Италијански катепанат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Италијански катепанат
Покраина на Византија

965–1071
Главен град Бари
Историски период среден век
 -  Основана 965
 -  Норманско освојување на јужна Италија 1071
Денес во  Италија
Приближна територијална распостранетост на Италијанскиот Катепанат во почетокот на XI век.

Италијански катепанатпокраина на Византија, која го опфаќала јужниот дел од линијата од Монте Гаргано па се до Салернскиот Залив. Амалфи и Неапол, иако се северно од оваа линијa, биле лојални на Константинопол преку катепанот. Италијанската област Капитанита го добила своето име од зборот катепанат.

Историја[уреди | уреди извор]

По падот на Равенскиот егзархат во 751 година, Византија била отсутна од случувањата воо јужна Италија скоро цел век, но со крунисувањето на царит Василиј I (867–886) во Константинопол го сменил ова: од 868 година па натаму, византиската морнарица и византиските дипломатибиле вклучени во дејствија со кои требало да се обезбеди Јaдранското Море од сараценските грабежи, и да се возобнови византиското владение над Далмација, и да се прошири византикската контрола повторно над делови од Италија.[1] Како резултат на овие напори, Отранто бил ослободен од Сарацените во 873 година, и Бари преминал под византиска управа во 876 година.[2] Походите на способниот генерал Никифор Фока Постариот во средината на 880-ите јаза зацврстиле византиската контрола на поголемиот дел од Апулија и Калабрија.[3] Овие победио биле проследени и одржани од неговите наследници и ги поставиле темелите за повторно издигнување на Византија како сила во јужна Италија, што довело до создавањето на темата Лангобардија во 892 година. Областите Апулија Калабрија и Базиликата ќе останат цврсто под византиска власт се до 11 век.[4] Околу 965 година, била воспоставена нова управна единица Луканија, стратегот (воениот управник) на Бари бил издигнат на титула италијански катепан, вообичаено со ранка на патрициј. Ова издигнување на воената титула било потребно поради загубата на блиската тема Сицилија, претходен византиски посед, била освоена од арапите.

Неколку нормански авантуристи, кои биле на аџилак во светилиштето на Архангел Михаил во 1017 година, се придружиле во бунтот на лангобардските градови во Апулија против византијците. Од 1016 до 1030 година норманите биле платеници, кои служеле на Византија или пак на Лангобардите, и во моментот кога војводата Сергеј IV Непалски, го назначил нивниот водач Ранулф Дренгот за управник на тврдината Аверса во 1030 година, со што им дал цврсто упориште, тие започнале организирано да ја освојуваат земјата. Во 1030 година таму пристигнале и Вилијам и Дрого, двајцата постари синови на Танкред Готвиљски, ситен благородник од Кутанс , Нормандија. Двајцата се здружиле во организиран обид дај за соборат византиската власт во Апулија, јои изгубиле поголем дел од територијата на покраината до 1040 година. Бари бил освоен од норманите во април 1071 година, и византиската власт конечно завршила во Италија, пет векови по освојувањата на Јустинијан I. Византијците се вратиле накусо повторно во 1156 година при опсадата на Бари.

Титулата Катапан ана Апулија и Калабрија била повторно накусо воведена од страна на грофот Жилбер Гравински во 1166 година, роднина на кралицата регент Маргарета Наварска. Во 1167 година, со неговиот авторитет и титула катепан, Жилбер ги протерал германските војски од Кампанија со што го предизвикал Фредерик Барбароса да ја покрене опсадата на Анкона.

Катепани[уреди | уреди извор]

Период Катепанат
970 – 975 Михаил Абидел
982 Роман
982 – 985 Калокир Делфина
985 – 988 Роман
988 – 998 Јован Амиропул
998 – 1006 Грегориј Траханец
1006 – 1008 Алексиј Ксифија
1008 – 1010 Јован Курку
1010 – 1016 Василиј Месародонит
1017 Лав Торник Контолеон
1017 – 1028 Василиј Војоан
1028 – 1029 Христофор Бургар
1029 – 1032 Пот Аргир
1032 – 1033 Михаил Протоспатар
1033 – 1038 Константин Оп
1038–1039 Михаил Спондил
1039 – 1040 Никифор Докијан
1040 – 1041 Михаил Докијан
1041 Ексавгуст Војоан
1042 Синодијан
1042 Ѓорѓи Манијак
1042 Пард
1043 Василиј Теодорокан
1045 – 1046 Евстатиј Палатин
1046 Јован Рафаил
1051 – 1058 Аргириј
1060 Мирјарх
1060 - 1061 Марули
1061 – 1062 Сиријан
1063 – 1064 Абулхар
1064 Перен
1066 - Михаил Маврекс
1069 – 1070 Авартутел
1071 Стефан Патеран

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kreutz 1996, стр. 41–43.
  2. Kreutz 1996, стр. 57.
  3. Kreutz 1996, стр. 63.
  4. Kreutz 1996, стр. 63–66, 68.

Извори[уреди | уреди извор]