 uomini“ [The "red zone" closes: 43 gates between Lodi and Padua presided over by 500 men]. La Stampa (италијански). 23 February 2020. Посетено на 8 March 2020.
  8. Johnson, Miles; Davide, Ghiglione (28 February 2020). „Italy under lockdown: 'My town is shocked and scared'. Financial Times. Посетено на 8 March 2020.
  9. Cighetti, Roberto (26 February 2020). „What Happens When Your Town Gets Put on Coronavirus Lockdown“. Vice News. Посетено на 8 March 2020.
  10. 10,0 10,1 Horowitz, Jason (8 March 2020). „Italy Locks Down Much of the Country's North Over the Coronavirus“. The New York Times. Посетено на 8 March 2020.
  11. „Fuga da Milano, centinaia in stazione per andare via prima che sia zona rossa“ [Escape from Milan, hundreds at the station to leave before it becomes a red zone]. Il Riformista (италијански). 8 March 2020. Посетено на 8 March 2020.
  12. D'Emilio, Frances; Charlton, Angela (8 March 2020). „Coronavirus outbreak: Italy, 2nd only to China in virus cases, announces sweeping quarantine“. Chicago Tribune. Посетено на 8 March 2020.
  13. 13,0 13,1 „Coronavirus: Northern Italy quarantines 16 million people“. BBC News. 8 March 2020. Посетено на 8 March 2020.
  14. „Italy imposes region-wide coronavirus quarantine in Lombardy“. Deutsche Welle. 8 March 2020. Посетено на 8 March 2020.
  15. 15,0 15,1 Davidson, Helen; Tondo, Lorenzo; Yu, Verna (8 March 2020). „Coronavirus: quarter of Italy's population put in quarantine as virus reaches Washington DC“. The Guardian. Посетено на 8 March 2020.
  16. Regan, Helen (8 March 2020). „Italy announces lockdown as global coronavirus cases surpass 105,000“. CNN. Посетено на 8 March 2020.
  17. Severgnini, Chiara (8 March 2020). „Coronavirus, Conte: "Ecco il decreto con le nuove misure, in vigore fino al 3 април" [Coronavirus, Conte: "Here is the decree with the new measures, in force until April 3"]. Corriere della Sera (италијански). Посетено на 8 March 2020.
  18. Giuffrida, Angela; Tondo, Lorenzo (8 March 2020). „Leaked coronavirus plan to quarantine 16m sparks chaos in Italy“. The Guardian. Посетено на 8 March 2020.
  19. Bertelli, Michele (8 March 2020). „Italy quarantines 16 million people over coronavirus fears“. Al Jazeera. Посетено на 8 March 2020.
  20. 20,0 20,1 Larsen, Ross; Speciale, Alessandro (8 March 2020). „Italy's drastic containment rules doesn't seem to have changed life much“. Bloomberg News. Посетено на 8 March 2020.
  21. „Coronavirus, chiusa la Lombardia e altre 11 province“ [Coronavirus, Lombardy and 11 other provinces closed]. La Repubblica (италијански). 7 March 2020. Посетено на 7 March 2020.
  22. Harlan, Chico; Pitrelli, Stefano (8 March 2020). „To contain coronavirus, Italy will restrict movement across much of its northern region, including the city of Milan“. Washington Post. Посетено на 8 March 2020.
  23. „All of Italy facing coronavirus lockdown“. BBC News. 9 March 2020. Посетено на 9 March 2020.
  24. Eric Sylvers; Giovanni Legorano (9 March 2020). „As Virus Spreads, Italy Locks Down Country“. Wall Street Journal. Посетено на 10 March 2020. Italy is the world's first country to place its entire territory under quarantine
  25. „Coronavirus, Conte: "In Italia fino al 25 март chiusi i negozi tranne alimentari e farmacie. Sui trasporti possibili riduzioni. Effetti tra 14 giorni" [Coronavirus, Conte: "In Italy until March 25, shops except food and pharmacies are closed. Possible reductions on transport. Effects for 14 days"]. La Repubblica (италијански). Посетено на 11 March 2020.
  26. Lowen, Mark (2020-03-12). „Italy says lockdown can work as deaths top 1,000“. BBC News. Посетено на 2020-03-12.
  27. Wallace, Danielle (12 March 2020). „Italy threatens fines, jail time for those not obeying coronavirus lockdown as death toll reaches 1,000+“. Fox News. Посетено на 13 March 2020.
  28. „Прв случај на заболен од коронавирус во Македонија“. А1он (англиски). 2020-02-26. Посетено на 2020-03-15.
  29. „Da Brescia alla Macedonia, due positivi al coronavirus“. Giornale di brescia (италијански). 2020-03-07. Посетено на 2020-03-15.